Женска етика

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Со некои од идеите на Рејчел Карсон (инцијаторката на современата еколошка и биоетичка свест и акција) се појавува еден вид на нов етички феномен, женска етика.
Се верува дека женската душа има димензии кои се претставени со:

~мирен живот
~сигурно постоење
~стабилен опстанок
~емпатија
~разбирање
~топла практичност

Што мислите колку ова е вистинито, знам дека ако ја глобализираме темата ќе се дојде повеќе или помалку до тој заклучок, но што ако не е така?
Зарем денес жената не заличува се повеќе на мажот во одредени полиња и не е само прашање на време кога нејзиниот менталитет потполно ќе се промени?
Зошто е тоа така?

Како вие би ја опишале/дефинирале женската етика? :lele:
 
Etikata sto e pogore opishana najverojatno vazi za zeni nad 60 godini, ili barem ja taka mislam?!?
ako sum u greshka ke se popravam, vetuvam :)
 
па дека жената ке се промени да ке се промени..
и сите ке се бунат!а зошо?!?!
бидејки сите се навикнати на еден модел на жена и не прифакаат поинаков модел.секој очекува жената да има разбирање,да слуша и да клепа!тоа се очекувањата од една жена.за жал...а доколку дојде до промени во тој т.н модел..ке биде тешко,ако почне да зборува,да се искажува,да има амбиции за напредување,да е амбициозен...
жената е столб,ја крепи сржта на општеството-семејството.жената држи се во свои раце и раководи со се.бидејки ако не е така ке нема семејство.му се допаѓало тоа на машката популација или не,така е!
жената почна да се пробива во машкиот свет...:toe:
а женската етиката...америчко шит!!
 
жената држи се во свои раце и раководи со се.

Жената може и секира да држи во рацете и да цепа дрва во 6 сабајле. Онака, се наоколу спие, само слушаш повремени ЦАП ЦАП ЦАП ЦАП... Жената може и да гради згради... замисли ја онака на скеле со минич и лакирани нокти во пределот на рацете и нозете....
Да прекинам, зошто едноставно не се предадете? Верувам во совршена креација и мажот и жената се совршена божја креација. Им дал господ различно сваќање на работите, различна сила... за да се надополнуваат еден со друг а не да се исти едни со други.

Е сега, во однос на темата. 20-21ви век донесоа многу промени. Жените сакаат поголеми права иако не можат да си го дозволат тоа.
Мислам дека ќе продолжи оваа практика уште некој период, па пак ќе се вратиме на старото... Жената меси леб, мажот цепа дрва. Идила.

Патем, поголемите правата секогаш носат и поголеми обврски.
 
Или јас не сум женско, или она што во случајов е наречено женска етика, не се совпаѓа со голем број на припаднички на женскиот пол:toe:
Патем, секое мало дете, без разлика дали машко или женско осеќа силна потреба од набројаните нешта. Тоа стои во детската психологија.А во подоцнежната возраст истиве "димензии" може да се поврзаат со одредени типови(карактери) на луѓе, а не со пол.
Затоа сметам дека се само глупаво клише за женското кое као е пасивно, силно емотивно, има потреба од стабилност(кој ја нема уствари, али ај) и слични други застарени шаблони и ни најмалку не се согласувам со нив, ниту ги сметам за релевантни.
А не ни верувам у некои битни разлики помеѓу машкото и женското. Особено во полето на моралот и етиката. Етиката е се-човечка, а не резервирана за полови, раси, боја на очи или што ти ја знам.
И женските не наликуваат се повеќе на машките(се додека имаме XX хромозоми, јајници, вагина, матка и слично ќе бидеме само женски), туку конечно сме ослободени од стегите на минатото кога сме морале да се држиме до одредени стереотипи(како овој околу женската етика) за да не бидеме општествено изземена, па затоа сега имаме шанса да го покажеме својот полн потенцијал, а не да се ограничуваме во некоја таканаречена женска природа.
 
Со некои од идеите на Рејчел Карсон (инцијаторката на современата еколошка и биоетичка свест и акција) се појавува еден вид на нов етички феномен, женска етика.
Се верува дека женската душа има димензии кои се претставени со:

~мирен живот
~сигурно постоење
~стабилен опстанок
~емпатија
~разбирање
~топла практичност

Што мислите колку ова е вистинито, знам дека ако ја глобализираме темата ќе се дојде повеќе или помалку до тој заклучок, но што ако не е така?
Зарем денес жената не заличува се повеќе на мажот во одредени полиња и не е само прашање на време кога нејзиниот менталитет потполно ќе се промени?
Зошто е тоа така?
Пизду матер, и јас сакам мирен живот, разбирање, стабилен опстанок...тоа ме прави жена? Да го откопчам патентот? Некој кандидат за ферка?

Рејчел Карсон или нејзините читателки? Еден кантар и под итно да се утврди чиј мозок е полесен. Освен, ако не се кријат во замок, таму е тешко да влезеш.
 
