Зошто ја сакаме Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Divider мојта идна невеста така ќе ја наќитам. Со везеници од срма, злато и сребро. Да знаа у каква куќа флева...

А зашо ја сакам Македонија. Јас си го сакам роднио крај. Оти нема нигде како него. Излезам по сред село, на сите стари чест напраам, сите ми врнат со арен маабет. Зашо ми идат на маала ненајавено. Зашо одам на маала ненајавено. Заради орото на Велигден. Заради курбано на Митровден. Заради Ѓурѓовден, и селскио празник. Заради вечерата у црквата пред Ѓурѓовден. Заради случајни Роми со труби, и за 100 денара ќе ти ја напраат вечерта незаборавна. Заради евтината скара. Заради варејнето ракија како празник на маалата. Заради колејне свинче, празник за со другарите... Заради ного нешта си го сакам родното место.
--- надополнето: 31 јануари 2013 во 14:54 ---
Се е навика,доколку сум се родил во Аргентина,и таму би живееел до сега,би мислел дека таа е најубавата држава.Но не од што е навистина прекрасно,туку од што не сум се тргнал подалеку од Балканот,и не сум видел ништо друго,освен оваа бедна но полна со гордост држава наречена МАКЕДОНИЈА.
Види саа, јас имам пријатели и низ Бугарија. И они не си ја обожават баш државата и државнио апарат, ама како родно место, и како територија Бугарија е ного убава земја. Има големи рамници, има големи планини, има неверојатни села, местенца, езерца..
Бугарија не са шопјата од софија... И најпријателски ти се молам, да не јадеш трици барем за политика тука. Оти не е темата политичко, географска...
За модераторите, не се праам шеф. Едноставно дообјаснувам.
 
Еве зошто ја сакам Македонија.

539222_418912128186605_661399671_n.jpg

Ја сакам затоа што мојата земја е убаина што со пари не се купува !!

550320_415369165207568_1239457048_n.jpg

Ах нема ништо поубаво од оваа наша мила Македонија ! Ја сакам Македонија <3
 
ја сакам заради луѓето, добри и лоши, мили и ладно крвни, ја сакам затоа што е недопрена, чиста полна со богаства, ја сакам заради убавиот живот, мирниот живот, не ти треба мнопгу за да поминиш добро.
 
Vibam od muabetov na Luki Junior mi se pripi rakija, prijadoa cvarki, taze, pa vince, krv crveno, ko makedonska dusa crno, so svinjce da se smee i od maslo da pee na razen....Moma da igrae, srce da se radua...pa u plevna da ja zas'nak'cam...na pauz amegju pijajne i jadejne.

M A K E D O N I J A
 
А зашо ја сакам Македонија. Јас си го сакам роднио крај. Оти нема нигде како него. Излезам по сред село, на сите стари чест напраам, сите ми врнат со арен маабет. Зашо ми идат на маала ненајавено. Зашо одам на маала ненајавено. Заради орото на Велигден. Заради курбано на Митровден. Заради Ѓурѓовден, и селскио празник. Заради вечерата у црквата пред Ѓурѓовден. Заради случајни Роми со труби, и за 100 денара ќе ти ја напраат вечерта незаборавна. Заради евтината скара. Заради варејнето ракија како празник на маалата. Заради колејне свинче, празник за со другарите... Заради ного нешта си го сакам родното место.
Ако продужиш овака да пишуеш на форумов, кај и да е, го шиткам станот и се селам у твое село.
 
Највеќе ради тоа што тука сум се родил и израснал,ради роднините и пријателите :) Другите работи не ми се ништо посебни за да ја сакам,али чуството на припадност кон нешто не се менува.
 
Vibam od muabetov na Luki Junior mi se pripi rakija, prijadoa cvarki, taze, pa vince, krv crveno, ko makedonska dusa crno, so svinjce da se smee i od maslo da pee na razen....Moma da igrae, srce da se radua...pa u plevna da ja zas'nak'cam...na pauz amegju pijajne i jadejne.

M A K E D O N I J A

Еми, и мен ме фана стрв од мојте пишаници. Па си извадих 2 цревца домашни кабаски, ставих ги да се пржат. И додека се спржија замезих се со ливерпулската и малко туршија... Било је незаборавно... И сега ми мириса на домашна прженица.... За мерак....

Ако продужиш овака да пишуеш на форумов, кај и да е, го шиткам станот и се селам у твое село.
У секое село е така за и около празниците. И сегде са малко поразлични адетите..
Доволно е за секој празник дека шо има курбан, да си пикираш местенце и да идеш.... Супер ќе си поминеш меѓу народо. Плус ного е здраво да си апнеш црковна/манастирска манџа... Тај шмек на варена манџа на отворен огин, нема го на ниедно друго место.. Милион пати сам правил јагнешка/овчка/телешка/свинска манџа, миљон пати сам јадел на различни места таква манџа, ама никој пат, никој пат не сам го погодил вкусо како од манастирска/црковна манџа. Едноставно друг е самио ментален склоп коа ја јадеш. А такво нешто не добиваш ни у најекслкузивен ресторант у свето.
 
