Зошто младите молчат?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што комунизмот не направи еднолична маса на безкичмењаци овци и шпиони еден на друг. А оние другине добија ол инклузив летување на Голи Оток. И најдобар совет што ќе го добиеш е-Носи си вазелин може ќе ти притреба. Со потсмев се гледало и уште се гледа на сите амбициозни, визионери и луѓе со идеи. Седи бе мочко еден ти знаеш, е втемелен израз во устите на секој пионер пред Коперација што од локалните мештани е сметан за авторитет.

Колку за споредба видете во Франција што се случува кога на студентите ќе им дигнат партиципација или слично.
 
Зш молачат ...
затоа што и тие како и нивните родители се полни со страв од непознато, полни со предрасуди и други гомнарии
затоа што уште од мали ги учат секогаш да го исмејуваат она што не го разбираат

бла бла бла ....
бла бла бла....
и бескрајно многу причини а само еден заклучок НИЕ СМЕ КРИВИ ЗА СЕ !!!!!!!!!
 
Млaдите (а тоа сме ние) се повеќе и повеќе молчат.

Јас имам чувство дека сме паднати во една длабока кома, никогаш не сме биле толку тивки, и ќе ни треба долго време да се разбудиме.

Никој ништо не прави, никој ништо не презема. Никој не се обидува да направи барем малку за својата околина, за местото во кое живее-а како што сме млади треба да сакаме да го дадеме максимумот од себе.

Не треба да направиме востание, не треба да направиме бунт.

Дајте да преземеме нешто, да бидеме носители на нешто што ќе донесе подобро. Да работиме на промени. Што знам јас мислам дека еден ден ќе бидеме горди дека и една мала промена настанала по наша иницијатива или по наша вина.

Вака само тишина...
 
Затоа што се така навикнати.

Зашто си викаат: “Ај сеа зашто да се замарам“ или “И да пробам џабе ми е“.

Зашто се водат според изреката: Ќути си,трај си и мислат дека ако седиш мадро,нема да поминеш модро.

И мислат дека ќе бидат казнети ако проговорат.зашто имаат страв во коски.

Чест на исклучоци.
 
И мислат дека ќе бидат казнети ако проговорат.зашто имаат страв во коски.

Абе не би рекол дека се плашат. Диктатура нема. Нема кој да ги казни.

Од друга страна од толку многу работи се плашат, а сепак ги прават.
А и не мора да говорат за лоши работи, добрите идеи добро ќе ни дојдат.

Јас мислам дека мрзата и немотивираноста се клучниот момент.
 
Да,да тие и те како играат улога + инертноста и ладнокрвноста.Како и тоталната незаинтересираност на дел од младите.

Но,сепак стојам на ставот дека и стравот функционира.Можеби нема диктатура сега,но тоа се пренело од генерација на генерација.
А знаеме во СФРЈ како било,тој страв е пренесувал понатака и длабоко негде се наоѓа и денес во потсвеста на младите.
 
Еден прост пример, може?

Колку пати во школо ти било страв да избегаш, па пак си го направила тоа.
Ни беше страв во школо да организираме протест, но да не одиме на часови го направивме тоа.

Јас мислам дека кај младите не постои трошка страв.

Јас мислам дека младите не гледаат некоја конкрена цел која би им била вистинска мотивација за да го кренат својот глас. Преокупирани од толку многу работи некако забораваат на нивната друга улога во општеството со која се обврзани како што земаат од него, со исто и да му враќаат.

Од друга страна, ај да баталиме говор во негативна смисла, што е тогаш со позитивните работи и подигање на гласот во позитивна смисла?
 
Значи за стравот зборев повеќе во поглобална смисла.Не мислев на некои одредени помали групи.:)
Ако гледаме така,има луѓе кои се плашат да му се спротистават на професорот затоа што им е страв да не го фати на пик.:wink:

А како што реков,се согласувам дефинтивно со тебе.Реков и во првиот мој пост во темата.

Зашто се навикнати да молчат,затоа што не се замараат,не ги интересира.
Односно,слушам (барем јас сум слушала) постојано кукање,како ова не чинело,она нечинело,а никој не се ни труди да направи да биде подобро од младите.

Како да не ги интересира својата иднина и иднината на нивните деца.

Сепак останувам на ставот дека покрај сето ова,некаде длабоко во потсвеста постои страв.
 
Бидејки немаат искуство за да зборат. =)
 
Студенти во светот сила, кај нас тесто

текстов подолу е на Време и е во контекст на темава отворена од City

Студентите се претворија во безгласни букви и во конформисти и се длабоко навлезени во политиката. За разлика од нив, пак, европските и студентите од регионот секојдневно му покажуваат на светот што значи студентско движење и единство. Кај нас, пак, тие се окупирани со дневна политика и гледаат на што полесен начин и побрзо да дипломираат и со помош на политичките партии или на пријателски врски да се вработат во прогресивна фирма, а по можност и во државна институција. Затоа никој од нив не размислува дека студентското движење е, всушност, најголемата критична маса во едно општество. Според експертите, македонските студенти немо, без отпор и без критички суд, ги прифаќаат сите појави и одлуки. Кога Бернар Кушнер, шеф на француската дипломатија, неодамна изјави дека Македонија не треба да очекува либерализација на визниот режим се додека не го реши спорот со името, студентите речиси останаа без глас. Експертите укажуваат дека доколку ваквата изјава беше дадена во некоја друга земја во Европа, сите студенти ќе излезеа на улица и гласно ќе кажеа дека сакаат да патуваат, а не да бидат затворени во гето. - Кај нас студентите се колатерална штета на транзицијата. Ним повеќе им одговара да очекуваат од родителите и од другите, отколку јавно да се борат за своите права. На Правниот факултет има кутија за поплаки и за пофалби, која веќе четири години јас лично ја проверувам и секогаш е празна. Тоа значи дека ништо не им фали на студентите, или, пак, нешто не е во ред со нивниот поредок “ вели професор Ѓорѓи Иванов од Правниот факултет „Јустинијан Први“. Тој смета дека овој проблем има многу длабоки корени и е комплексна тема и феномен, кој е вграден во генетскиот код на Македонците, кои низ историјата секогаш чекале другите да им помагаат и не се труделе многу да ги променат работите колку и да им било тешко. Самоил Малчевски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, вели дека ситуацијата е таква затоа што во изминативе 60 години студентските организации биле инструмент на политичкото влијание на власта. Тој истакна дека во понеделник во 12 часот ќе се одржи трибина на која се поканети сите амбасадори во Македонија кои доаѓаат од земјите на шенген-зоната со кои ќе зборуваат за проблемот за визите. И студентите, помалку или повеќе, се свесни за својата пасивност и за тоа дека иако можат, сепак не дејствуваат, па дури ни кога им се кршат правата и слободите. - Сите ние постојано се жалиме и кажуваме што не чини, а не преземаме никакви чекори да го промениме тоа. Мислам дека проблемот е во тоа што уште од мали нозе, во кругот на семејството и низ школувањето сме воспитувани да не им се спротивставуваме на авторитетите. Оваа пасивност на студентите е проблем откако постои студентски живот во Македонија - објаснува Зоран Василевски, студент на постдипломски студии на Правниот факултет. Македонските студенти немаат можност да патуваат низ Европа, не учествуваат во системот на размена на студенти, поради што не можат активно да градат свои ставови и да бидат похрабри во дејствувањето. - Во светот, младите работат на проекти, шетаат низ светот и стануваат дел од критичката мисла која го гради јавното мислење. Можеби нашите студенти не можат да учат во западноевропските држави, ама може да патуваат во Србија, Хрватска, во Босна и Херцеговина - рече Билјана Петровска- Митрева, асистент на студиите по новинарство.

Светските лидери - студентски водачи

Во светската историја студентите отсекогаш биле главната движечка сила. Студентските протести од 1968 година кои почнаа од Париз, а се проширија низ цела Европа, го променија целокупниот светски поредок. И поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Јошка Фишер, учествувал во овие протести.
Хавиер Солана, претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, додека студирал, бил член на студентските движења во неговата родна Шпанија.
Бил Клинтон, поранешниот претседател на САД, како студент бил учесник во протестите против воената интервенција на неговата земја во Виетнам.

линк
 
погледнете се само погледнете се во огледало па после кажете кој сте и што сте првин започнете од вашето комформистичко однесување по дома во друштво во школо на факултет на работа па после дојдете и зборувајте колку пати сме биле обесправени па сме си ќутеле не само другите туку ти и ја
ние сме народ со менталитет на робови тоа што вредело одамна се иселило во некоја друга држава тука се само самобендисани и егоистични створови кои си мрчат муда по форумов колку иам слушнато за протести ама никој нема муда за тоа или не дај боже да организира протест зошто не се организира кајгана протест или администраторите не организираат ќе ви кажам зошто неаме муда полесно ние да си земеме партиско книвче и да си ќутиме и да се надеваме за подобро утре и искрено си го заслужуваме ова
 
Против што да протестираме??
 
Има една позната изрека што верувам дека сите ја знаете.. Ако се сака се се може... Но во некои ситуации секако ти колку и да сакаш нешто тоа неможе да се оствари... Но има такви работи кои што зо збори и без штрајк и што уште не можат да се решат.. Како на пример.. Со ова штрајковиве на професорите што беа на нас ни се враќа лошо.. Сите професори ни закажаа тестови ден за ден.. Се согласивме цело школо и претседателите од сите класови се собраа кај директорот и му ја објаснија ситуацијата.. Не ислуша и ни рече.. ’’ Вие не сте компјутерите.. Не можете да постигнете.. Во една недела смеете најмногу два теста да имате.. Ако некој професор ви рече дека не му е гајле пратете го кај мене јас ќе му објаснам..’’ така се помина ок.. А тие ученици од останатите училишта што се бунеа и ’’штрајкуваа’’ ништо не постигнаа.. Со ова сватив дека не само во училиштата.. Туку и општо секаде.. тие што се ’’главните’’ не знаат што се случува за да превземат нешто... Воедно и додека танцував... Од агенцијата за млади и спорт нејќеја да го признаат танцувањето ( мислам на латино американски и стандардни танци) како спорт.. зошто? Затоа што за нив тоа не придонесувало никаков напредок ни развиток во државата.. Подоцна сите клубови а особено мојот работевме интензивно и успеавме да им докажеме дека сепак танцувањето е едно од најважните спортови што напредуваат во државата.. Собравме многу пофалници, медаљи, пехари од останатите држави.. Со танцувањето успеавме да го направиме тој светски рекорд во матурски танц во согласност со уште неколку земји.. После сето тоа тие се согласија да го признаат и танцувањето како спорт...

Поентата ми беше.. дека никој не молчи.. Само ретко кој знае да се изрази на вистинскиот начин...
 
Зошто студентите молчат?! А што треба да зборат?
 
Против што да протестираме??

Зошто студентите молчат?! А што треба да зборат?
да бе стварно, си тече мед и млеко во државава, шо ќе ни се протести, шо ќе ни е кревање на глас...

алал да ви е, прост народ, силна држава, безгласни студенти, влада која може да си остварува се што ќе замисли...

мх, мх, убајни...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom