- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.976
- Поени од реакции
- 25.639
Не заземав страна јас, ни твоја, ни негова.
Дома е секако најубаво, да се разбереме, но дека треба ради тоа да остануваме во државава, ја не би сепак. Но, се слагам и со твоето дека не можеш само куферите да ги спакуваш и да се селиш, без документи, јазик и потенцијална/најдена работа, јас никаде не би мрднала.
Дома?

Да ти кажам мене што ми се случи, се осеќам како странец во матичната држава. Откако се преселив слушам муабети од типот како немам апсолутно никакво право да одлучувам за земјата во која фамилијата сеуште ми живее, иако низ сито и решето имам поминато таму пред да заминам, зборувам, нели, за обидот да створам подобро утре за сите. Во ред, си реков, фер. Ама тука не застанува приказната...
Откако заминав постојано ми се потенцира тоа и ми се набива на нос, како да сум направила којзнае колкав криминал... Самите пријатели и роднини ме третираат како странец, колку и да не го сакам тоа. Да не зборувам дека кога доаѓам, ако посетам лекар, плаќам приватно. Ме имаат избришано од секаде, како воопшто да не сум живеела таму, иако никогаш никаде не сум пријавила дека сум преселена. Капак на сѐ беше кога дојдов последниот пат и морав да се пријавам како турист во земјата во која бев родена и живеев 24 години.
И после сѐ, моменталната местоположба ја викам дома, затоа што тука се чувствувам многу повеќе добредојдена, макар и да ме гледаат како странец и тука.
Така да заборави на тоа „дома“. „Дома“ е таму каде што си се вгнездил, не каде си бил роден.