Зошто национализам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Viki Cheda
  • Време на започнување Време на започнување

Viki Cheda

This is bat country!!!
Член од
25 февруари 2010
Мислења
24
Поени од реакции
1
Зошто не симбиоза и заеднички напори за подобрување на општеството? Зошто да се фокусираме на развитокот само на нашата(вашата) нација наместо да посакуваме општо добро за целата човечка популација? Зошто ИСТОРИЈА а не НАУКА? Зошто СПОМЕНИЦИ а не ЛАБОРАТОРИИ?
P.S. Би сакал да ве замолам, без коментари од типот "Па тоа е утопија". Размислувајте, аргументирајте и не се нервирајте. Не напаѓам никого, само ме интересира(а верувам и вам).

--- надополнето ---

P.S. Можеби веќе ја имате сретнато темава, добра заинтересираност ,но беше избришана без никакво предупредување...
 
Ја нема затоа шо води кон почитички дискусии ... а има подфорум и за Историја и тема за Споменици .. а политика е забранета ...
патем можеше да отвориш тема „Соживот, хармонија, напредок“ без да спомнуваш Споменици и национализам ... овака читано меѓуредови на сите ни е јасно каде ќе отиде муабетот ...
 
Неаргументиран коментар: Па тоа е утопија.
Квазиаргументиран коментар: Утопија е зашто така не функционира човекот. Ако не изедеш, ќе бидеш изеден. Ако место оружје направиш лабораторија, тој другиот со оружје ќе дојде, ќе те убие, и ќе ти ја земе лабораторијата. Тажно е, да, ама јас порадо би земал оружје да си го бранам она што ми е драго од хиените отколку да си ја трескам главата од ѕид и да плачам зошто хиените не сакаат да живееме во слога. Башка, слога и југомагнат синдромот најчесто поминува во средните 20-ти, кога марихуаната веќе здосадува.
 
Зошто не симбиоза и заеднички напори за подобрување на општеството? Зошто да се фокусираме на развитокот само на нашата(вашата) нација наместо да посакуваме општо добро за целата човечка популација? Зошто ИСТОРИЈА а не НАУКА? Зошто СПОМЕНИЦИ а не ЛАБОРАТОРИИ?
P.S. Би сакал да ве замолам, без коментари од типот "Па тоа е утопија". Размислувајте, аргументирајте и не се нервирајте. Не напаѓам никого, само ме интересира(а верувам и вам).

--- надополнето ---

P.S. Можеби веќе ја имате сретнато темава, добра заинтересираност ,но беше избришана без никакво предупредување...

Националистите не се против наука и лаборатории, напротив тоа е еден од нивните врвни приоритети, гледано од призмата на твојата измешана тема каде мешаш поими. Национализам мешаш со лаборатории и наука, историја, мешаш политичко управување (фашизам најдоследно и најсвежо уредување во Германија со социјал-националистички реторики)

Човек кој не е свесен за своето минато, историја, идентитет неможе да чекори напред. Врз што тој ќе ја базира својата амбиција за градење на својата личност??? Не зборам само за национален идентитет, туку за идентитет на поединецот во секаква смисла.
Национализмот во неговата чиста форма (не оној оцрнетиот од Хитлер) и моредниот национализам се стреми за етнички чисти држави, држава за секоја нација, каде сите ке се развиваат меѓусебно независно едни од други, со умерен конзерватизам за да тоа прерасне во борба за докажување помеѓу народите. Така збореше и Гоце Делчев на времето. :)

П.С. Темава инаку не заслужува внимание затоа што е отворена без размислување и од збунета личност која меша поими !!!
 
Кога човекот би бил со ист ум, тогаш се поставува прашањето кој ум би требало да го има. Али овој да се фати за оружјето, али да се зафати за подобрување на општеството. Оттука во неможност да реши кој ум е подобар, настанало грабање на умови, при што украдени биле повеќе умови кои сметале дека треба да се фатат за оружје. Така и настанале прашањата кои ти си ги поставил, а произлегле од оние кои што останале без умови кои сметале дека треба да се фатат за оружје, па морале да се помират земајќи ги умовите кои сметале дека треба да се зафататт кон подобрување на општеството.
 
Националистите не се против наука и лаборатории, напротив тоа е еден од нивните врвни приоритети, гледано од призмата на твојата измешана тема каде мешаш поими. Национализам мешаш со лаборатории и наука, историја, мешаш политичко управување (фашизам најдоследно и најсвежо уредување во Германија со социјал-националистички реторики)

Човек кој не е свесен за своето минато, историја, идентитет неможе да чекори напред. Врз што тој ќе ја базира својата амбиција за градење на својата личност??? Не зборам само за национален идентитет, туку за идентитет на поединецот во секаква смисла.
Национализмот во неговата чиста форма (не оној оцрнетиот од Хитлер) и моредниот национализам се стреми за етнички чисти држави, држава за секоја нација, каде сите ке се развиваат меѓусебно независно едни од други, со умерен конзерватизам за да тоа прерасне во борба за докажување помеѓу народите. Така збореше и Гоце Делчев на времето. :)

П.С. Темава инаку не заслужува внимание затоа што е отворена без размислување и од збунета личност која меша поими !!!

За градење на каква личност сесе стеснува видикот и се занемарува се друго во спреми секој народ? Зар не е подобра и попродуктивна цел градење на подобро општество и зачувување на природата?

Кога сме кај Гоцета Делчев, ми дојде идеја за нова тема (Натпревар vs. Симбиоза). Каква е таа опсесија за докажување кој народ е подобар, супериорен (јас тука гледам фашизам а не во мојот вовед на темата).

Не мешам поими, туку само ги набројувам поимите и институциите кои се најчесто спомнувани во една националистичка држава. Како што кажав не напаѓам туку само прашувам така да очекувам да не бидам напаѓан.

Мое мислење е дека крајна и единствена цел на една националистичка држава а и на секој националист е борба за личните интереси со што се стеснува видикот и се занемарува се друго во светот. Доколку се елиминира национализмот, веднаш се елиминираат националните претензии, војни за превласт и било какви препук увања во областа на историјата кои исто така водат до конфликт.
 
патем да се дополнам ... многу површно поставена тема ... провокаторски ...
јас да го прашам отворачот ..
Зошто не и Историја и Наука? а зошто пак Историјата како наука ја одвојуваш и ја ставаш како предзнак за национализам ? зар сите кои изучуваат и кои си ја знаат историјата се националисти односно според тебе треба да бидат?
и зошто не и Споменици и Лабаратории? зар сите оние кои имаат и градат/деле споменици се националисти?
стварно онака тема без тежина никаква .. според твои убедувања неиздржани ..
 
Во право си exlexmk. Избрзав. Можда заради тоа што цело време сум сведок на расправии кои најчесто потекнуваат од областа на историјата, па ми се има створено таа моја одбивност кон историјата. Тоа што навистина сакав да го потенцирам е дека историјата треба да се изучува за да учиме од грешките кои сме ги правеле во минатото, а не да се восхитуваме. Пр. Нил Армстронг прв стапна на месечината 1969 година. Па што - одиме на марс!!! (Малку не наместо пример но мислам дека ме разбравте...).
 
Националистите не се против наука и лаборатории, напротив тоа е еден од нивните врвни приоритети, гледано од призмата на твојата измешана тема каде мешаш поими. Национализам мешаш со лаборатории и наука, историја, мешаш политичко управување (фашизам најдоследно и најсвежо уредување во Германија со социјал-националистички реторики)

Човек кој не е свесен за своето минато, историја, идентитет неможе да чекори напред. Врз што тој ќе ја базира својата амбиција за градење на својата личност??? Не зборам само за национален идентитет, туку за идентитет на поединецот во секаква смисла.
Национализмот во неговата чиста форма (не оној оцрнетиот од Хитлер) и моредниот национализам се стреми за етнички чисти држави, држава за секоја нација, каде сите ке се развиваат меѓусебно независно едни од други, со умерен конзерватизам за да тоа прерасне во борба за докажување помеѓу народите. Така збореше и Гоце Делчев на времето. :)

П.С. Темава инаку не заслужува внимание затоа што е отворена без размислување и од збунета личност која меша поими !!!

Заслужува внимание...кој си ти да кажуваш дали заслужува или не??? Веројатно во воведниот пост се мисли зошто да се вложуваар средства во величање на историја на сметка на подобрување на условите за живот и напредокот...

1.Етнички чисти држави не постојат и нема да постојат.
Нема начин (апсурдноста да ја прескокниме) тоа да се оствари освен со физичка елиминација на оние “другите“ или нивно насилно протерување.
2.Во случај секоја групација која е дефинирана како народ а такви има околу 6000 на планетава треба да има држава тогаш фалат околу 5800...
3.Идентитетот на поединецот и на државата се два сосема различни поими и не се споредуваат. За градење личен идентитен потребно е време,искуство,конфронтација со многу ситуации низ кои човек врви низ животот,читање,надоградба и се она низ кое се врви во живеачката а кое остава печат и ја формира една личност.
Државата од друга страна е измислена заедница дефинирана во одредени географски рамки со даночен систем,вертикална хиерархија,законодавна и извршна власт и све она кое по некоја дефиниција спаѓа под тој поим.
Историјата на сите држави е ванаби морална супериорност...и секако лажна и пишувана и адаптирана по потреба на властите...но и како извор за гордост на рајата која во одсуство на реални задоволства голта истории...
4.Своите амбиции човек ги гради врз потребите,интересите,соништата,можностите,карактерот,психолошките состојби и многу други фактори а не дека сака да стане дел од супер-нацијата на мадафакери (јапан-камикази, германија-фридрих велики, франција-наполеон,норвешка-викинзите,унгарија-атила...:tapp::drk:)
5.Во денешно време да се зборува за развивање на некакви нации независно едни од други е враќање во ерата на средниот век...во време кога едно накашлување на вол-стрит или во токио се манифестира со тоа што некој во радовиш,гњилане,сплит,билбао или чељабинск изгубил работа или ќе треба да плаќа повеќе за некој производ...е ло-бо-то-ми-ја...

Може го допираме дното на европа,на сите полиња сме феил и сиромаштијата се наголемува но сето тоа губи од значење кога ќе се отвори книга,вклучи тв или радио и од таму ќе не информираат дека сме биле до Индија ееееј до Индија бе...
 
Пр. Нил Армстронг прв стапна на месечината 1969 година. Па што - одиме на марс!!! (Малку не наместо пример но мислам дека ме разбравте...).
Мислиш дека тоа е направено за доброто на човештвото? Простено, нејќеш историја, ама фино е да знаеш дека ова се случило во време на најголемо к*ромерење меѓу САД и СССР. Превод - Нил сакал да каже дека неговиот е поголем од оној на Јури. Разлистај ја толку омразената историја, ќе дознаеш дека најголемите технолошки напредоци започнале како идеја за подобро убивање на непријателот.
 
Зошто не симбиоза и заеднички напори за подобрување на општеството? Зошто да се фокусираме на развитокот само на нашата(вашата) нација наместо да посакуваме општо добро за целата човечка популација? Зошто ИСТОРИЈА а не НАУКА? Зошто СПОМЕНИЦИ а не ЛАБОРАТОРИИ?
P.S. Би сакал да ве замолам, без коментари од типот "Па тоа е утопија". Размислувајте, аргументирајте и не се нервирајте. Не напаѓам никого, само ме интересира(а верувам и вам).

Затоа што човекот е себично суштество... затоа што луѓето се по дифолт ксенофобични (друг јазик, друга култура, друга религија, поголеми/помали нации, побогати/посиромашни нации, расни разлики... а луѓето се плашат од разлики), затоа што луѓето исто така се полни со завист, затоа што луѓето се преполни со стереотипи...
Доволно?
 
Мислиш дека тоа е направено за доброто на човештвото? Простено, нејќеш историја, ама фино е да знаеш дека ова се случило во време на најголемо к*ромерење меѓу САД и СССР. Превод - Нил сакал да каже дека неговиот е поголем од оној на Јури. Разлистај ја толку омразената историја, ќе дознаеш дека најголемите технолошки напредоци започнале како идеја за подобро убивање на непријателот.

Свесен сум за тоа, но не ја доловов поентата доволно добро. Сакав да кажам дека наместо да му изградиме споменик на Нил Армстронг, да продолжиме понатаму, да го искористиме знаењето за месечината, услови и шо ти јас знам и да продолжиме понатаму. Истата прикаска и со Александар Македонски. Наместо да го величаме (мада заслужува да биде величан) и да креваме споменик т.е. да докажеме кој има поголеми мадиња (со проштење) да прочепкаме низ историјата и да видиме за што се залагал човекот, и ако е за општото добро на човештвото - да го продолжиме бе, само не по пат на војна.
Верувам дека третина од македонските ултранационалисти не знаат за што се залагал Александре. Не за голема Македонија, туку за ЕДИНСТВО на сите народите, свет БЕЗ ГРАНИЦИ.
 
зошто мислиш дека не знаеле .. односно не знае Македонскиот народ ..
и кој се патем тие пак сега УЛТРАнационалисти? колку се 5-10-50-100души?
 
Затоа што човекот е себично суштество... затоа што луѓето се по дифолт ксенофобични (друг јазик, друга култура, друга религија, поголеми/помали нации, побогати/посиромашни нации, расни разлики... а луѓето се плашат од разлики), затоа што луѓето исто така се полни со завист, затоа што луѓето се преполни со стереотипи...
Доволно?

Амин...

--- надополнето ---

зошто мислиш дека не знаеле .. односно не знае Македонскиот народ ..
и кој се патем тие пак сега УЛТРАнационалисти? колку се 5-10-50-100души?

Не знам колку се, но ги има. Имам еден таков во мојата фамилија, и околу 200 во прилепскиот бизнис центар... Не реков дека не знае целиот македонски народ. Мислам дека со проблемот со нашиот сосед, многу голем дел од населението се запозна со историјата на македонскиот народ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom