ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Само вака нека си продолжи, никогаш да не осетам земјотрес :icon_mrgr:

Нема шанси брат да не си го осетил тој пред 8-9 години што траеше 8 секунди. Јазикот ќе си го апнев од страв тогај.:D

Иначе така поубаво стресе овој и имаше краток афтершок едно 10тина секунди после земјотресот. Али претпоставувам се осети само во тие кои живеат повисоко.
 
Тогаш бев основно и бев на трети спрат, така да освен тој земјотрес друг не сум осетил :icon_mrgr:
 
Нема шанси брат да не си го осетил тој пред 8-9 години што траеше 8 секунди. Јазикот ќе си го апнев од страв тогај.:D

Иначе така поубаво стресе овој и имаше краток афтершок едно 10тина секунди после земјотресот. Али претпоставувам се осети само во тие кои живеат повисоко.
Февруари месец, неколку дена пред да загине претседателот Трајковски? Тогаш ептен убаво се осети, знам бев на школо, 3то одделение, сите надвор.

Иначе овој не го осетив, зборам со девојка ми на телефон и ми вика земјотрес, ја се чудам, и пробувам нешто да почувствувам...можеби ептен мало движење некое, мада и на приземје сум.
 
Да тој, и ја исто основно али порано завршив и отидов на гости кај баба ми која живееше на 8 спрат. Тоа драми било колку језиво беше, мислев во секој момент ќе се отвори подот и отидовме јабана.
 
Јас сум на 14 ти и исκρено ниκаκов земјотρес не осетив,повеќе го осетив ветеρот што за малце пρозоρците ќе ми ги исκоρнеше..
 
Даа бе тој јакиот што беше пред 8 години. Памтам бев сам дома, варев млеко да направам попара, а во меѓувреме гледав Аниманиакс на Телма. Таман го исклучувам шпоретот и тргам млекото настрана, кога фатив да се тресам!!! Отварање вратата џом по скали. Знам комшиите ми викаа да не бегам, туку да стојам под вратата, ама јас исплашен нешто во стилот "Не, што ве ебам, ќе си бегам..." :'D

Мајка ми наработа паника ја фатило, ниту телефони работат да се јави кај ме не, ниту ништо. Али добро, потоа дојде брат ми од школо, таа ден сите ги ослободиле од настава... евритинг вент бетер тхен ај ексептед :')
 
Даа бе тој јакиот што беше пред 8 години. Памтам бев сам дома, варев млеко да направам попара, а во меѓувреме гледав Аниманиакс на Телма. Таман го исклучувам шпоретот и тргам млекото настрана, кога фатив да се тресам!!! Отварање вратата џом по скали. Знам комшиите ми викаа да не бегам, туку да стојам под вратата, ама јас исплашен нешто во стилот "Не, што ве ебам, ќе си бегам..." :'D

Мајка ми наработа паника ја фатило, ниту телефони работат да се јави кај ме не, ниту ништо. Али добро, потоа дојде брат ми од школо, таа ден сите ги ослободиле од настава... евритинг вент бетер тхен ај експектед :')
There you go, I've fixed it. U'll Thank me later.
 
И јас ретко осеќам земјотреси...Тој у саботата го осетив бидејќи у станот у СК насабајле сонцето изгрева у собата и секое сабајле се преместувам во друга соба,кај шо креветот при секое минимално движење крца и мислиш дека ќе пропаднеш. У саботата по навика си се преместив у 6 сабајле,навиен аларм у 11 и го исклучив и си дремев онака. И одеднаш почна креветот да се тресе,си реков бегај ќе се распаѓа срипав одма и у дневната гледам ламбата се тресе. Прв искусен земјотрес,конечно :LOL:. А тој вчера не го осетив стварно,екипа бевме собрани и музика/муабет и никој ништо не осети.
 
Near Ryuzaki e ovde :cool:

Sent from my Vodafone Smart II using Tapatalk 2
 
Picture 431.jpg Picture 465.jpg Picture 462.jpg СКОПЈЕ 1963
Во спомен на другарчето од детството КУЗМАНЧО.
Денес бев на семејните гробишта,во Бутел кој се веднаш над оние од земјотресот.
И секогаш кога поминувам таму се сеќавам и на таа трагедија и на Кузманчо.
Кузманчо учеше и беше другар на братми едно оделение погоре во О.У. „Кочо Рацин“
Но бидеиќи и јас како помал стално сум бил околу братми а со тоа и околу Кузманчо, и добро го познавам,а и тоа време си се дружевме.маалски другари од улица „Савска“.
Го нема сега Кузманчо,не сум го видел 50 години,останаа избледени детските сеќавања. Тоа утро тој беше во новата зграда на (ул.Орце Николов,до булЈНА) таа цела зграда пропадна во подрум.Многу,т.с. сите таму загинаа,цела таа фамилија.
Таткому и мајкаму на Кузманчо во тоа време беа во Ќустендил на бања,за трагедијата сигурно разбрале на радио а за лошата вест за цела фамилија откако дошле тука.
 
Имаше во Битола пред 2-3 минути или мене ми се причини? Морници ме полазија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom