Зошто ја сакаме Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
зашо си ја сакам Македонија..? хмм... тука и на никое друго место јас можам да си го најдам мојот душевен мир... Тука сум роден, тука научив да одам, да говорам и да сакам. Ги поминах најубавите години и имам доживеано моменти за кој би дал дел од животот само да се вратат тие убави моменти и да ги ижживеам пак. Тука ми се сите најблиски и сите тие шо ги сакам. Нема ништо поубаво од тава да кажам и да знам оти сум ДОМА! И да, последниот пат ко си бев дома направих нешто за кое може некој да ме изваде нетаман: у едно шамивче имам грутка земја од нашиот двор. Некојпат ко ме фака носталгија колку и да е чудно мене ми е доволно да ја погледнам та грутка за пак да си најдам некој вид на спокојство.. Емотивно сум поврзан кон тие такви работи. Има оште работи за кои би пишувал ама са ке оставам на другите да кажат...
 
Ја сакам Македонија, затоа што тука сонцето најубаво и најтопло грее, затоа што единствено тука сме свои на своето.
Ја сакам Македонија затоа што тука природата била најдобриот креатор, ни ги подарила прекрасните планини, најубавите езера, реки, клисури,,,
Ја сакам Македонија заради најубавата кујна, долгата традиција, фолклор,
Ја сакам Македонија заради топлото гостопримството,заради мирољубивоста и челичните нерви на Македонците.
Ја сакам Македонија затоа што единствено за нас важат други правила и прописи, од целиот свет, единствено од нас се бара да си извршиме колективно самоубиство.
Ја сакам Македонија затоа што оние што немаат сопствена историја, ја крадат нашата и ја прикажуваат како своја, оние што немаат свој фолклор, традиција, песни, игри, ги крадат нашите и ги прикажуваат како свои, затоа што сите сакаат дел од оваа Македонија, а таа им припаѓа единствено на Македонците.
Ја сакам Македонија затоа што го имавме Тоше, за 100 години Бугарите ќе тврдат дека бил Бугарин, за 300 години Албанците ќе вадат статистики дека бил Албанец, за 500 години Грците ќе го направат Грк, за 1000 години Македонците нема да смеат да му подигнат споменик се со цел да не ги нарушат добрососедските односи со ‘‘милите‘‘ ни соседи.
Ја сакам МАКЕДОНИЈА, затоа што таа е мојата единствена земја, каде што се чувствувам дома.:love:
 
Ја сакам Македонија затоа што само во Македонија сум свој на своето :)... секаде на друго место би бил засекогаш странец какво год државјансво да имам :)
 
Ти се случува магија кога го конзумираш она чисто македонското... доцен пролет,планина горе,чист воздух,ширина со разновидни бои,долу лозници,гостопримливи старци,селско сирење со препечен леб...плус сето тоа со комбинација mp 3 (порано вокмен) а на плеј група Анастасија...:)
 
Ради нашето национално богатство, еднаш се раѓа ваква жена!
AA3B5953F7567C40B3BFD022E188F4CA.jpg
 
marama. Те очекувам да пишеш :love:

Златен :love:

Ја сакам Македонија зошто само ваму можам да се почутсвувам слободно отколку во било која друга земја.
Ја сакам бидејки овде ми се пријателите и членот кој го цитирав.
Ја сакам бидејки цената за базент не е скапа како во другите земји.:pipi:
Ја сакам бидејки овде има Атлантис а во земјите во кои сум била нема.

И така.
Кога ке се сетам ке надополнам.
 
Се е навика,доколку сум се родил во Аргентина,и таму би живееел до сега,би мислел дека таа е најубавата држава.Но не од што е навистина прекрасно,туку од што не сум се тргнал подалеку од Балканот,и не сум видел ништо друго,освен оваа бедна но полна со гордост држава наречена МАКЕДОНИЈА.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom