ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Значи од сето она што го кажав, ти само ова си го извлекол. Алал нека Ви е бе, луѓе.
Затоа си патиме...

Не си помислил дека можеби не ми е далечен и дека можеби и тој не спие со неговите родители, седат со нас, дремеме по камери, по вибери овие неколку дена, баш затоа што се секираат и дека ни се блиски? :)

Меѓутоа, мене прашањето ми беше поинакво, некој поискусен да ми каже што се разбира, без притоа да ме фаќа за зборови и да ме подпрашува за моите братучеди, чичковци и слично...
Да ми каже, како може и на кој начин се предвидуваат земјотресите?! Пошто сум чула, дека не можело. Ме изненади фактот со она што претходно пред да има мене ми кажаа дека ќе има. Толку.
Земјотрес не може да се предвиди. Сите претпоставки се базираат на статистички податоци и нема шанси некој да каже точно во колку сат или кој ден ќе удри. Е сега братучед ти ако предвидел земјотрес, нека му дадат нобелова награда.

И гугл го вика истото.
68478329de7b5ee88f37d1efbf809bed.jpg


Е сега се појавија многу јасновидци што за 5 минути слава и клик плус ќе изнатресат глупости. Гледав вчера на утринска програма се јави еден и вика ги сонувал сите земјотреси [emoji40]
Ама ме окривувам никого пошо човековата природа е многу љубопитна и затоа и многу луѓе лесно наседнуваат и шират дезинформации.

Sent from my LG-D850 using Tapatalk
 
Никој не може да биде смирен и рамнодушен
Јас се сеќавам дека по Земјотресот 63, имаше планови Скопје да се дислоцира, а имаше планови да се градат само бараки
 
Ако ништо друго после сево ова ќе излеземе доста појаки и малце другачии ќе гледаме на животот. Некако ми недостасува експертско мислење за оваква појава. Можеби држи вода објаснувањето дека овој тип на земјотреси се јавуваат на 100 години.
..тоа ти е статистика, а на основа на неа теорија на веројатност илити монте карло метода, т.е. пи пута око.... :) ако поредиш така по години ни мртов коњ не пува , ама некогаш знае да засмрди до небо.
Генерално ништо страшно , вакви земјотреси по свет има ДНЕВНО десетина.., сигурно, покрупните се поретки , а катастрофалните уште поретки. Тоа значи дека статистички си побезбеден отколку да седиш у ауто на македонски автопат барем 10000 пати... :)
А Скопје генерално гледано е сеизмички добро спастрен град, секако подобар од Константинопол, а тој рука на срце седи на нуклеарна бомба од баја калибар... :)
 
Никој не може да биде смирен и рамнодушен
Јас се сеќавам дека по Земјотресот 63, имаше планови Скопје да се дислоцира, а имаше планови да се градат само бараки
А, сега, не само што не изградија бараки и сите мирно да си живееме, туку изградиле згради со по четириесет ката.
Да може зградата комотно како кутија да си падне.
 
Вчера еден пријател ми раскажа свое доживување од Земјотресот 63
Тој тогаш живеел во Маџари. Во Маџари многу слабо се почуствувал земјотресот кој се случил во 5,17 часот. Во тој момент тој се бричел и потоа тргнал на работа во Металски завод Тито
На работа сигнал во петнаесет минути до шест
Но не ги пуштиле на работа
Пред фабриката веќе биле паркирани војни камиони во кој ги качиле и сите ги одвеле да го расчистуваат Скопје
Ете, во тоа време на ЈНА и бил потребен помалку од пола сат за да почне да дејствува!
 
Дали во 63 вака дрмало неколку дена или само пред и после земјотресот имало некој афтершок, како што знам само тие неколку сати дрмало и толку... Ако има некој што знае повеќе нека пише
 
Дали во 63 вака дрмало неколку дена или само пред и после земјотресот имало некој афтершок, како што знам само тие неколку сати дрмало и толку... Ако има некој што знае повеќе нека пише
Мене ми кажуваше дедо ми , дека и после тоа имало мали земјотреси цела недела, ако не и више, док се стабилизира. :)
 
Дали во 63 вака дрмало неколку дена или само пред и после земјотресот имало некој афтершок, како што знам само тие неколку сати дрмало и толку... Ако има некој што знае повеќе нека пише
Мене како што ми кажувале старите 3 недели имало афтершокови. За предходно незнам.
 
Дали во 63 вака дрмало неколку дена или само пред и после земјотресот имало некој афтершок, како што знам само тие неколку сати дрмало и толку... Ако има некој што знае повеќе нека пише
Ма како неколку дена се тресеше цела година. Имаше јаки потреси кои ги дорушија зградите. Дури и во зимата луѓето спиеа во шатори
Јас на оваа тема веќ напишав дека ова ќе потрае
Еве фотографија од школо под шатори
0-emotivni-ispovesti-na-onie-koi-go-prezhiveale-zemjotresot-1963-vo-skopje-keif.mk_-660x330.jpg


Еве напис за шаторските населби во Скопје по земјотресот 1963
http://okno.mk/node/30577
 
Последно уредено:
Југо-истокот кога имаше серија силни земјотреси пред неколку години најмногу 4-5 дена се чувствуваа афтершокови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom