S
Sagan
Гостин
Не знам кој член на форумот беше, што пиша една мисла:Јоан, ти веруваш во суден ден, јас не.
Нема потреба да ми го наметнуваш твоето мислење и да ме убедуваш во постоењето на судниот ден.
Вистината не можеме да ја знаеме ни јас, ни ти.
Вистината си молчи, и кој ја бара, ќе ја најде.
Вистината, пак, која постојано вели “Јас сум Вистината! Јас сум Вистината!“ - е вистинска Лага.
Никој за ништо не треба друг да убедува. Секој треба сам да ги согледа фактите и да донесе суд за својата вистина.
Вистината може да ја знае секој. Ти твојата, јас мојата. Таа не мора да биде истата Вистина. Секоја Вистина е детерминирана од нивото на способност на сетилата и разумот да ја преработуваат надворешната и внатрешна дразба.