Ја сакам Македонија, затоа што тука сонцето најубаво и најтопло грее, затоа што единствено тука сме свои на своето.
Ја сакам Македонија затоа што тука природата била најдобриот креатор, ни ги подарила прекрасните планини, најубавите езера, реки, клисури,,,
Ја сакам Македонија заради најубавата кујна, долгата традиција, фолклор,
Ја сакам Македонија заради топлото гостопримството,заради мирољубивоста и челичните нерви на Македонците.
Ја сакам Македонија затоа што единствено за нас важат други правила и прописи, од целиот свет, единствено од нас се бара да си извршиме колективно самоубиство.
Ја сакам Македонија затоа што оние што немаат сопствена историја, ја крадат нашата и ја прикажуваат како своја, оние што немаат свој фолклор, традиција, песни, игри, ги крадат нашите и ги прикажуваат како свои, затоа што сите сакаат дел од оваа Македонија, а таа им припаѓа единствено на Македонците.
Ја сакам Македонија затоа што го имавме Тоше, за 100 години Бугарите ќе тврдат дека бил Бугарин, за 300 години Албанците ќе вадат статистики дека бил Албанец, за 500 години Грците ќе го направат Грк, за 1000 години Македонците нема да смеат да му подигнат споменик се со цел да не ги нарушат добрососедските односи со ‘‘милите‘‘ ни соседи.
Ја сакам МАКЕДОНИЈА, затоа што таа е мојата единствена земја, каде што се чувствувам дома.
