Уште ли се дискутира на темава?!? Мики друже ти да не си Јарец у хороскоп па инат да не те фатило а? :smir:
Ајде малце гледај факти, не само да тресеш безвезе! Размисли дека античките грци (не овие денешниве) имале поголемо знаење во сите полиња на науката него да речеме пола од луѓето што живееле на планетава земја у 9 век.... и зашто е тоа така? Пошто додека се развивала античката наука, немало некоја наметната монотеистичка религија туку имало политеистичка во која луѓето не биле присилени да веруваат и да и слугуваат, како што е случајот со христијанскава во горенаведениот период! Науката бележи т.н. блекаут токму во периодите кога со светов владеела црквата!
Толкувањево тие промашено во поим. Ај да обајснам зашто.
Во времето кога е основано христијанството, истото тоа христијанство веќе било опседнато и со други религии кои постоеле или пред него или паралелно со него. Вистината е сосема друга: никој не ги принудувал луѓето да бидат христијани освен ако тие тоа самите не го одбирале. Да не зборувам за гонењето на Црквата кое го имаат спроведувано римските цареви и кралеви, касапејќи ги првите генерации ид христијани. Ни тогаш ни сега,христијанската вера небила едниствена религија па ни тогаш ни сега луѓето не биле/се принудени да ја прифат. И пред 2000 г имаше будисти како што има и сега. Тоа што науката бележи „пад„ во изразито христијанскиот период, е уште едно погрешно толкување. Верата и науката немаат ништо заедничко, понајмалку нивното видување за смислата и целта од овој свет. Во времето од ренсансот и по него, вкупното христијанско видување за
иднината и крајоот од светот кој објективно ќе се случи, заменето е со идејата за
убавата иднина од утопистот Сен Симон. Тоа е еден досега невиден парадокс:
стварноста е заменат со идејата за стварноста! Одтогаш па наваму, почува подемот на науките. А колку се науките „хумани„ и добронамерни, го видовме во најкрвавите светски војни досега, кои се случија токму во времето на „највисоките„ знаења кои човекот ги достигнал. Кога Ајнштајн го испрактикува своето знаење за произведување на првата атомска бомба, тоа беше навистина „хуман„ потег од негова страна. Според тоа, дали една категориа е добра или лоша, најлесно може да се заклучи според плодовите кои таа категорија ги дава. Злото, барем според мене, не е добар плод од нечие однесување. А според тебе?
нема никакви докази за тоа, што значи дека не е вистина,
се додека не се докаже дека е вистина..
Или, имаш некои материјални докази за тоа што го кажуваш?
Хммммм...еве уште еден форумџија кој бара докази. Оние кои бараат докази, и да ги
видат, пак
нема да поверуваат па ќе бараат уште повеќе докази за веќе докажаното. Под поимот „вера„ се подразбира верувањето во невидено/неслушнато/искуствено непроверено. Во спротивно, верата би се нарекувала физика и хемија а не вера.
Само би потсетил на еден евангелси настан кога евреите, искушувајќи го Христам бараат од Него да им направи „чудо„ поради кое тие (можеби) и би поверувале дека Он е Месијата. Но Христос им одговара и вели:„Род прељубодејствен бара чуда„. И, секако, не им направил „чудо„, зашто нивните матни умови и на тоа „чудо„ не би поверувале, иако би го виделе „чудото„.