Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.997
хахах осим срањата со хаарп интересни се и оние со вулканот.. да незнаеш кое е поглупо кое не.
Не би претерувал со "глупоста за вулканот". Знам дека повеќето поимот вулкан прво ги асоцира на височка конусна планина од која извираат гасови и лава, ама постои и друг тип на отвор во земјата. Инаку докажано е дека при ерупции постои зачестена земјотресна активност, што не мора да значи дека и овде е случајот.
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Caldera
Читнете на пример за Laacher see во близина на Бон и Кобленц и какви последици имало од последната ерупција, а местото изгледа така невино и наивно.
Што се однесува до ХААРП, нивото на таквите конспиративни поврзувања со овие природни случувања е исто како толкувањето дека Свети Илија кога трчал со кочијата по облаците, ги предизвикувал громовите - инфантилно и наивно.
Пак ќе повторам, сите ние шпекулираме и овде и по интернетов. Мора некоја научна институција да го опише контекстот и потенцијалите за катастрофа. А не да ми искача гаре и да дава изјави ко у кладионица "не очекувам". Луѓено се побудалени и мора некако да се информираат.