Златна Бубамара на популарноста

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Како се викаше песната што ја пееше Лоба?
 
Повеќе музика од минатиот пат и малку поблаг беше Сашко кон власта, но веројатно така му било кажано. Но беше одличен за тоа време поминато на сцена, Бубамарава беше супер, се отарасивме накратко од турскиве серии и политичкиве срања.
Тие што не се смееле и што хејтаат постојано, нека си најдат живот. И знаеме дека се хетери.

Изненадување на вечерта беа женските од Нови Сад, многу ми е криво што не сум ги чул досега. Фантастични беа.
 
Ништо не ви чини. Ама ај ко ќе ве научи човек полесно е после.

Ова е единствена манифестација што остана, што сакате повеќе не знам. Толку се може овде, мене Сашко ме изнасмеа, баш си е океј човекот.

Само една работа никако не можам да го разберам Ранко. Секоја година истите луѓе му седат во публика и мислам поутепана публика да немам видено. Ни на мртво плачат, ни на живот се смеат. Као ептен испод чест им е да дигнат телефоните за ѕвездено небо или пак да учествуваат во кореографијата што ја смислиле луѓево. Ај може ко ќе ја прошират салава ќе му текне на тоа и нема да ги направи картите 1.000.

Иначе скандалов Калиопи, скандал што да ти кажам. Јас мислев којзнае што е работата. Во право беше жената и на крај си излезе таман работата.
 
Како бе не зборувал против власта Саше...каков ремет им направи за спомениците...Субрата Рој?
 
Одлична Бубамара и годинава, седењето дома во сабота навечер беше totally worth it. Сашко како и секогаш одличен, ми се допадна целокупно целата емисија, посебно оние Фрајли и неколкуте песни на Тони Хулич. Ако може некој да ги објави овде песниве испеани од Тончи и Фрајли би му бил вечно благодарен.
За публикава да, се согласувам, се смеат и на што има логика и на што нема. Тотално безвеза, али ајде нека им биде. Сашко е одличен, форите се топ, не ми е јасно хејтањето кон неговите фори и неговиот настап, моментално бољи у МК нема за тоа што тој го работи. Али тоа е, имаме ендемски туристи, ендемска публика, и ендемски членови на Кајгана како што рече самиот Сашко.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 00:31 ---
 
Леле се експерти од пред пц.Страшна работа ! Еден саглам фестивал остана за нас поглупите малку очигледно на вас страшно интелектуалните и андерграунд профили све ви е ...... мех !.Сашко си е супер за оваков евент и станд ап нешто малку шо иам слушнато му е ок .Ме бендисува.Све на све мене ме бендиса ногу фестивалот оваа година и тоа е мојот коментар.Гледам се обидуват да се шират со балканските награди што исто така ме бендисува.И да категориите беа супер,животно дело и слично,а не како порано ....машки вокал,женски вокал,албум,група,спот,пратечки вокал,спореден вокал,на вокало прв братучет и слично.Некако ги радикализираа категориите и не ја тупат многу.
 
После фудбал една од ретките работи за кои шо стварно е добро да се оддвојат 2+ саати за пред телевизор. Сашко одличен, песните супер, Лоба уште посупер :rolleyes:. Се на се добро беше, се надевам до година ќе биде уште подобро.

За ендемските експерти кои ги има насекаде, па дури и овде, верувам дека доколку вие би биле водители - учесници ќе дадете каде каде подобри идеи, подобар хумор, поголема оригиналност само штета шо немате таква шанса
 
Мене лично освен спортот овоа е единственото нешто шо ме задржува пред телевизор. Онака опуштено да се насмеам и расположам.
 
Супер си беше се на старт, се додека не почнаа тие србинките, па тончи, па игор....... ја убија смислата на буба мара, за сашко требаше повеќе време, мораше ли овие горе споменатите по 10 песни да испеат, задремафеме ебаго.

Субрата Рој денс и сонг, дефинитивно најдобро оваа година :icon_lol:
 
Сашко беше добар, иако релативно голем број од "шегите" му беа слични со ланските, една дури и иста беше од збор до збор. Субрата Рој песната беше врв на вечерта :pos:
Стварно затупеа со песните, оние па Фрајлите една нивна песна испеаја и толку, другото како на тезга некоја да беа. Се забораваа со "музичките блокови".
Сѐ на сѐ не беше лошо, ама во споредба со ланската година беше многу полошо.
А, да, и кој беше тој сељото што пееше со Тончи Хуљич? Играњето му беше најбоље
tumblr_m5mkt8lizi1rvwq31o1_500.gif



Providenca, Anarkišta и другата не ми текнува која беше. Побарај на YouTube Petar Graso i Madre Badessa и ќе ти искочат сите песни од албумот, цел албум е супер.
 
Добро,само мене ми беа добри тие Фрајлите? Башка и јакички беа(освен таа плавата) :D
Абе супер беа што ти е,сеа некој што сака да слуша тежок турбо фолк,тоа е друга работа.Инаку сашко е закон(y),посебно она со Горазд цветковски,абе умрев еј:pos::pos::pos:.
 
Абе добро,секогаш е добро да се донесат врвни имиња од балканов како Тончи Хуљич,минатта година беше Лисандрич и да испеат нешто. Тоа е она што ја прави сопред мене Бубамара сеуште најдобра манифестација на Балканов,порано тоа беше Макфест кога успеваа да донесат врвни пеачи и плус да пеат на Македонски,сега се некои паднати од Марс доаѓаат,па уште им дозволија на српско-хрватски да пеат. :facepalm:
Тие женските од Нови Сад добри биле а ? Јас одма ги сменив,ќе ги ѕирнам на репризата.
Моментот со Калиопи ко што видов не беше никаков скандал,фино и културно жената како секој професионалец си кажа дека и е ниско или како рече,да средат со озвучувањето и ќе и биде мило да испее ко што знае и умее,а знае најдобро во Македонија.

Немаше толку смеење како минатата година,ама пак беше смешно,Сашко кога збореше за во брак,па за народните песни,имаше уште смешни работи.

Незнам зошто викате не и мавал ремет на власта,баш и мавна,за Субрата Рој песната беше врв.:ROFLMAO: само сега повеќе на опозицијата,пошто тие нели висат по улици,се тепаат во парламент,јадат живи луѓе,тие се главни ѕвезди со нивните глупости оваа година..... :icon_lol: го спакува Сашко некако тоа смешно беше. :D

Наградите,се делеа по Ју Туб гледаност посебно за тие раперите,мада ми се направи мерак за АМА АКО ! :icon_mrgr: Металург сосема заслужено си зема награда,Ванчо е ѕвер. :pos:

Најодвратен дел ми беше Кили. :cautious: Значи колку е неподнослив со тоа спрскиот нагласок и педерското однесување :tapp:
Наркоман гнасен.
Игор може да олабави со "пеењето"......не значи дека ако си шоумен знаеш да пееш.
Лоба беше прејака како и секогаш. :love:
И таа глумицата што доби награда,млада една беше и таа беше добра.
К-15,Бранко беше цепки,Бубо е на патување а Васе мести завеси :pos: после 2 мин излегува Бубо со гитара. :facepalm::LOL:

Се на се добро беше,здравје за некоја година кога ќе се изгради новата Универзална,ем повеќе луѓе ќе собира,ем нова и убава ќе биде,така да ќе може и посветски да изгледа манифетацијава.


П.С. А и мило ми е што Андријана Јаневска пееше на почеток,и што го уфрлија внукот на Тошо,очекував да запее ама ништо. Ај да се надеваме дека ќе се метне на вујко му во тој поглед.
:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom