Искрено не знам кои се тие ликови и освен ако не работат кај балканци работодавци или работат на црно или не се дел од it индустријата практично е многу тешко да најдеш работа, пошто еден од условите за да добиеш работна виза во Шведска е да имаш понуда за работа од шведски работодавец, а без соодветно познавање на јазикот шансите за вработување ти се многу мали, особено сега кога има огромен наплив на мигранти и критериумите стануваат се поригорзни и поригорозни.
Многу е полесно да се каже отколку да се направи, особено ако цел ден ти е исполнет со обврски, многу е тешко во таква ситуација да го научиш јазикот. ЈАс неколку години сум во контакт со шведски, ијам добро познавање и на англиски, ијам учено и германски пред доста време, јазиков не е воопшто сличен иако спаѓа во германска група на јазици. Да, можеби нема падежи ко во германски и демек е полесна граматиката, али изговорот и самите зборови се разлика небо земја со англиски. Со знаење на англиски многу полесно ќе научиш француски/шпански/италијански пошто во англиски имаш огромен фонд на зборови позајмени од латински.