Одлично ова све. Нема збор.
Поентата ми е, дека неќам ја за празник да идам тамо, него сакам да почнам да го живеам тоа.
 
Еми ајде, со 50 000 евра ем куќа ем ниви + трактор ќе си купеш и кое било село у Источна Македонија. И ќе го живееш мачнио селски живот. Ама идат денове, коа ќе празнуваш и ќе си блиско до народо. :)
 
Заради највкусната храна на свет.
И затоа што од рандом чоек да побараш цигара на улица, ќе ти дае и ќе ти напраи муабет плус :)
 
Divider мојта идна невеста така ќе ја наќитам. Со везеници од срма, злато и сребро. Да знаа у каква куќа флева...

А зашо ја сакам Македонија. Јас си го сакам роднио крај. Оти нема нигде како него. Излезам по сред село, на сите стари чест напраам, сите ми врнат со арен маабет. Зашо ми идат на маала ненајавено. Зашо одам на маала ненајавено. Заради орото на Велигден. Заради курбано на Митровден. Заради Ѓурѓовден, и селскио празник. Заради вечерата у црквата пред Ѓурѓовден. Заради случајни Роми со труби, и за 100 денара ќе ти ја напраат вечерта незаборавна. Заради евтината скара. Заради варејнето ракија како празник на маалата. Заради колејне свинче, празник за со другарите... Заради ного нешта си го сакам родното место.
--- надополнето: 31 јануари 2013 во 14:54 ---

Види саа, јас имам пријатели и низ Бугарија. И они не си ја обожават баш државата и државнио апарат, ама како родно место, и како територија Бугарија е ного убава земја. Има големи рамници, има големи планини, има неверојатни села, местенца, езерца..
Бугарија не са шопјата од софија... И најпријателски ти се молам, да не јадеш трици барем за политика тука. Оти не е темата политичко, географска...
За модераторите, не се праам шеф. Едноставно дообјаснувам.
Друже јас сум роден и живеам во Македонија,таа е мојата татковина.А што се однесува за Бугарија,ја обожавам.Ама исто ти се фаќа,и едната и другата,на исто цивилизациско ниво се и двете.
 
Така е. Не викам оти има некакви цивилизациски разлики. И у Бугарија сам бил по села и празници, па ме е аресало и орото, веселбата и дружбата. Зборо ми е, не е политичка тематиката тука, а просто убавината на едно место како место, одделена од политичката конотација. (y)(y)
 
Без народ земјата е само колекција на топоними.
За да ја сакаш земјата треба да го сакаш народот кој живее на неа.
Сакам... според мене е многу јак збор и не треба човек туку така да се расфрла со него.
Знам па после сакам оди во мојот речник.
 
Ради платата од 200 евра што ја зема скоро 80 % посто од Македонија,ради оваа паралела на робовладетелско општество кај што ти даваат за да можеш да преживееш само.Поради тоа што газдите те гледаат само како алатка за правење пари и како потрошен материјал.Ја сакам оваа Македонија поради тоа што јас морам да штедам цела година за да можам да отидам на одмор,а Данцеот или Германецот си земаат само една нивна плата и одат каде сакаат.

Ja сакам оваа држава пошто кога отидов во Близу да сменам пакет,вработената ми рече дека имало нови програми со добри филмови,ама сите биле на албански превод(како што ми рече јас сигурно сум знаел англиски и немало да ми биде проблем).

Преубаво ми е кога вчера отворив огласник и видов како деца од по 24 години бараат било каква работа за многу мал паричен надоместок. Многу ми е убаво кога гледам другари кои не си ја гледаат иднината во оваа дупка,и само гребат за да излезат да отидат некаде,ама неможе пошто се Македонци.

Ја сакам пошто веќе во Европа и во светот не не гледаат како нација,туку не гледаат како ефтина работна сила.Ги обожавам странските инвестиции кои доаѓаат тука и нудат плата од 8.600 денари месечно.

Го сакам Грујо ради неговата апсолутна власт од косач на трева во општина,се до владика у црква.Го сакам мостот на уметниците(или како и да се викаше) и навечер кога ќе поминам морници ме лазат од страв некој да не ми прозбори.

Во срце го чувам и Бранко и сите транзициски босови,во овој дел од срцето ја чувам и Рада,Бендевска,човекот што фали да се кандидира уште за Мистер на Македонија Тито Петковски,Јани Макрадули ултрасот на МЗТ,ама понекогаш и на Работнички.

Не ја сакам,не ми дала мене Македонија ништо,ми дала само црнила и тежок живот. Се повеќе криминалци,лажговци,преваранти околу мене.Ама ги разбирам,ова општество македонски дури и офцата ја претвори во волк.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom