- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Морам да го ставам овој клип овде, одлично би се вклопил. Го има на уште една тема, но во друг контекст.Повод за темава ми беше вечерашнава емисија Чуму, па искрено ме интересира мислењето на широката КАЈГАНО-ФОРУМЏИСКА популација.
Во време кога политичарите многу малку размислуваат за младите, кога скоро ништо не се прави за нив.И кога инстутцијата која постои за да прави нешто за младите (мислам на Агенцијата за млади и спорт) ништо не презема....Што мислите зошто мислите зошто молчат младите?
И што треба да се преземе да се смени ова ситуација?
Имајќи ги на ум протестите на студентите кои се случија пред кратко време во франција.
Мислам дека мораме да престанеме да го прифаќаме минималното како доволно. Кога ќе почнеме да се цениме како луѓе, тогаш ќе успееме да се побуниме против сите овие работи кои типов ги наброја. :back:

Најпрво, ќе ти кажам дека навистина го почитувам твојот напор, како и напорот на сите оние кои се` вложиле себеси во тој настан. Но, не заборавај дека и јас сум оратор, така што многу убаво можам да забележам кога некој го пишувал говорот 15 минути пред настап... Ајде сега ти мене кажи ми, зошто сум јас должна да ги слушам фрустрациите на ,,Колку е тешко да се напише говор"...? Не заборавајте дека го искомпромитиравте победникот на ораторска вечер... практично маме му и*авте... Или, не мораше тој вундеркиндот со фудбалот, рекламите и религијата, да плагијатизира цитат од Zeitgheist што цело Скопје го изгледало... Значи, иако "ваши сопствени", дел од говорите беа "ваши препишани". Како да ви се` даде да пишувате слободни говори на правен, кога сто години по ред, изгледа како истите да ги пишувал предпубертетлија? Тоа е причината заради која не ви беа дозволени слободни говори. Секаде е бирократија. Лижавче-типот е цар! Е заради него, не жалам што дојдов:wub:. Но - покрај говор, тој имаше и способности... Без навреда, но тоа го немавте повеќето од вас. Во врска со негативната енергија со која ме наполнивте... Во еден говор слушнав, дека на студентски прашања се` умирало по 6 дена... Епа ако сакате со бројче и термин ко на преглед, можете да го предложите тоа на факс. Не сте 20 души, се` работи за шта ти знам таму колку луѓе што чекаат да се запишат. Не е само да се` плука на сите останати, без да се` тргне од себеси. Утре, вие ќе бидете тие што ќе стојат построени таму, знаете зошто? Затоа што нема едноумие, нема прогресивна мисла, туку има само кукање... А јас, бидејќи сум матурантка, не можам да создадам раздор, како што можеш се надевам, да согледаш.:back: