S
Sagan
Гостин
Не знам кој член на форумот беше, што пиша една мисла:Јоан, ти веруваш во суден ден, јас не.
Нема потреба да ми го наметнуваш твоето мислење и да ме убедуваш во постоењето на судниот ден.
Вистината не можеме да ја знаеме ни јас, ни ти.
Никој за ништо не треба друг да убедува. Секој треба сам да ги согледа фактите и да донесе суд за својата вистина.Вистината си молчи, и кој ја бара, ќе ја најде.
Вистината, пак, која постојано вели “Јас сум Вистината! Јас сум Вистината!“ - е вистинска Лага.
Вистината може да ја знае секој. Ти твојата, јас мојата. Таа не мора да биде истата Вистина. Секоја Вистина е детерминирана од нивото на способност на сетилата и разумот да ја преработуваат надворешната и внатрешна дразба.