naprotiv, se gresi i od znaenje, , inaku ako ne znaat kako voopsto mozat da pravat nesto sto dava rezultati iako na tuga steta,tuka Sokrat ne bil vo pravo, imeno i toa kako znaat sto pravat zlite, taka da namesto Isusovoto prosti im boze ne znaat sto pravat treba da stoi ne im prostuvaj Gospode, dobro znaat sto pravat.Pravat zlo.
Не се согласувам со тебе.
Ако размислиш подобро, ќе увидиш дека потемнетиот дел од твојот пост е нелогичен. Зошто ?
Еве еден општ пример: човек вози кола со голема брзина, и при влегувањето во кривина удира друг човек.
Заклучок: кога би знаел возачот, дека при влезот во кривината ќе искочи човек, би ја намалил брзината. Но бидејќи
незнаел, не го сторил тоа, па го удрил човекот.
Што се однесува до Исус и неговото простување.
Еврејските свештеници биле несвесни, односно
незнаеле за Исусовата добрина, а не дека тие не го сакале доброто.
Тие сметале дека е развратник и богохулик. Кога би знаеле дека е добар човек, син божји или месија, не би го направиле тоа што го направиле.
Поради тоа треба да им се прости, затоа што не знаеле што прават.
Родителите имаат должност да се грижат за своите деца, а таа грижа ја подразбира и грижата за верата на која и припаѓаат. Кога децата доволно ќе пораснат, тогаш можат да направат личен избор на својата верска припадност, во распон од атеизам до .... да не кажам што. Но, тоа ќе биден нивен, личен и свесен избор, за кој самите ќе сносат последици, а не нивните родители.
Се согласувам дека родителите се должни да се грижат за своите деца.
Впрочем секој родител се обидува да го воспита најдобро што знае своето дете. Но прашањето е дали родителите знаат како треба да се воспитуваат децата ?
Еве еден општ пример: еден родител го учи своето дете да учи и работи напорно за да успее во животот, а друг родител го подучува да се снаоѓа со лаги и врски.
Двата родители имаат иста цел - да ги научат своите деца како најдобро да го живеат животот. Но поради сопственото знаење/незнаење им даваат правилни/неправилни совети на своите деца.
Велиш родителите треба да се грижат за верата на која децата и припаѓаат, а кога ќе пораснат, тие сами ќе одлучат за својата припадност.
Но како би можеле децата сами да одлучат, ако претходно се индоктринирани од страна на родителите ?
Како би можеле да размислуваат за Бог, ако за нив тоа е аксиом, а не прашање на кое без никакви предрасуди и граници треба да се размислува ?
На што е последица исламскиот фундаментализам, терористите самоубијци ? На слободна воља, или едно големо индоктринирање ?