Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Да, како размислување, .т.е созерцување, но и како начин на проверка на вистините од духовна природа.


Да и како начин на проверка на вистините.. иначе зошто би размислувале и би се сомневале?

Ти размислуваш, се сомневаш?
 
Прво, ај што кокетираш со марксизам, второ и сам го знаеш -колку толку (несвесно секако, затоа што ти веќе си го сублимирал и си се привикнал на она што веќе претставува општо знаење за објективната стварност - а не субјективна вистина - поимање).
.

Во ред, еве, ја веувам дека Ти си експерт за марскизам...
 
Не е марскизам, туку искривување на она кое Црквата одамна го знае и користи, а во марксизмот се издигна на ниво‘ од идеологија, па и догма...

А што тоа Црквата го знае и на кој начин тоа го користи?
 
Второ, она што Маркс го запишал, не го измислил ниту открил топла вода, само запишал за нешто што увидел дека е процес - општествено економски т.е. ко што рече Grand Central Човекот ја модифицира природата по свој терк..

Погледни ги појдовните основи за марксизмот но и лично за Маркса и самиот ќе видиш зашто марксизмот е лага...
--- надополнето: 26 септември 2012 во 23:31 ---
И трето, ти не си верник, и не веруваш во Бог, а велиш духовен опит?!
.

Ова е само Твое мислење...
 
Во ред, еве, ја веувам дека Ти си експерт за марскизам...

Па ако велиш дека сум експерт, што онда критикуваш нешто што не знаеш?

Ама сепак е нешто лично овде.. таа омраза и одбивност.. ама ај...
 
Ајде тогаш, ако бараш духовен опит, по твој терк, онда земи пиштол, или отров, свирни си го (со сето должно извинување), па оди кај Бог, и ако има Бог, ајде појави ни се, врати се во вид на привидение, за да видиме како е таму и да не се плашиме од смртта, од тоа што не чека (дали воопшто нешто не чека)?
Ама не, самоубиството во христијанството не смее да се изврши, се завршува во пеколот, нели?
Па така и немаш никаков доказ за тоа дека Бог воопшто постои, туку твојата верба се базира единствено врз личносна (субјективна) претстава за нешто што не го знаеш.
.

Моето можно самоубиство не е волја Божја...
 
Погледни ги појдовните основи за марксизмот но и лично за Маркса и самиот ќе видиш зашто марксизмот е лага...
--- надополнето: 26 септември 2012 во 23:31 ---


Ова е само Твое мислење...


Нека е мое...

Сум ги погледнал, и до сега ги дискутиравме, а ти успешно ми го потврди одредени поимања, и точно ги погоди.. така да ништо лажно не кажа, нели?
--- надополнето: 26 септември 2012 во 23:33 ---
Моето можно самоубиство не е волја Божја...

Па нека не е, но еве како духовен опит, направи, па јави ни се како привидение, за да видиме што има во „оној свет“ и дали постои Бог
 
Како и кај секој човек, нели, што верува во што сака, макар и во Џедаи, мидихлорини кои ни зборуваат, tooth fairy, Дедо Мраз и сл исл..
.

Во Дедо Мраз веруваат деца, а во Бога, веруваат возрасни,оние кои по Него трагале и Го нашле...
--- надополнето: 26 септември 2012 во 23:35 ---
Да и како начин на проверка на вистините.. иначе зошто би размислувале и би се сомневале?

Ти размислуваш, се сомневаш?

Само размислувам, одамна не се сомневам...
--- надополнето: 26 септември 2012 во 23:36 ---
А што тоа Црквата го знае и на кој начин тоа го користи?

Црквата го има сето потребно знаење за духовноста и според тоа знаење, верните во Црквата живеат...
 
Во Дедо Мраз веруваат деца, а во Бога, веруваат возрасни,оние кои по Него трагале и Го нашле...

Да де, па така почнува тоа, прво Дедо Мраз, па Tooth Fairy, па Баба Рога (ако не си мирен), па Бог...

Исто како со пишувањето... прво говорот, па бојата, па сликата, па хартијата, па перото, па печатарската хартија, па машината за куцање, па буинарниот систем, па пиксело, па компјутерот..

Па ти одлично си го знаел Маркса!
Што има тука лажно?
 
Па ако велиш дека сум експерт, што онда критикуваш нешто што не знаеш?

Ама сепак е нешто лично овде.. таа омраза и одбивност.. ама ај...

Не реков дека не знам, туку реков колку и од каде знам.

А омразата ми е насочена само кон лагите, нечесностите, лошотиите, злото...
 
Само размислувам, одамна не се сомневам...
--- надополнето: 26 септември 2012 во 23:36 ---


Црквата го има сето потребно знаење за духовноста и според тоа знаење, верните во Црквата живеат...


Па ако размислуваш и се сомневаш, тоа оди едно со друго, психички процес е, не можеш а да не го правиш тоа, во генетскиот код ти е запишано.. Ти можеш да кажеш така, но едноставно, природно не иде така...

(башка до сега колку пати се посомнева, ехеееееееее, врати се на првите наши муабети и ќе видиш)

Па шо си одел во школо, во средно, на факултет, шо си учел Марксизам, ако Црквата го има сето потребно знаење?
 
Сум ги погледнал, и до сега ги дискутиравме, а ти успешно ми го потврди одредени поимања, и точно ги погоди.. така да ништо лажно не кажа, нели?
г

Хммм, ем се прикажуваш за познавач на марксизмот, ем, очигледно, не си ги погледнал основите на кои е граден марскизмот па и самиот Макрс.
 
Не реков дека не знам, туку реков колку и од каде знам.

А омразата ми е насочена само кон лагите, нечесностите, лошотиите, злото...


Охоооооооо па колку само „зли“ зборови до сега искажа, па ти основите на Маркса и Енгелса ми ги раскажа до сега! Значи ли дека сеа терба себе си да се мразиш?
 
Да де, па така почнува тоа, прво Дедо Мраз, па Tooth Fairy, па Баба Рога (ако не си мирен), па Бог...

Се‘ за и во свое време и возраст...
 
Хммм, ем се прикажуваш за познавач на марксизмот, ем, очигледно, не си ги погледнал основите на кои е граден марскизмот па и самиот Макрс.


Ти реков, до сега го разработивме Маркс уздуж и попреко, заедно! ехеее!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom