Знамињата надвор за Илинден!

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Кој сака да одаде почит нека го извади знамето.
А за паметниве на темата, не се секирајте, никој со пиштол не ве тера да го веете... кој сака нека го вее, кој не, нека не дрдори многу и нека си ја гледа работата.

Лесно е.
 
Неможам 16крако знаме да најдам така по ефтино..под 1200 не сум нашол..(Иначе она со 8 краци стандарт..)
 
Кој сака да одаде почит нека го извади знамето.
А за паметниве на темата, не се секирајте, никој со пиштол не ве тера да го веете... кој сака нека го вее, кој не, нека не дрдори многу и нека си ја гледа работата.

Лесно е.
Хм, со ситни букви е пишано...кампањата се однесува на македонците во Австралија. Лесно таму, ќе ги удрат глоба и завршена работа. Таму и за двор, и за ограда казнуваат...камоли за коњски запреги и знамиња. Во Македонија најверојатно не си бил во чисти етнички (од другите 4-5 заедници) села и населби. Што се добива во Македонија е страотен калабалак. Кој ќе ме казни ако ставам турско, а не ставам македонско знаме?

па празников е македонски а воедно и живееме во македонија нели? покрај турско бугарско грчко или какво и да сакаш треба и македонско да стаиш нели?
Под претпоставка да се однесува за Македонија (која во запазување на закони е вселенски далеку од Австралија)...во моментов покрај македонските права, загарантирани им се и правата на уште 6 заедници...како во пописите, како во изборните ливчиња и во многу други случаи. Но и да не се загарантирани...И свадбите се прават во Македонија, голем број села се во Македонија, нашата општина (и други) е во Македонија, но истакнати се секакви знамиња. Терен е терен, не е форум ниту е Австралија.
Не сум против истакнување знаме на мојата држава т.е. државата во која живеам, но секој ќе си го истакне и своето. Реалноста и отстапките во власта и кај граѓаните се малку поинакви. Никогаш добро не раѓаат вакви импровизации без и малку осврт на реалните состојби.
Хипотетичка ситуација (која кај нас е прилично стварна)...Што ако една заедница истакне само свое знаме, дали ќе му забрани (ако се иде според закони) некој и што во тој случај. доколку еден блок/населба истакне исклучиво српско, друг исклучиво турско, трет исклучиво македонско...
И која би била целта односно резултатот на ваква активност во ваква држава.
 
Хм, со ситни букви е пишано...кампањата се однесува на македонците во Австралија. Лесно таму, ќе ги удрат глоба и завршена работа. Таму и за двор, и за ограда казнуваат...камоли за коњски запреги и знамиња. Во Македонија најверојатно не си бил во чисти етнички (од другите 4-5 заедници) села и населби. Што се добива во Македонија е страотен калабалак. Кој ќе ме казни ако ставам турско, а не ставам македонско знаме?

Не удират глоба ако правилно покрај македонското ти е истакнато и Австралиското. Од лево кон десно Австралиско - Македонско.

Всушност, ако не правиш беља нема ни за само знаме да те чепнат. Освен некој ако го фати инает или ако полицаецот е од гејлада.

А за ова кој ќе му забрани на кој, јас ништо не спомнав. Ако некој спомнал нека ти одговори.
Незнам зошто насила темата оди во друг правец.
 
Ок, ако се однесува на знамиња низ Австралија (од памфлетот гледам се работи за Австралија), не коментирам за тамошните активности.
Ако се работи за Македонија...како што реков, состојбите се неспоредливи со Австралија.мишн импосибл. Какви проблеми има овде со знамињата, тоа не е нормално.
 
одлична иницијатива, гледам и дома во МК од година во година се повеке по куките знамињата се вадат...
 
за секој државен празник истакнувам три знамиња :)
ова, ова и ова
 
На се' што ќе ти падне на памет. Социјално, економско, драпај си меот, ....

А во Америка да не се веат случајно знамиња на Ирак? Инаку и Америка се ептен "социјално напредни"...Да кажеше за некоја скандинавска земја ај, ама Америка....
Ако немаш знаме на 4ти Јули во двор или дома свиткано во триаголник со мало книжуле - Уставот - до миленцето од фрижидерот, не си Американец :icon_lol:
 
Јас ќе го закачам знамето (секако сонцето од Кутлеш) овде во Германија на 2 Авуст.
 
Јас имам 16 крако со димензии 50х30 што значи маленко е ама битно ке го закачам на дуќан да се вее.
Поздрав.
 
Пример во кое поле една Америка е понапредна од Турција ?
САД и знамиња на македонска територија.
Ако збориме за Македонија, ...можеби сме поспоредливи со Данска или Британија.
 
images


Македонското знаме на улиците во Австралија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom