Жалите ли за времето поминато?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Заради времето што поминало најискрено не жалам зошто тоа е едноставно процес на живот, можеби жалам за некој пропуштени прилики ама за времето дефинитивно не зошто верувам дека тоа што следува ќе биде подобро посреќно повесело и слично. Повторно се трудам да бидам истата позитивна личност како предходно:)
криво ми е само што како проаѓа времето ми останува се помалку време од животот:(
 
Многу жалам заради времето што минало сакам да имам 13-14 години и досега многу работи ќе сменев немаше да се каам како што се каам сега ама тоа е тоа
Приказната продолжува...
 
Zal mi e za vremeto sto pominalo, no kako i da e zivoto prodolzuva ponataka i nema vreme za vracanje vo minatot...
 
Ми недостигаат некои моменти од минатото, но тоа е минато и нема да се врати ,а иднината е несигурна и променлива така да јас се сосредочувам со сегашноста и моментот:salut:
 
Жал ми е за времето што измина, колку само сакам да сум во некое време кога бев без грижи и мисли што ке ми донесе утрешниот ден, дали ке биде се како што треба или ке тргне нешто наопаку???
Ама од друга страна пак секое ново време си носи со себе нови згоди, незгоди и секогаш ке ни биде криво што во минатото сме пропуштиле некоја шанса, што не сме ја зграпчиле на време и поради тоа ке се каеме.
Во моментов гледам да го живеам периодов сега онака како што знам и умеам, можам да кажам дека не секогаш размислувам за постапките дали биле правилни или не се со цел дека никогаш не знаеме што носи утрешниот ден па си го терам секој ден со посебен жар и желба следниот да биде подобар од претходниот.
 
Па ако било добро би ми недостасувало. А сеа дали би жалел тоа не знам пошто и да жалиш и да не жалиш нема да ти се врати тоа.
 
Па обично си помислувам на поминатото време ама се тешам со тоа што е пред мене.Супер ми е и вака,иако и у минатото небеше лошо но сепак мислам дека иднината е поинтересна од минатото.Така си се тешам:)
Жалам само за некој моменти од минатото,кој би сакал пак да ги проживеам...
 
Не ми е жал за времето што изминало, тоа се само спомени кои нема да се вратат, добри или лоши кои како неповторлив синџир се синтетизираат за да работат во корист на потенцијалот наречен-иднина...
единствено нешто за кое искрено жалам е мигот-сегашноста која честопати ја занемаруваме сакајќи да навлеземе во некоја самокреирана димензија на нашите умови, таа сегашност сакам да ја вкусам во потполна глоемина, од причина што и е најголема.
А факт е дека се е премногу бргу, минатото како да е вчера ,како вчера да тргнував во градинка , а сега ... А утре ?
 
Да! Кога сум бил 6-7 год. требаше да тренирам нешто спорт а вака сега ништо :(
 
Жалам за испуштените моменти, ама за непотребните моменти уште повеќе. :kesa:
 
Не, според можностите кои сум ги имал така и сум правел, така сум се понашал и не жалам.. оти сум го користел максимумот, колку и да е мал.
 
Ме фаќаат понекогаш носталгии и криво ми е што не сум проживеал онака како што сум сакал во одредени периоди,али тоа е некогаш не зависи од тебе,уствари многу работи не зависат од самите себе,али иднината ми е таа што ми е предизвик,иако се плашам дека нема се да иде на подобро,али јебига све е коцка у животов
 
Многу ми жал за сето време што ми е поминато.

најмногу ми е мака кога бев втора година,времето летна,а толку ми беше интересно и сакам да се врати:toe::(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom