- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
И според мене не.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали некрстеното (починато) бебе оди во пеколот? Молам одговор од сите „страни“ во спорот.
Како „изгледаат„ добрите луѓе? По што можам да ги препознаам во однос на „останатите„? Што се тоа „добри„ луѓе?
Децата се крстат од мали затоа што според христијанските верувања(на црквата некрстената душа неможе да оди во рајот. А за тоа дали потоа детето ќе верува во тоа или не тоа е негова работа која ќе ја реши кога ќе почне да размислува за верата
Децата се крстат од мали затоа што според христијанските верувања(на црквата некрстената душа неможе да оди во рајот.
Дозволи ми да те поправам. Тоа што го велиш не е според христијанското верување, туку според православното верување. Тука има голема разлика. Според христијанското верување некрстените бебиња одат дирекно во Божјото Царство (Рајот).
kovach, дали ти навистина веруваш дека Праведниот Бог фрлил и сеуште фрла милиони невини бебенца во вечниот оган само затоа што не биле попрскани од некој чичко со брада и црна мантија?
Дали знаеш колку бебенца умреле при самото пораѓање и не добиле "шанса" да се попрскаат?
Дали Праведниот Бог, Оној Кој се објавува како Бог на љубовта, ги фрлил и ги фрла сите овие милиони бебенца во вечниот оган?
Дионисиј не кажал такво нешто, туку вие православните велите дека тој "кажал" такво нешто, додека пак самите апостоли, лично и персонално, во Светото Боговдахновено Писмо велат нешто поинаку:
"Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?”
А Филип рече: „Ако веруваш од се срце - можеш.”
(Дела на апостолите 8:37, Светото Писмо)
Дали едно бебенце може да верува во Исус?
"И така, се крстија оние, кои го прифатија неговото слово."
(Дела на апостолите 2:41, Светото Писмо)
Дали бебенцата го прифатиле неговото слово?
Итн. Значи од јасно појасно е дека Библијата учи дека на крштевањето му предходи вера во Исус Христос и дека без тоа бесмислено е некој да биде крстен. Крштевање на бебиња може да си најдете само во православните набаждарени и измислени приказни, но не и во реалната историја, а најмалку пак во Светото Писмо.
Значи ли тоа дека кумот ќе одговара пред Господ за моите гревови...оти ако може да го прими зборот дека го прифаќам Исус изгледа ќе може и се друго...жирант...жирант дај шта даш..Вториот пример само го потврдува кумството, затоа што кумот е тој од кој се прима зборот дека верува, за детето да може да биде крстено.
Децата се крстат од мали затоа што според христијанските верувања(на црквата некрстената душа неможе да оди во рајот.
Значи ли тоа дека кумот ќе одговара пред Господ за моите гревови...оти ако може да го прими зборот дека го прифаќам Исус изгледа ќе може и се друго...жирант жирант дај шта даш..
Ако некрстените бебчиња одат у пеколот, тогаш вие верувате у Ѓавол, а не во Господ.
Мислиш ли дека христијанин се станува само со чинот на кршевање...сечењето коса во леген вода и дувнувањето(на светиот дух!!) на здив полн со ракија не се предуслов дека си христијанин..треба многу повеќе од тоа треба да го прифатиш Исус за спасител да го прифатиш словото и да се покаеш..три основни работи кои ни сто кума неможат да го сторат во твое име..чудата на Исус немат допирни точки со тоа...и што ти значат тие кретенски смајли после секој пост....Kумот се обврзува дека ќе те поучува во верата и дека духовно ќе те воспитува. Доколку тоа не го направи, ќе одговара за тој грев. Но долколку, детето кога ќе порасне, свсесно почне своеволно да греши, самото ќе си одговара за своите гревови. Од кумот само ќе се бара сметка за обврската која ја превзел.
А и не знам што толку се буниш за кршетнието, кога Господ по туѓа вера правел и поголеми чуда - воскреснувал мртви (сети се на Лазар, на пример). И како можете да бидете толку себично - да можете вие, возрасните, да станете чеда Божји - христијани, а тоа да им го забранувате на децата кои се 100 000 000.... пати почиссти од вас???![]()