Луки, не е толку за испод чест, колку што животот на село не е едноставен. Од невестата се очекува да молзи крава, на пример, а јас знам за селски моми кои не знаат да молзат. Невеста од село многу побргу и полесно ќе се снајде во животот на село, отколку некоја која не ја знае разликата меѓи млад кромид и млад лук. За жал, кај нас живото на село со децении се потценува. Тоа се прави и заради тоа што релативно доцна се приклучија на вода, а има села во кои се уште нема струја.
А ти не се претставувај толку работлив, ќе ги исплашиш момите! Искреноста е преценета!
Така е, живото на село не е едноставен. Сите имат слика оти живееме у колиби, и носеме опинци... И требе слугувајне за само и само да положе за селска снаа...



Не е ништо страшно крава да се музе, или тутунче да се сее, или па разликата од кромид и лук да се знаа... Плус јас сам од газдинцка куќа, имаме ги сите луксузи дома ..

Посериозно, така е, у право си... Неразработена мома, тешко да се навикне на таков живот (иако мојто село е урбанизирано со сите комуниалии + асфалтирани улици) и оти ама баш ништо нема да и фале + попрошетана ќе биде од средностатистичка мома од кој и да било град од Македонија. Ама коа се кажам оти сам селцко дете (јас па никојпат у живото не сам се кажувал оти сам од Радовиш....) одма те гледат со други очички...
Значи повеќето моми ги е страх од работа и искреност, а? Јас па сакам да бидам фер џентлмен, а оно требало мајмун да биде човек


Македонските села се премногу земјоделско-сточарски , барем тие што сум ги видел.
Свињи и кокошки по двор , трактор , алати , дрвја ... тоа пројавува одбивност кај градските моми.
И кај албанките има такви што велат никокаш нема да се мажам за во село , но сеуште се малку.
Патем албанските села стануваат печалбарски , се помалце животни и трактори има по куќите , или си работат нешто приватно или пак си живеат со пари од странство.
Подобро се живее во Сарај или Арачиново , него ли во некоја Чаирска неразвиена населба.
Порано албанската жена работела на нива, сега одиш во село од 3000 жители ниедна жена на нива не гледаш.
Минуваш низ македонско село , гледаш полно жени како работат на нива.
Можеби тоа е и разликата зошто македонките не го сакаат селото, а албанките не се противат да останат во село .... дури има еден куп градски девојки мажени во село.
Работа, Дарданија, таа пуста насушна работа.. Секој гледа да избега од неа.. Албанките не одбиват домашни работи, и ако треба на поле одат. Ако не знаат, учат се...
На мене лично не ми сметат шо се зимат моми од Албанија. Има у мојто село 6-7 веќе, сите си имат деца, нема стари прчове да се маат по сред село.. Иначе, мајките си ги учат децата на албански, и сега има 2 деца шо са прво одделение, и имат јазични проблеми..