Баш така, нема некој шо не ги сака набројаниве ствари, макар и хермафродит бил.
Само Рејчел не ќе да била глупа кога успеала да земе ваква банална ствар и да ја преименува као нејзин екслузивен "пронајдок" и плус да најде овчички и овни кои ќе и поверуваат дека открила као нешо ново:uvo:
Она испаднала промислена и практична(не топло практична:pos2:).Другите испаднале гwупавички.:pipi:
 
~*~

Држете се до темата ... еднаш барем.
Прашањето е поставено критички ... ќе биде една тема да помине без „идиотски“ постови? :aham:
 
Држете се до темата ... еднаш барем.
Па баш се држиме до неа. Или требаше да кажеме "Ауу, колку е во право Рејчел Карсон" за да "не бидеме оф-топик"?
Прашањето е поставено критички ... ќе биде една тема да помине без „идиотски“ постови? :aham:
Каква тема, такви постови.
 
~*~

Па баш се држиме до неа. Или требаше да кажеме "Ауу, колку е во право Рејчел Карсон" за да "не бидеме оф-топик"?

Каква тема, такви постови.

Па уствари требаше да кажете колку не е во право ... али поткрепено со факти.
 
Што мислите колку ова е вистинито, знам дека ако ја глобализираме темата ќе се дојде повеќе или помалку до тој заклучок, но што ако не е така?
Зарем денес жената не заличува се повеќе на мажот во одредени полиња и не е само прашање на време кога нејзиниот менталитет потполно ќе се промени?
Зошто е тоа така?
Се додека не им порасне кур, нема да бидат исти со мажите. Но, сериозно, едноставно биолошки не е можно, освен ако не станеме безполова раса. Така да вакви политички коректни дискусии за да не се повредат нечии чувства се далеку од потребни. Не те репресирам или ја запирам твојата борба или што и да си помислиш, али никаква еманципација нема да настане додека се развиваат нови поими како женска етика само за да покаже општеството колку се и жените уствари фини чак и боље!

БТВ, Сатори, те молам дефинирај ја фразата топла практичност.
 
Што мислите колку ова е вистинито, знам дека ако ја глобализираме темата ќе се дојде повеќе или помалку до тој заклучок, но што ако не е така?
Зарем денес жената не заличува се повеќе на мажот во одредени полиња и не е само прашање на време кога нејзиниот менталитет потполно ќе се промени?
Зошто е тоа така?

До тој тој заклучок јасно е дека нема да се дојде. Може да дојдеме до заклучок дека мажите и жените се различни но ништо повеќе.
Жената фала богу почнува да заличува се повеќе на мажот. Јас искрено се надевам дека еден ден нема веќе да има различни полови, нафтата ќе се истроши, озонот ќе се скрпи, вода ќе има, и на планетата нема да има за што да се војува.
А зошто е тоа така. Нит знам, нит ме интересира. Ама ми оди во прилог како и да е. Не морам да одгризам ничие уво за да и докажам дека ќе има со мене стабилен опстанок и сигурно постоење како и мирен живот.
Значи женската етика веќе не постои во форма која би требало Карсон да ја форсира на темава.

Bada Bing! напиша:
БТВ, Сатори, те молам дефинирај ја фразата топла практичност.
Топла практичност (ang. Toplah Prackhteechnost) - е женска способност на решавање на домашните проблеми каде најчесто ќе мора жената да се покори на мажот во ситуации каде всушност таа е во право. Исто така постои и машка особина “топла практичност“ но таа би ја објаснил на темата топли браќа во форумот љубов и секс...
 
Само едно,зошто толку тежнеете да се промените?
Дали воопшто знаете оти треба да се промените,или па некој почнал да труби дека треба промена,па ај сеа сите по него.
И дали навистина се гордеете со тоа што се повеке заличувате на мажи?
Шознам бе,баш сте ОК вака,не ви треба стварно никаква промена,не знам зошто,ама опседнати сте со некаква си рамноправност мегу половите,која ако не сте приметиле постои веке подолго време,ама изгледа немате попаметна работа отколку да го подигате сомнежот околу тоа.Одете работете си ги вашите рамноправни работи и зимајте си ги рамноправните плати...никој нема да ви замери.21 век сме.
 
Жената може и секира да држи во рацете и да цепа дрва во 6 сабајле. Онака, се наоколу спие, само слушаш повремени ЦАП ЦАП ЦАП ЦАП... Жената може и да гради згради... замисли ја онака на скеле со минич и лакирани нокти во пределот на рацете и нозете....
Да прекинам, зошто едноставно не се предадете? Верувам во совршена креација и мажот и жената се совршена божја креација. Им дал господ различно сваќање на работите, различна сила... за да се надополнуваат еден со друг а не да се исти едни со други.

Е сега, во однос на темата. 20-21ви век донесоа многу промени. Жените сакаат поголеми права иако не можат да си го дозволат тоа.
Мислам дека ќе продолжи оваа практика уште некој период, па пак ќе се вратиме на старото... Жената меси леб, мажот цепа дрва. Идила.

Патем, поголемите правата секогаш носат и поголеми обврски.

браво:tapp:!!!во која смисла да се предадеме:uvo:?
а ако сакаш да знајш дека жената и месела леб и цепелА дрва и орала ниви и раѓала на тие ниви.зошто?значи пак идиме на истото дека жената е столб.а ако сакаш доказ отвори во темата МАЈКА МИ Е...ке видиш дека 80% викаат алал да и е на мајка ми шо сите не трпи...е од то следва дека сите се навикнти на тоа жената да слуша и да клепа.и ако мрдни малце од тие граници не чини.аман бе веке...кога ке признете дека е така...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom