kano
Farang
Која е таа сериозна институција која не бара извод на венчаните каде се докажува брак? Навистина не си во право. Ако некој не бара, тоа е голем пропуст на вработениот и може ДЕБЕЛО да заглави. Веќе реков дека може да има Петковска и Петковски, а да не се во брак, ниту пак се некој род. Секако има и двајца Петковски, кои не се во роднински релации. Ова е неточно дека не се бара доказ за брак. СЕКАДЕ СЕ БАРА ДОКАЗ ЗА БРАК, каде што е тоа потребно. Демек, јас и татко ми имаме исто презиме... и ќе ни се признае ли брак само заради исто презиме? Или со некој братучед. Или кој и да е со кого имаме исто презиме? Смешно е тоа да се каже.
Ако мислиш дека тоа е еволуција... веднаш ќе ти кажам дека е тоа дебилна еволуција. Неценење на сам себеси. Срамење и непочитување од своите национални особини. Само така терајте, ќе успееме да го уништиме македонскиот народ, како белег. На крај... ајде и јазикот да го укинеме, да зборуваме англиски... попрактично здравје.
Прошетај подалеку од прилеп па ќе видиш дали е така или не е.
Ајде бе сега ова било неценење или непочитување... Дали Блаже Конески со промените што ги направил исто не го ценел јазикот и нацијата? Тој направил многу порадикални промени него ова...
Да, еден ден сите ќе збориме англиски или кинески или некој трет јазик, не само ние, сите. Еволуција на човештвото
Затоа се издава документ со кој се потврдува бракот и го покажуваш сегде кај што ќе биде потребно.
Инаку јасно е дека секој можи да носи презиме какво што сака, со одредени правила при одредување и ограничувања (пример да не го навредува јавниот морал)