Не заземав страна јас, ни твоја, ни негова.
Дома е секако најубаво, да се разбереме, но дека треба ради тоа да остануваме во државава, ја не би сепак. Но, се слагам и со твоето дека не можеш само куферите да ги спакуваш и да се селиш, без документи, јазик и потенцијална/најдена работа, јас никаде не би мрднала.
Не реков дека си заземала..И неговата работа е супер,тој ќе заработи многу многу пари,ќе биде изнашетан,и пак ќе си биде со таткому и мајкаму..Се снашол човекот и успеал,нема тука љубомора или лутење..Ние зборувавме за тоа сам да тргнеш,без јазик и без свој човек..Ајде,ако имаш вујко,чичко,макар и јазик да не знаеш,ќе те варди он,ќе ти помогне..Ама апла сам да тргаш,тоа е самоубиство..
Јас знам многу млади девојки од факултетот,што заминаа во Катар,Дубаи,имав една бивша,сега е стјуардеса во Катар Ервејс,не дека беше бистра,ама беше многу убава,зема сигурно 2000 евра плата,ако не и повеќе,јас верувам дека таа убавина ја користи на други начини..
Ама треба да имаш и срце,и храброст..
Еве јас возам камион,и сум сам..НА камионот сум возач,чувар,книговодител,секој гледа да те украде,да те заебе и да ти наштети..[DOUBLEPOST=1514553402][/DOUBLEPOST]
Што ако живее со неговите сега, се кладам 99% дека првен само татко му има отидено па после постепено ги има повлечено и другите како и многу наши во странство сега.
Нормално потешко е сам ако отидеш со 1 плата таму ама ако сте 2-3 работспособни шансите за неуспех се минимални (ретко некој да знам да се врати од таму).
Како отишол таткому,како се снашол,тоа е нивна работа..Јас знам како одат,еден албанец да отиде,цело село ќе го повлече..
Јас знам дека се вратиле,не дека немало работа,туку психички неможе да поднесе да не биде дома..Сепак не е само едноставно,не е некогаш и до работата,психата е најголем проблем.