Националистите не се против наука и лаборатории, напротив тоа е еден од нивните врвни приоритети, гледано од призмата на твојата измешана тема каде мешаш поими. Национализам мешаш со лаборатории и наука, историја, мешаш политичко управување (фашизам најдоследно и најсвежо уредување во Германија со социјал-националистички реторики)
Човек кој не е свесен за своето минато, историја, идентитет неможе да чекори напред. Врз што тој ќе ја базира својата амбиција за градење на својата личност??? Не зборам само за национален идентитет, туку за идентитет на поединецот во секаква смисла.
Национализмот во неговата чиста форма (не оној оцрнетиот од Хитлер) и моредниот национализам се стреми за етнички чисти држави, држава за секоја нација, каде сите ке се развиваат меѓусебно независно едни од други, со умерен конзерватизам за да тоа прерасне во борба за докажување помеѓу народите. Така збореше и Гоце Делчев на времето.
П.С. Темава инаку не заслужува внимание затоа што е отворена без размислување и од збунета личност која меша поими !!!
Заслужува внимание...кој си ти да кажуваш дали заслужува или не??? Веројатно во воведниот пост се мисли зошто да се вложуваар средства во величање на историја на сметка на подобрување на условите за живот и напредокот...
1.Етнички чисти држави не постојат и нема да постојат.
Нема начин (апсурдноста да ја прескокниме) тоа да се оствари освен со физичка елиминација на оние “другите“ или нивно насилно протерување.
2.Во случај секоја групација која е дефинирана како народ а такви има околу 6000 на планетава треба да има држава тогаш фалат околу 5800...
3.Идентитетот на поединецот и на државата се два сосема различни поими и не се споредуваат. За градење личен идентитен потребно е време,искуство,конфронтација со многу ситуации низ кои човек врви низ животот,читање,надоградба и се она низ кое се врви во живеачката а кое остава печат и ја формира една личност.
Државата од друга страна е измислена заедница дефинирана во одредени географски рамки со даночен систем,вертикална хиерархија,законодавна и извршна власт и све она кое по некоја дефиниција спаѓа под тој поим.
Историјата на сите држави е ванаби морална супериорност...и секако лажна и пишувана и адаптирана по потреба на властите...но и како извор за гордост на рајата која во одсуство на реални задоволства голта истории...
4.Своите амбиции човек ги гради врз потребите,интересите,соништата,можностите,карактерот,психолошките состојби и многу други фактори а не дека сака да стане дел од супер-нацијата на мадафакери (јапан-камикази, германија-фридрих велики, франција-наполеон,норвешка-викинзите,унгарија-атила...


)
5.Во денешно време да се зборува за развивање на некакви нации независно едни од други е враќање во ерата на средниот век...во време кога едно накашлување на вол-стрит или во токио се манифестира со тоа што некој во радовиш,гњилане,сплит,билбао или чељабинск изгубил работа или ќе треба да плаќа повеќе за некој производ...е ло-бо-то-ми-ја...
Може го допираме дното на европа,на сите полиња сме феил и сиромаштијата се наголемува но сето тоа губи од значење кога ќе се отвори книга,вклучи тв или радио и од таму ќе не информираат дека сме биле до Индија ееееј до Индија бе...