Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не разбирам што сакате да кажете
Член 14 од Уставот е наполно јасен, Таква одредба е прифатена во сите устави Таква одредба постои уште во Римското право : Nulla poena sine lege. Нема казна без закон.
А што се случува кај нас: Решиле лешинарите, кој не им плати, да го казнат толку и толку пари, па потоа за истото да му стават лисици, па потоа за истото да му ја земат колата со пајак, па потоа да му напатуваат за „ чување “ на колата и на крајот да ја продадат колата, а парите да си ги ќарат.
И по кој закон, тој што неплатил е предвидено така да се казнува?
Објаснете што сакате Вие да кажете


А бе село дали некогаш си платил казна каде е зонско паркирање,а?Изгледа не си платил.Еве јас имам платено па ке ти ја објаснам процедурата..Следи детално објаснување.
1.Се паркираш на зонско паркирање
2.Бидејки си јак бизнисмен и ке ти пропадне 1.000.000 договор,а по пат нервозен на се живо и диво не пракаш порака
3.Типчето поминува со тоа скенерот и опаааааа!!!!Пациент кој не платил паркинг
4.Ти ја тура шапата со налепница на неа каде имаш тел.број да се јавиш да кажеш дека не си платил паркинг
5.Типчето се појавува од некаде со тоа скенерот каде ти потврдува дека не си пратил СМС порака
6.Казната е 1200денари,а примаат и картички
7.Си ја плакаш казната нормално нервозен у стилот...а бе кај ме најде мене,се паркирав на 5 минутки и си одиш дома

Просто е нели!!!!!!

А колата ти ја носат со пајак ако не дојдеш во рок од 3 часа.Затоа не мели глупости и не се пали ко кумбе....
А за член 14 од законот треба многу фурни леб да јадеш за да можеш да го протолкуваш.Или го толкуваш онака како што тебе ти одговара,а???????

Значи никој не те казнува за дело кое не е сторено,разбираш ли!!!!!!
Си се паркирал погрешно,не си платил карта што очекуваш да се случи!!!Да летаат розеви гулаби и памфлети околу тебе,а!!!!!

Ај не плати карта во било која катна гаража,па да видам како ке си го земеш возилото.Со кран или можеби со крилја а!!!!!!

За крај,зошто веке ми се смачи да им објаснуван на луге без пивтиеста маса мегу рамениците.Што толку си се загрижил за зонското паркирање во Ск.Да не те плакаат невладини организации да провоцираш по форумот....
 
Во Дневник е објавен напис за седницата на Советот на Општина Центар на која е дискутирано за ЈП
Директорот на ЈП изјавил дека ќе бидат казнувани граѓаните
Директорот на „Паркинзи“, Саша Богдановиќ, вчера предупреди дека граѓаните кои ќе се паркираат во Дебар Маало, на оние места со кои Центар претходно стопанисуваше, а сега се пречкртани, ризикуваат да бидат казнети, а возилата кренати од пајак.

http://dnevnik.mk/?ItemID=FCB26E272BE2B44981FFDB0AF675D829
 
Кумановските зонаши кои се нарекуваат Куманово Паркинг се наводно пред банкрот - јавија повеќе медијуми. Еве ги вестите на тајм мк
http://www.time.mk/?q=куманово+паркинг&search=news
Ама не верувам дека стварно ќе бакротираат. И таму како и во Скопје, ќе ги спасат општинските лешинари
 
ТВ - Орбис извести дека привршуваат подготовките за зонско во Битола. Но нема дата од кога ќе започне „ стоапнисувањето “
http://tvorbis.com.mk/index.php/ves...ivrsuvaat-podgotovkite-za-zonskoto-parkiranje

Јас колку шо знам од 21 ноември ќе почни да се наплаќа. Немаше потреба од вакво нешто требаше само да направат катна гаража или некој подземен паркинг во делот на градскиот пазар таму признавам има проблеми со паркирањето. Секогаш наоѓав место каде да паркирам, сум немал проблем со паркирањето независно дали сум бил на работа или сум паркирал за приватни потреби затоа сметам дека зонското паркирање во Битола е тотално непотребно.
 
Медијумите ништо не пишуваат за „ трагедијата “, која им се случи на Паркинзи на Општина Центар која ете сега не може да „ стопанисува и поштено заработува “ во Дебар маало. Последно што е објавено е напис во Дневник
http://dnevnik.mk/?ItemID=67971DDDA1810E46BA7FFB0EF07E3F56

Во овој напис стои
Претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) може да продолжи да стопанисува и да наплатува на паркинзите во Дебар Маало, од кои беше тргната сигнализацијата, но тоа ќе биде на нивна одговорност, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) по повод заклучоците што беа усвоени на завчерашната седница на Советот на Општина Центар. Заклучоците, меѓу другото, се однесуваа за привремено стопанисување со одземените паркинзи во Дебар Маало, со цел претпријатието да не трпи штети. Таква мерка побара директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ, додека не ги коригираат проектите и не добијат согласност од МВР и од Градот за стопанисување со паркиралиштата.
.......
Во врска со дилемите на граѓаните дали може да се паркираат на пречкртаните паркинг-места во Дебар Маало без да платат, Kотевски посочи дека паркиралиштата од минатата недела се вратени во првобитната состојба од пред воведувањето на зонското паркирање и наплатата. Ако во меѓувреме на граѓаните им се наплатува, а притоа некои се почувствуваат оштетени, може да посакаат да тужат имајќи предвид дека се работи за зони во кои ПОЦ нема право да работи.

Очигледно општинските лешинари прават се само да продожат да „ стопанисуваат и поштено заработуваат “
Гледате што вели полицијата: Ако паркирате на тротоар без да платите тоа е прекршок, а ко им платите на зонашите тоа не е прекршок
Ете како според полицијата изгледа правна држава
 
ТВ Орбис известува - Во Битола позитивни очекувања од зонското паркирање
http://tvorbis.com.mk/index.php/ves...a-pozitivni-ocekuvanja-od-zonskoto-parkiranje
Во написот се вели:
Битола не е прва во воведувањето на зонското паркирање. За скопските искуства во државава се знае од 2009 година, тоа е светски тренд.
Има и видео во кој се дадени изјави на презадоволни граѓани полни со очекувања на светлата иднина полна со казни, лисици и пајаци.
Мене ми остави впечаток изјавата една постара, очигледно нашетана жена, која видела зонско во Србија
Ете така, според Орбис и задоволните Битолчани скопското зонско стана „ светски тренд “
 
Picture 828.jpg пајак со диплома,не му сметат ни дрвјата на растојание колку што е и колата,едвај го извлече ама за пусти пари се работи и за плати на арамиите.Picture 829.jpg Јас сум во кола пред оваа внатре,и гледам и не верувам.
Ова и тоа погоре е на улицата (порано на Ленин крстена беше) позади старо социјално па одни накај ДОЗ-кјуби,поточно пред рибарите кај Југодрво-десно.
Тука им е близу на АПАШИВЕ. Види убаво на оваа страна е дозволено паркирање,
ама е дозволено со лажење,паркирај па ќе ти ја земат колата,од некој невидлив пешачки премин тука нацртан пред земјотресот,кој и не е во употреба,тука нема каде пешаци да поминуваат од една страна на друга(гимназијата е подолу мислам)
 
Колку треба да бидеш ретардиран да браниш ваква работа, каква што е крадењево пари од граѓаните, кое го нарекоа зонско паркирање?
Колку треба да бидеш ретардиран тоа да го спроведуваш во реони у пичку матер одалечени од строгиот центар на градот, во социјални населби и слично?
Тоа е чист грабеж на кој му дадоа политички коректно име, а оние кои го бранат веројатно и самите се срамат поради тоа.

"Се вовел ред во паркирањето со зонското" - најглупа исприка, која ниту кај најглупите слоеви од населението (за кои веројатно и е наменета) не поминува.
Во Карпош нема зонско и паркирањето е без проблем, како и секогаш.

Сепак овој апашлук е селективно применуван. Зонско има на паркингот кај мене, пред зграда (огромен и секогаш празен), на граница со Ново Лисиче, али затоа на "петнаес метра" од строг центар имаш Бангладеш-сообраќај - БитПазар и одма после него. Али да не ги гибаме нашите сограѓани Албанци, пошто нели се узнемираваат и Груевски го знае тоа, па не ги малтретира луѓето за ништо (за разлика од своите).
 
Во зонското и катните гаражи е направен невиден циркус. Партиииве се раскарале. Ако се на власт во општината - тогаш се за зонско, ако се во опозиција тогаш се против зонско.
А знаеме од искуство дека кога ќе дојдат на власт се за зонско - како инаку ќе ги вработат своите швалерки. Тоа го видовме и во Охрид и во Центар

Во Фактор е објавена анализа за искористеноста на катните гаражи која не е ни 10%
http://faktor.mk/archives/75726?utm...shena-investicija-ili-vlozhuvanja-za-idninata

Во Советот на град Скопје кавга околу катните гаражи
известува Макфакс
http://makfax.com.mk/321010/sdsm__prioritet_za_grad_skopje_se_katni_garazhi__a_ne_soobrakjajnici

И Советниците од Куманово за исто се карале известува Куманово њуз
http://www.kumanovonews.com/vesti/p...te-go-soobracajniot-haos-so-katni-garazi.html

Инаку, ако не сте знаеле, во Скопје и Куманово различни партии се на власт.
Ако имате време погеднете и насмејте се за моралните (не)квалитети на општинските лешинари
 
Тера телевизија донесува повторно новости од битолските зонаши:
И ако не почнале се наплата на зонско, ги намалиле цените за 70%

http://www.tera.mk/2013110172010/aktuel/i-do-70-procenti-poniski-ceni-za-parkiranje-vo-bitola

Ова е опробана зонашка „ тактика “ сега попуст а за некој месец повисоки цени и поголеми казни - само не се бунете.
Ако сака да помогнат на граѓаните воопшто немаше да воведуваат зонско
 
Што е финтава со Шутка,и таму бараат пари за паркирање,50 денари за 2 саата-100 денари за цел ден.Да им ебам тоа циганите скапани.
 
Што е финтава со Шутка,и таму бараат пари за паркирање,50 денари за 2 саата-100 денари за цел ден.Да им ебам тоа циганите скапани.

Јас не гледам било каква разлика на општинските лешинари од Центар, Шутка или некоја друга општина - лешинар си е лешинар - Gyps fulvus
Еве нешто од Гостивар:
Телевизија Кисс, јави дека тамошните лешинари за три месеци дигнале триста возила
http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=18496
Возилата се подигнувале во различни периоди од денот, но најчесто во вечерните часови. Правилата најмногу не се почитуваат низ најфрекфрентните улици во централното градско подрачје, стои во соопштението од СВР Тетово.
Уште да кажат според кој закон подигаат возила кои не представуваат непосредна пречка за одвивање на сообраќајот Да не е ноќе густ сообраќајот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom