Зошто македонската музичка сцена е тапа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Онаа од Битола е добра. Мислам, не ми се свиѓа таква музика, али тоа што сака да го прави, тоа што треба да го прави, го прави како што е интенцијата, намерата и намената (или барем може да се каже - ко што треба, во споредба со други македонски имиња).
 
Глупости е тоа ако мислиш на онаа Prince$$ Donatsu. Нафрлано реченици безвезе и тоа за некој е уметност, нешто најдобро.

Имало сто пати подобри песни од тоа ама нема промоција за тоа добра по телевизииве кој сеуште се моќен медиум Е тоа е најголемиот проблем. Нема една добра емисија на телевизија кај што ќе слушнеш во живо пеење, свирење. Единствени кај што можеби повеќе се дава простор на македонската музика се Стисни плеј и Фолк Џубок на МРТ 1. На други емисии утринските ако отстапат пола час за да се промовира нешто ново.и тоа пред крај на утринската за да ја завршат со музика.

За радио станициве не знам не ги слушам премногу.
 
Последно уредено:
Глупости е тоа ако мислиш на онаа Prince$$ Donatsu. Нафрлано реченици безвезе и тоа за некој е уметност, нешто најдобро.

Имало сто пати подобри песни од тоа
Оти еднодимензионално конзумираш музика?
 
Можда ке звучам преглупо, ама ова звучи сто пати подобро од моменталната т. н. рап сцена на Балканот. Плус девојкава пее со природен глас, а не со оној дебилен
 
Чекајте малку другари... Оваа со песната за Битола стварно мисли дека направила озбилна песна или е само обичен трол? Ако е трол не е којзнае колку интересна. Али ако не е мене ова ми е рамно на Гулабица или Глоријан...
 
2boy7j.jpg
 
Веројатно нешто измеѓу. Провери ги текстовите на сите популарни trap и mumble rap песни и ќе видиш дека имаат уште поглупи текстови. На тоа се палат децава сега, јебига.
 
Покатастрофално е што се палат на музика на ликови кои во некое нормално место би биле сместени во лудница
 
Ако денешниве деца се палат на ваква музика јас уште денес ќе почнам петиција за враќање на Елвир Мекиќ на естрадата. Тоа барем беше срање ама во рамки на нормалата. :D
 
Зошто луѓето мислат дека македонската музичка сцена е тапа?

Знаеш зошто?
Зошто нема оригиналност и се е бледа копија.
Во овој случај, бледа копија на Clarence Clarity.

Исто, нашиов трап ти е бледа копија но тоа е тоа кога овој правец е лимитиран за разлика од рапот на пример каде имавме автентичен и оригинален звук како оној на САФ, Чиста Околина и Темната Страна (исто и лириката/тематиката). Моментално и рап сцената е само бледа копија на тој звук од САФ т.е. DJ Гоце (семплови од македонски шлагери) + flow то Бажеј од STR2. Има и по некој Слаткаристика flow но тие се битни како ланскиот снег.

Општо, не се твори ради поривот за изразување туку сите си мислат дека ќе се стекнат со слава и богатство или да привлечат внимание. Затоа се е бледа копија или изгледа како слабо сработено, недовршено.

Едино, гитарските музики во Македонија немаат потфрлено (мислам на андерот) мада и тие некако стивнаа.
 
Последно уредено:
Како бе да не биде тапа нашата сцена?
Па до пред 3-4 години главни ѕвезди низ градот беа српските турбофолкери. Пушташ телевизија, ѕвезде гранда и малите ѕвездички.
Сега пак е од Србија, ама е Раста. Тој ти е нешто трап/турбофолк...неможе ни сам да се одлучи.
Нашата сцена е отидена во курац...долго време слушам мак-рап, и како што е сега катастрофално, буквално никогаш не било...а има дупло повеќе артисти.
Долго време бев фан на Легијата, ама момците се како молив, колку и да го оштриш, исти резултат дава.
За поп музиката не ни пробувам да коментирам затоа што освен песна-две годишно, другото не е вредно да се чуе.
 
Ама за тоа не се криви Србите. Сами ние ги носиме, наместо да ги форсираме домашните, барем тие што ги имаме малкуте останати и добри.
 
Ама за тоа не се криви Србите. Сами ние ги носиме, наместо да ги форсираме домашните, барем тие што ги имаме малкуте останати и добри.

Кои наши?
Кои останати?
Кој би направил незаборавен концерт?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom