Жешкото време е од тајно оружје на САД? - Го пржи Балканот - измерени неверојатни 60 степени

  • Креатор на темата Креатор на темата Makarov's Lead
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Возраст
37
За да се потсетиме на топлото време од претходното лето, ве потсетуваме на веста за „измерените“ 62 степени во Белград.
„Изминатите неколку денови на Балканот измерени се највисоки температури од кога се мери воопшто температурата. Одредени интернет портали пред некој месец ја обелоденија вистината, дека причина за ваквите екстремни температури на Балканот е антенскиот систем во Барајево.
И покрај тоа што официјалните мерачи на температурата во Србија изјавија дека температурата стигнала до 40 степен, голем број на белграѓани, излегоа на улиците да ја измерат сами температурата. Бојан Апостоловиќ со својот термометар измерил неверојатни 62 степени и самиот не можел да поверува дека е толку жешко.
„Во Белград е пожешко од не само некои европски градови туку и од некои африкански држави“, вели Бојан.
„Едно време аматерски се занимавав со метеорологијата и веќе неколку години константно ја забележувам просечната температура и можам да кажам дека толкави високи температури, кои што траеле толкав долг период, никогаш немало.
Живеам во близина на Белградската арена и точно во еден часот попладне, излегов на асфалтот во делот каде што ниту малку нема ладовина. Измерив неверојатни 62 степени. Не е нормално Србија да биде потопла од Африка, а тоа се случува“, вели Апостоловиќ.
HAARP.jpg
 
:tapp: Да сад е крив и кина и сите тие кои имаат јака економија благодарение на нивната економија и на нивните фабрики и тн. да не набројувам. Самите ти е во последниве 100 год најголемите држави кои се во пораст прават стаклена градина. И каде што не само на балканот и на други места се измени времето и се како што гледам секоја година се повеќе и повеќе се изменува времево ... Ќе се пржиме летово во МКД што е најважно денеска во дуќан 3 клими не можеа да постигнат да намалат температура под 29 степени човече :facepalm:
 
стави го термометарот на сонце и кај нас 70 ќе измери

температура се мери под сенка, да е 60 степени под сенка сите ќе испоцркавме до сега
 
Ах, летово пак ќе гледаме секакви будали со термометри на улица на сонце кои покажуваат 60 степени и ќе зборат за некаква завера...
 
А што толку сите му се намерачиле на Балканот?
 
И која е поентата на вмешаноста на САД со времево? Сакаат да не отепаат со температуриве ли? Па да не намерачат за такво нешто за 5 минути ќе го снема цел Балкан. Пробувам да најдам како би можеле да делуваат ама текстов нема никаква информација за дејство на трета страна врз временските прилики.

Тогаш авторот нека се произнесе и нека објасни како, зошто ова е стандард муабет кој се врти и кај нас кога секое лето се мери температура со термометар на асфалт ставен.
 
И снеговите зимоска беа од нив. Сега и торнада ќе почнат да виреат на балканот и од кај јадранот ќе има цунами. Све е тоа америчко оружје бре.
 
Со договорот во Монтреал се стави услов да се стават вон употреба халогенираните јаглеводороди (CFC), докажано е дека тие учествуваат во радикални реакции кои ја уништуваат озонската обвивка.
Мене ме чуди што иако нивниот процент во стратосферата според статистичките податоци опадна значително, повторно имаме огромно UV зрачење, за утре најавија индекс 9/10.

Зголемена температура може да се објасни, емисија на јаглерод диоксид, моноксид, водена пареа, сите тие предизвикуваат инверзија на температурата.
Плус во градските средини, премногу асфалт, премногу бетон, термодинамиката си го прави своето, основи закони на физика се тука во прашање, не е за чудо.
 
значи затоа мекдоналдс се повлекува од овде - ќе има некоја летна бура,спасувај се кој може !
 
Со договорот во Монтреал се стави услов да се стават вон употреба халогенираните јаглеводороди (CFC), докажано е дека тие учествуваат во радикални реакции кои ја уништуваат озонската обвивка.
Мене ме чуди што иако нивниот процент во стратосферата според статистичките податоци опадна значително, повторно имаме огромно UV зрачење, за утре најавија индекс 9/10.

Зголемена температура може да се објасни, емисија на јаглерод диоксид, моноксид, водена пареа, сите тие предизвикуваат инверзија на температурата.
Плус во градските средини, премногу асфалт, премногу бетон, термодинамиката си го прави своето, основи закони на физика се тука во прашање, не е за чудо.

мене една работа не ми е јасна... - порано кога ги имало значително повеќе тие халогенирани јаглеводороди немало толку големи температури како што има прошливе две/три години кога нивното ниво е значително намалено...

стварно звучи збунувачки инелогички
 
А што толку сите му се намерачиле на Балканот?


Како бе па што? Не ли гледаш нафта, злато, дијаманти кај и да копнеш. Толку вреден народ за робови да го претвориш нигде нема, а една интелегенција и инвентивност што да ти кажам погледни им ги само лидерите, кај и да е поголем дел од државните ќе влезат во 20тиот век за некоја година... Се надевам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom