Зошто алкохолот е легален?

  • Креатор на темата Креатор на темата sneui
  • Време на започнување Време на започнување
Грешни информации се праќаа за цигарите и алкохолот во минатото, беше рекламирано дека тие се здрави и "кул". После сите разбраа дека се штетни и опасни по здравјето но сепак повеќето луѓе и ден денес ги прифаќаат и секојдневно ги конзумираат. Со останатите супстанци, "дроги" приказната е сосем поинаква, тие се сметаат за штетни, од нив се бега како од СИДА и повеќето ја избегнуваат нивната конзумација иако никогаш не ги пробале и незнаат што уствари избегнуваат. Нешто тука не штима? Начинот на рекламирање по се изгледа овозможува масивно прифаќање на алкохолот и масивно отфрлање на останатите дроги. Чуден ефект, многу чуден. o_O
http://en.wikipedia.org/wiki/Torches_of_Freedom ова ти е за цигарите, алкохолот повеќе е историски со цивилизацијата и е користен многу во медицината (каубојците ваделе куршуми со виски)
За марихуаната
http://www.drugwarrant.com/articles/why-is-marijuana-illegal/
Битниот дел
“Marihuana influences Negroes to look at white people in the eye, step on white men’s shadows and look at a white woman twice.”
[DOUBLEPOST=1414911803][/DOUBLEPOST]
Не знам зошто е легален ама споредбава твоја со екстази и лсд ти е малку глупа. Побрзо и полошо ќе забегаш од дроги отколку од алкохол. И да , бегајте од хемијава , лоша е стварно. Посебно во Македонија каде ти даваат мешани секакви срања и глупости , ретко ретко скоро немогуче да добијаш нешто поквалитетно, освен ако имаш добар извор...Но и на тие фаци немојш да им вервиш, така да , заеби вакви работи. Како и да е , понастрана од хемијава ,измешана со 300 глупости ,е од то ќе забегаш уште повеќе.
Пивкај си алкохол по некоја чашка и се ќе е океј :) Не си го мами умот со хемииве.
Епа затоа е добро да се легализираат, поштено ќе си купиш квалитетно и ќе си правиш филм
 
Последно уредено:
Мене ми е многу интересно како членот што ја отвори темава постојано споредува користење на дроги со ЗЛОУПОТРЕБА на алкохол. Значи има разлика од користење на алкохол и негова злоупотреба. Разликата е во тоа што алкохолот во умерени количини не ја менува моја свест. Ќе се напијам јас 2 чашки ракија и ќе седнам ќе возам, нема проблем. Но што се случува кога ти ќе земеш една "доза" ЛСД да речеме и ќе седнеш да возиш?
Ти велиш дека ќе го правиш тоа во контролирани услови така, епа јебига некој ќе земе и ќе направи триста глупости. Сеа ќе речеш па некој ќе земе ќе се изнапие и ќе го направи истото. Да, точно, ама тој го злоупотербил алкохолот. Тоа е вистинската разлика. Финтата е што ти ако конзумираш одредени дози на алкохол, тогаш нема проблем, не ти се нарушува можноста за расудување, функционираш нормално. Значи кај алкохолот постојат две можности, ќе си конзумираш во одредени количини и ќе си функционираш нормално, или ќе се изнапиеш и ќе бидеш нешто као "дрогиран". Финтата е што кај дрогата има само една можност.
Се знае кои се последиците на нејзиното користење.
Ова е исто како да речеш, зошто поседувањето на оружје е легално. Некој човек може да земе пиштолот и да излезе на улица и да утепа 10 луѓе. Ама што направил тој тогаш? Го злоупотребил своето право на чување оружје. Не може заради некои нерационални однесувања да се забрани нешто.
Ај да го забраниме и лепакот,боите и што ти ја знам таму. Има луѓе што ги злоупотребуваат.
На крајот, луѓето не ги интересира дали дрогата е штетна или здрава. Нема тоа никаква врска со "легализацијата". Проблемот е во тоа што дрогите влијаат на твојата свест. Ти го менуваат рачинот на размислување, ти ги намалуваат моторните функции итн... Никому не му е проблем ако ти си се дрогираш дома, проблемот доаѓа кога "high"/нафиксани луѓе ќе излезат на улица и претставуваат опасност не само за себе, туку и за другите луѓе.
А да ќе заборавев, многу ми е интересно кога луѓето ми споредуваат алкохол и ете ти што имаше речено (екстаза беше мислам) во стилот : "Абе брат ќе пиеш алкохол другиот ден мамурлак,повраќање,главоболка, а јас ќе си земам ова и другиот ден како нов". Да другиот ден си како нов, ама ти споредуваш конзумирање на дрога со злоупотреба на алкохол. Земи ти 10тина екстази наеднаш, па ќе ми кажеш како ќе се чувствуваш од сабајле, ако воопшто се разбудиш...
 
Проблемот во твоето излагање е колку е препорачливата доза на ЛСД ?
Сите знаеме колку е препорачливата доза на алкохол, ама не и на дрогите, можеби таа "доза" на ЛСД е 4-5 пати повеќе од препорачано. Разликата меѓу алкохолот и ЛСД е кај алкохолот можеш пополека да дозираш, кај ЛСД (најчесто тоа што го нарекуваш "доза" ти е од дилерите и не е медицински направено, туку е економски направено) го земаш цело. Можеби кога ЦИА би ги објавила извештаите за колку е правилното дозирањето не би имале проблеми. Сите знаеме колку била лошата дрогата, па не баш ни фалат информации за дозирањата, за чистината и ред други работи, што би биле достапни за сите, како што е во случај со алкохолот
 
koi vi se tie muabeti be ako ispies 20 aspirina i on ke bide steten....ne mi e jasno....od 20 aspirina nekoj ubil li use 4 dusi so se nego?
 
Sekoj lek koga bi go zemal u pogolema kolicina od preporacanoto ti e predoziranost. I ima drugi efekti.
 
Проблемот во твоето излагање е колку е препорачливата доза на ЛСД ?
Сите знаеме колку е препорачливата доза на алкохол, ама не и на дрогите, можеби таа "доза" на ЛСД е 4-5 пати повеќе од препорачано. Разликата меѓу алкохолот и ЛСД е кај алкохолот можеш пополека да дозираш, кај ЛСД (најчесто тоа што го нарекуваш "доза" ти е од дилерите и не е медицински направено, туку е економски направено) го земаш цело. Можеби кога ЦИА би ги објавила извештаите за колку е правилното дозирањето не би имале проблеми. Сите знаеме колку била лошата дрогата, па не баш ни фалат информации за дозирањата, за чистината и ред други работи, што би биле достапни за сите, како што е во случај со алкохолот
Да, точно. Не ја знаеме дозата. Ама финтата кај дрогата е што ти ја конзумираш со поинаква цел од алкохолот. Мислам и ти можеш да конзумираш алкохол со цел да се испијаниш, но можеш да пиеш и една чаша вино на ручек. Кај дрогата се знае целта, конзумираш за да ја измениш својата свесна состојба. Тоа значи дека дозата која дилерот ќе ти ја продаде ќе биде доволно јака да го направи тоа. Во спротивно, сигурно нема да купиш "дрога" повторно од кај истиот дилер. Според мене тоа е суштинската разлика помеѓу дрогата и алкохолот. Целите кои сакаме да ги постигнеме со нивното користење. Така да мислам дека можеме да заклучиме дека една "доза" на дрога многу посилно влијае врз нашето однесување отколку 1-2 чашки алкохол.
 
Разликата е во труење на “долги стази“ и труење на “кратки стази'.
 
Рецимо дедо ми, секое сабајле си маа по пола кило ракија, у период од 5 до кај 8 ипол некоаш 9. Цел живот, кога и да го имам видено сабајле он е со тоа пожолтеното старо шишенце од газоза и си цврцка цело сабајле oд него. Стар е, прав е, доста здрав човек и мислам дека истото да го практикува со некоја од гореспоменатите дроги немаше ни да го знам.

Чир на желудник исто не се лечи со ЛСД . :)

А и со мезе ЛСД е некако суво... :D
 
Рецимо дедо ми, секое сабајле си маа по пола кило ракија, у период од 5 до кај 8 ипол некоаш 9. Цел живот, кога и да го имам видено сабајле он е со тоа пожолтеното старо шишенце од газоза и си цврцка цело сабајле oд него. Стар е, прав е, доста здрав човек и мислам дека истото да го практикува со некоја од гореспоменатите дроги немаше ни да го знам.

А и со мезе ЛСД е некако суво... :D
Замисли секое сабајле наместо пола кило ракија да мавал по пола кило хорс или пола кило ЛСД . Ни твоите не би го знаеле. :pos:
 
Се чудам како темава стигнала до 8 страни кога одговорот е сосема едноставен. Невозможно е да се уреди законски нешто што народот не го гледа како етички погрешно. И имаме конкретен пример: прохибицијата. Тотална утка што историјата уште долго ќе ја памти и според мене целосен доказ дека не може да се носат закони туку така, како што некому ќе му текне.

Многу е битно тоа дали народот го гледа делото како штетно или нетично. Омилен пример ми е софтверската пиратерија. Лоби групите сакаат да го прикажат делото како кражба, но за обичниот граѓанин тоа не е кражба, туку општо прифатено како нормална работа, што се гледа од тоа колку е распространета пиратеријата, наспроти обичната кражба. Скоро секој има спуштено филм или песна, но колку од нас имаат урадено пари или роба од дуќан?

И затоа никогаш нема да биде возможно да се забрани алкохолот или, кога сме веќе тука, да се натера народот да не конзумира марихуана или слични наркотици.

Не може секоја цел да се постигне со носење закон.

Ако сакаш да ги забраниш пиратеријата, алкохолот, марихуаната.... треба да ги убедиш луѓето дека тоа се штетни работи и погрешни работи.
And good luck with that.
 
Рецимо дедо ми, секое сабајле си маа по пола кило ракија, у период од 5 до кај 8 ипол некоаш 9. Цел живот, кога и да го имам видено сабајле он е со тоа пожолтеното старо шишенце од газоза и си цврцка цело сабајле oд него. Стар е, прав е, доста здрав човек и мислам дека истото да го практикува со некоја од гореспоменатите дроги немаше ни да го знам.

А и со мезе ЛСД е некако суво... :D
:icon_lol:

Немој да ме јебеш. Ми се верува по 100 грама да пие, по 200 исто, ама пола кило да пие секое сабајле, у рок од 3 саати. Абе ај. Ти имаш ли испиено пола литро ракија у рок од 4 саати? 19 години си, би требало со дедо ти да сте тука некаде и на висина и на тежина веќе. А ако имаш пиено, и толеранција би требало да имаш. Пробај испиј пола литро ракија.
Едно време беше јако да си ги мериме за татковците, сега за дедовците. Куљ! :D

http://www.webmd.com/mental-health/addiction/features/12-health-risks-of-chronic-heavy-drinking

Еве ти хелт рискс од алкохол, од било кој алкохол кој нели се пие у надмашување граници.
 
Абе хејтер, човекот си доручкува успат, си работи, си пивнува. Мало шишенце цело го полни цело го празни. Сум се чудел и ја, седнете пиете ќе видеш. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom