Маран Ата, во Библијата не е спомнато ниту едно бебе кое било крстено, а ти можеш да вадиш догми од молк до утре сабајле и да му ставаш твои зборови во устата на Бог, ама тоа нема да ја промени Библиската вистина.
Во Библијата не е кажано дека Бог има три лица, дека е Света Троица, ама така веруваме затоа што тоа е учење кое произлегува од Библијата, не според буквата, туку според духот.
Во Библијата никаде не е кажано дека Бог Отецот Е ЕДИНОСУШТЕН (омоусиос) со Бог Синот, ама така веруваме затоа што тоа е учење кое произлегува од Библијата, не според буквата, туку според духот.
Во Библијата никаде не е кажано дека Богородица, св.ап. Павле, св.ап.Петар, св.ап.Јован и останатите, се упокоиле, но сепак знаеме дека е така по Предание и според историјата...
Но во Библијата јасно е кажано дека луѓето се покрстувале со ЦЕЛИТЕ свои семејства, а не верувам, по секоја здрава логика, дека во сите тие семејства немало ниту едно дете. А ти ако сакаш, држи се како слеп за стап за словото кое умртвува...
Еден мој пријател еднаш ми кажа дека целата негова фамилија имаат положено за кола. Пријателов тогаш имаше внук роден само пред 3 месеци, но сепак тој не сметаше дека е потребно да ми потенцијра дека неговиот 3 месечен внук нема положено за кола
Нека Господ ти даде мудрост и разум да го разбереш ова.
Детето тогаш немало положено, но затоа постои некој што ќе го научи да вози тоа дете кога ќе порасне. Нели затоа се и инструкторите?:wink:
Господ тебе да ти даде мудрост и разум за да разбереш дека Тој премогу ги љуби децата за да ги става на пониско ниво од грешните возрасни!