Зошто Македонците знаат српски, а Србите не знаат македонски?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ја идем у Белград неколкупати годишно и не ми се десило да не ме разберат кога зборувам на Македонски!
Сеа ако се погоди некој патриот се прави дека не разбира, ама па со него и немам потреба да разговарам!
 
Што ни пренесуваат старите жити све? Ме тераа да учим српски дома ? А првото и второто држи вода ..
Добро тоа врз наз помладите не влијае али влијае врз постарите ... тоа е муабетот
 
Што ни пренесуваат старите жити све? Ме тераа да учим српски дома ? А првото и второто држи вода ..
можеби погрешно се изразив. не велам дека ме терале да учам српски. тука и таму ќе вметнат некој збор и од љубопитност ќе научиш :) додека бев помал нон-стоп прашував што значи ова што значи она (зборови што сум ги слушнал на тв или некој што рекол) и тие ми кажувааа :) доколку не знаеа тие српски најверојатно немаше ни јас да научам српски
 
Ми доаѓаат дома гости од Србија на два три дена, цело време разговараме јас на македонски они на српски. Другиот ден доаѓаат зетот и еден другар кај мене и се трудат да зборуваат српски. Ги прашувам што се трудат за џабе, кога ниту зборат српски како што треба а и овие разбираат македонски, ми викаат добро бе брат што има везе. Да ги удриш сите со мокра чорапа, божем еве ние знаеме странски јазик.
Кога ќе видам пак кај некој во CV напишал дека знае српски,хрватски,босански , а да отиде во Радовиш нема да се разбере.
 
1. Пеачите тоа го прават поради умилкување и обид да се пробијат на тој некој нивен музички пазар.
2. Повозрасните генерации се растени во тоа време кога во поранешната држава официјален јазик бил српско - хрватскиот.
3. Со луѓе кои сум зборел а се срби или хрвати за македонскиот јазик некои викаат дека им е потежок дури и од словенскиот тешко го разбираат, а и они се прашуваат зашто не си збориме на македонски.
4. Младите тоа го прават од помодарство, вадат сленгови од филмови, од комуникација со пријатели и другари па ги вметнуваат во нашиов јазик, во последно време често се слушаат следниве зборови; Јаоо брате, мајке ми, где си мацане.

Инаку од главата си патиме, секогаш туѓото им е поинтересно за жал.
 
Играм online игри, со македонци ама и со други балканци, па секој ден барем по 5 часа минувам во разговор со срби. Јас и другарите зборуваме македонски, тие си зборуваат српски. Никаков проблем, никакво недоразбрање, еве веќе година ипол. Значи твое е ако сакаш да покажеш добра воља и зборуваш српски, бидејќи предходно знаеш. Инаку погоре се спомнати и словенците, тие (мислат) дека се нешто посебни, па не верувам дека ќе сакаат да те разберат и на српски и на македонски, во комуникација со двајца словенци, јас секогаш користев англиски. Инаку влијанието кое го имала Србија во поранешната република оставило преголем печат, нешто што не ми се допаѓа воопшто. Друга е ситуацијата ако отидеш во Србија и сакаш да купиш нешто па таму некое дете родено после 1990 не те разбере, тогаш реално е да проговориш српски, за да ја постигнеш бараната цел. Ова е веројатно и единствен случај во кој јас би зборувал српски со некого, а ништо чудно и тогаш да се обидам прво со англиски. Не сакам да бидам позер патриот, но ако знам дека ќе ме разберат на македонски, едноставно си зборувам македонски, полесно ми е, ем си можам бе.
 
Дејан Миличевиќ зборува македонски и тоа многу поправилно од лигавите водителки.
Не е проблем што знаеме српски, проблем е што не знаеме македонски.

Пригоден поздрав до мајките и татковците што учеле српски во школо :)

 
Пред неколку години кога бев на одмор Црна Гора со моите татко ми праеше муабет со една србинка (постара жена). Баш и за ова збораја и та го прашва татко ми дали јас знам српски, а овај и вели дека не знам и ја прашва неа дали та знај македонски. Одговорот беше дека не знај. После то, србинката вели треба да учат и во Македонија српски, не само македонски. Татко ми на то и враќа, Ти не знајш македонски, зошто син ми знај српски, во Србија не учат македонски, зошто во Македонија да учат српски. Остана без зборој србинката и смена тема за муабет.
 
Пошто они се МАКЕДОНЦИ со говорна мана затоа може да ги разбереме,а они се тешат дека не се македонци па неќат да не разберат т.е се прават на тошо..
 
Се дури постои турбо фолк нема да имаме проблем да се разбериме со братучедите од север.
Летоска во Прилеп јачеше цело лето на плоштад жива свирка со репертоарот од Здравко Чолиќ, Наташа Беквалац, Бјело Дугме, Харис Џиновиќ итн, итн.
Да не зборувам кога ќе има караоке вечер што се случува кај мене во селово.
 
Еве ја идем у Белград неколкупати годишно и не ми се десило да не ме разберат кога зборувам на Македонски!
Сеа ако се погоди некој патриот се прави дека не разбира, ама па со него и немам потреба да разговарам!
Освен, ако ги прашаш оти се караат(во ситуација де), е тогаш е малце незгодно.
 
Поинтелегентни сме, и разбираме српски, босански, црногорски... Неретко и Хрватски. Ајде сега, сите во CV-то да си пополните.

Инаку тие дудуци се. То е, судбина. Шо да му прајме шо не се родиле (паметни) во Македонија.
 
Ние разбираме не само српски, туку и бугарски и хрватски, сите сродни дијалекти освен словенечкиот :) фраери сме тоа е тоа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom