Зошто не тераат да учиме предмети што не ни се потребни за понатаму?

  • Креатор на темата Креатор на темата E*V*I*L~G*I*R*L
  • Време на започнување Време на започнување
Абе учевме Бурунди колку км патишта има, колку струја дневно троши Зимбабве...
Има, има беспотребни ствари во тоа образование. А за некого кој веќе се определил и предмети.
 
Ова прашање нон-стоп си го поставував до средно (гимназија).Многу се нервирав затоа што не поделија во смерови -природно математички, општ и јазичен-за џабе оти пак имаше во смеровите предмети шо не ни одат „од рака“ на сите.Нормално дека математичарите, физичарите и хемичарите одбраа математички смер - ама учеа и општи предмети. А ние на општи и јазичен смер учевме и природни науки.

Јас лично видов многу мака што учев нешта што не ме интересираат, нешта што не можев да замислам да седнам да ги учам ..... и најважно од се, што не ми требаат сега на факултет.Што значи за џабе кинев нерви и неспиев ноќе при помислата дека заради тие предмети постоеше можност да не ме примат на факултет каде што сакав.

Сега оставам да вас да кажете што мислите за ова прашање и дали со право се нервирав или без врска.:salut:
Да има непотребни според мене но нешто што тебе ти е непотребно на друг му е. Единствен начин тоа да си го решела е да на време си се запишала во средно училиште кое ти ги нуди точно предметите кои ги сакаш и кои би ти биле во корист за на факултет,НО на 14 години ретко кој знае што сака да студира а уште помалце да биде во животот,right?
Така да учиш се и потребно и непотребно и добиваш како и да е едно општо познавање на нештата што тоа не е во одмет на никој.
Да, јас сфаќам дека некои предмети авторите целосно се внеле во материјалот и пишувале буквално колку офци има во некоја земја но тоа е тоа. Или гледате како клас или генерација да прозборувате со професорот за кратење на материјалот и учење на побитните нешта или учиш се и си траеш. Јебига тоа е тоа.
 
Абе учевме Бурунди колку км патишта има, колку струја дневно троши Зимбабве...
Има, има беспотребни ствари во тоа образование. А за некого кој веќе се определил и предмети.

:pos: инаку нема петка географија, таков професор имав што ни даваше тестови на ниво на Југославија, се такви работи ни бараше. До пред некое време памтев дури и колку домати имало во 2000та година :pos:

И таман помислив еве на факс нема да учам непотребни работи или предмети и ми се скина филм, одма се сретнав со такви предмети.


Треба реформи во ова образование, од корен да се сменат нештата
 
За да професорите,наставниците и останатите земаат плата.Никој не ве прашува што е потребно...важно тие да си земаат плата...а некој да ја тупи главата...
 
секаде има по некој ептен непотребен предмет.
пример у прва година средно, компјутерска техника и автоматика, има музичко и ликовно.

наместо да се учат тие непотребни предмети, подобро би било тие часови да се искористат за некој корисен предмет (пример уште еден странски јазик, милион пати покорисно)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom