Зимбабве ја призна Македонија под уставното име

  • Креатор на темата Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување Време на започнување
Има некои прашања каде НЕ СМЕЕ да се гледа политичка, или каква и да било друга припадност.
Едно од тие прашања е и наметнатиот, од јужниот ни сосед, спор.

Може за тебе е така тоа, ама па за некои по се изгледа ова не важи. Едноставно нема фер плеј кога станува збор за министерска/премиерска/какваидае функција.
 
Фала Зимбабве.


Инаку идиотизмот на А1 здружени опозицијава во вакви случаи не вреди ни да се спомене, а камо ли да се публицира.
 
Ај нека се множат. Една по една сите ќе ги „освоиме“, а Грција и Кипар (Јужен) сами ќе останат.
 
Не бе, слаба ни е дипломатијата, се изолираме од светот
 
Абе до кога проституирањето ќе ни се преставува како интелектуална дисциплина.
А1 станува ментално ретардирана средина која со сила сака деофрмацијата да ја пренесе на целото опшество.
Ќе изгорат во таа намера.
 
Абе до кога проституирањето ќе ни се преставува како интелектуална дисциплина.
А1 станува ментално ретардирана средина која со сила сака деофрмацијата да ја пренесе на целото опшество.
Ќе изгорат во таа намера.

Да не ми беше толку јак потписот :), ова ќе си го ставев во потпис...
 
ah kade e taa politika i vesti so ja ukinaa da se spukame ))..inaku pozdrav do site podolgo vreme nemav zirnato tuka!

fala za Zimbabve, inaku ic ne se zmaram kolku bila nekoja zemja demokratska samo neka ne priznavaat se poveke i poveke...nekoj porano kazal> kvantitetoit ragja kvalitet

vo kontekst na muabetov


Нека ни го дамбот, како што стоеше!

``Дедо ми, Атанас Низамов-Орлов, од славното село Бапчор, еднаш ми раскажа ваква случка: Во соседното и исто толку славно село Д'мбени живеела баба Донка. Мажот м починал, децата заминале во Америка, на гурбет. Останала сама баба Донка во куќата, а во дворот имало еден убав, голем даб.

Под дабот имало маса со две клупи; мажот ги беше направил, пред да ја земе невестата Донка. На таа маса тие седнувале штом ќе осунело, а седнувале и приквечер, откако денот ќе завршел. Тука тие седнувале и со своите дечиња, додека растеле, си до денот кога тие заминале: мажот од овој свет, а децата на печалба.

Арно, ама една ноќ некои дечишта, момчиња од селото, се напиле и се знае - кога нема друга работа, ѓаволот си ги дави децата! - зеле балтии и го посекле дабот. Сторителите биле деца од добри фамилии. Нивните татковци веднаш собрале пари и м понудиле отштета на баба Донка. Дабот имал околу десет товари дрва, а тие предложиле да платат колку за дванаесет товари. Баба Донка не се согласила, туку ги тужела на суд. Судијата м објаснил дека понудата на родителите е фер, но, ете, ако таа сака, може да пресуди да м се плати колку за петнаесет товари. Баба Донка решително го одбила и тој предлог. На новото судење, судијата рекол дека законот предвидува покрај отштетата, и по еден месец затвор за сторителите - ако таа инсистира!

“Не сакам децата да одат затвор! Не им ги сакам ни парите!”, пресекла баба Донка. Судијата се зачудил: “Еми, оти тогаш си ги тужила? Што уште сакаш да сторат!?”

“Нишчо не му сакам, господине судија. Сакам само да ми го 'опре дамбо' како што ми стоеше!”



ОД МЕТАФОРА...



Сакам само да ми го опре дамбо како што ми стоеше! - ете ја формулата на вистинската правда, поправо, ете го судирот на правдата и сторената неправда! Ете ја апоријата на секоја идеја на компензација за одземање и уништување на нештото што не може да се компензира! Не го пресекоа оние аџамии само дабот, не ја оштетија тие баба Донка ни за десет, ни за петнаесет товари дрва; тие м ја уништиле сенката под која таа се одморала на крајот од денот: ги пресекле сите нејзини спомени. Цел еден живот падна кога падна дабот. Последното место на кое баба Донка уште можела да ги најде спомените на мажот и на децата додека биле живи, тие м го пресекоа со своите балтии. Дворот и куќата без дабот веќе никогаш не можеше ништо да ги врати да бидат какви што биле со тој даб. Што друго требаше да бара баба Донка како отштета? Никаква компензација, ни сатисфакција, никакви пари, ни казни за сторителите, не би можеле да го вратат она што беше посечено таа пијана ноќ.

Еднаш посечениот даб веќе ништо не може да го опре, да го исправи. За некои дела, едноставно нема начин да се пресмета и надомести сторената штета - што значи дека за некои неправди нема лек, ни доволно ефикасна правда.



...ДО СУШТИНА



Името на Република Македонија е дабот кој едноставно не смее да биде посечен! Што и да се добие за него, малку ќе е! Ништо не ќе може да го врати на местото каде што стоеше; ни компензации, ни казни за сторителите.``
 
По повод признавањето на Македонија под уставното име од страна на Зимбабве,синоќа се напраив камен! Топ причина за одличен петочен провод. А баш за момент си помислив дека цела вечер треба да пијам без повод и причина. Ова ми дојде ко кец на десетка. Фала ти Зимбабве!
 
A1 дознава од анонимни извори дека кога се сретнале Кољо и Роки ,ги имаат расечено дланките и си ја помешале крвта.
Сега имаме братски народ со Никола Мугабе и Роберт Груевски.
 
Роберт Мугабе потекнува од стаааааааааара кралска африканска лоза неговиот пра прадедо бил крал на племето таму и оттаму Мугабе полага на правото да владее со Зимбабве.
Уствари бе дали се знае лозата на сите овие наши политичари Бранко Црвенковски и Никола Груевски можи и рода да се па оттаму блискоста со него и признавањето.
 
Нека се замислат сите они кои се потсмеваат на ова признавање на името на што уствари се потсмеваат. Со самото тоа се потсмеваме самите себе си, зашто нели сакаме да не викаат како Македонија без разлика од која земја на светот станува збор!
 
Го обвинуваа Груевски оти се сретнал со Мугабе, демек тоа било против европјаните... + за Грујо и Мугабе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom