ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Овие 2-3 дена стварно језиво. На секој 15тина минути дрмаше, после одреден период не знајш дали стварно земјотрес или трипаш.
Денес се смири, имаше неколку ама полабави. Се надевам ќе прекинит ова лудило.

А исто гледам по фб, глумење лудило со некои фори и препуцавање охриѓани vs скопјани. Не бе, ние сме вистина ретардиран народ. Требит еден јак земојтрес и цела МАК да ја снемат. Страшно
 
Земјотрес во Охридски - Преспански регион

HAARP The High Frequency Active Auroral Research Program од 1993 активирно во УСА,
но многу катастрофални природни непогоди се случиле од таа година, зарем ако има таква колатерална штета, америте ќе си го сторат на сопствена територија и над сопствен народ??? не би рекла !

desktop-1438879439.jpg


...1995 год во Чикаго, топлотен бран едно од најлошите лета што ги имала УСА, починале 739 луѓе

1*-jLgyTV09aJJaGSzvM_34A.jpeg


... 2005 год удри ураганот т.н. ,,Катрина,, најголема катастрофа во историјата на САД со 108.000.000.000 долари штета и околу 1.836 лица починати !

2270559586_e8d26c24af.jpg


...2009 за три дена 85 торнада ровареле во Аркансас, Нашвил, Тексас, со голема штета и човчки жртви!

Fig-3-Topographic-model-of-the-Lake-Ohrid-Basin-based-on-SRTM-data-draped-with.png


Охридско Езеро како најстаро езеро во Европа со тектонско потекло пред 10 мил год создаден во карсно варовнички предел, базенот на Охридското Езеро во Македонија и Албанија ги исполнуваат сите критериуми за активен, сеизмички предел така да не треба да ни е необично што овие денови имаме таква сеизмичка активност,

Fig-1-Tectonic-overview-of-the-eastern-Mediterranean-geodynamic-situation-and-position.png


сега прашање дали е поврзано со горна вертикала на предходните појави на невреме во Словенија и Хрватска и под морски поместувања, или во долна вертикала на појачана сеизмичка активност на грчките острови тоа треба некои експерти да го објаснат, тоа би дошло како клацкалица каде охридскиот регион сеизмички базен би било во средина...
Fig-8-A-Triangular-facets-along-the-west-coast-of-Lake-Ohrid-near-Udenisht-Village.png


според мое мислење дното на овој базен највероватно е со дупла ерозија и тоа како се гледа на сликата странични ерозивни пресеци направени од ветар со долини како триаголни слоеви што највероватно даоѓа до дополнителни движења во дното на охридскиот базен, како и делот од вулканско потекло Косел како хипотермална област (активна или не? ) со што се предивикува највероватно дополнителни движења во источниот брег на езерото со лизгање на земјиште дополнително со притисок на подводни струи, со што се активираат при земјотрес како дополнителни сеизмички движења и мислам дека последните нагли ниски - високи температурни промени и силните ветрови и те како делуваат дополнително на овие места со што се случува склоп на природни феномени на едно место, кога ќе се стабилизира времето и се стабилизира лизгањето на земјштето ќе прекинат овие ситни, чести но непријатни земјотреси...

Fig-14-Sketch-of-the-major-neotectonic-features-at-Lake-Ohrid-resembling-a-seismic-or.ppm


најдолниот дел, дното каде под 10км се случи главниот удар (се надевам) ги помести сите погорни слоеви што се гледа дека ги има повеќе што секое нивно поместување да би се стабилизирале ни дава чести помали непријатни потреси...
не знам зошто нема стручни лица да би го тоа објасниле постручно дали овие дополнителни потреси се всушност поместување на овие триаголни слоеви и ерозивни карпи под езерото?

9740807063_3acac23bde_o.png


...се разбира тоа е мое размислување кое го споделувам да најдам објаснување за честите потреси на охридскиот регион и преспанскиот регион кој се поврзани со подземен канал во порозни варовници кои се дополниелни предизвикувачи на дополнителното преместување на подземните слоеви со мали сеизмички удари ! (y)

И Ураганот Метју е предизвикан од ХААРП системот?
 
4.0 како здрма пред спиење, око да не можеш да склопиш
 
Дај бе тргнете ги ХААРП срања постовите. Багра неписмена, место да си ги побарате учебниците по ЗПО и географија, полесно ви е по говна да кликате на интернет.
Ќе сјебел туристичка сезона у Охрид....треба прво да ја имате.

Тие што ве фаќа психоза потполно ве разбирам, ама нема чаре. Со тек на време ќе се прилагодите. Слично беше лани у Скопје и ич не сакам да се потсетам.
 
Дај бе тргнете ги ХААРП срања постовите. Багра неписмена, место да си ги побарате учебниците по ЗПО и географија, полесно ви е по говна да кликате на интернет.
Ќе сјебел туристичка сезона у Охрид....треба прво да ја имате.

Тие што ве фаќа психоза потполно ве разбирам, ама нема чаре. Со тек на време ќе се прилагодите. Слично беше лани у Скопје и ич не сакам да се потсетам.
хахах осим срањата со хаарп интересни се и оние со вулканот.. да незнаеш кое е поглупо кое не.
инаку - инфо за последниот земјотрес:


2017-07-04 22:05:16.224min ago 41.15 N 20.97 E 2 4.1 FYR OF MACEDONIA
 
Дај бе тргнете ги ХААРП срања постовите. Багра неписмена, место да си ги побарате учебниците по ЗПО и географија, полесно ви е по говна да кликате на интернет.
Ќе сјебел туристичка сезона у Охрид....треба прво да ја имате.

Тие што ве фаќа психоза потполно ве разбирам, ама нема чаре. Со тек на време ќе се прилагодите. Слично беше лани у Скопје и ич не сакам да се потсетам.
слично на миљарда земјотреси?
 
на што се однесуваше тоа со шитот? :toe:
Не очекував да видам член од 2007ма што нема пишано сто години така кежуал да улета по форумов.
Обично луѓе ги снемува и не се враќаат никад.

Зеленко за тебе.
 
Не очекував да видам член од 2007ма што нема пишано сто години така кежуал да улета по форумов.
Обично луѓе ги снемува и не се враќаат никад.

Зеленко за тебе.
:lolzz: нареден пат прво ќе најавам па ќе пишам
 
And.again...Чудно како почесто е навечер, тамам пред спиење:mad:
 
И за добро утро во 6:30.
Јачина 3.8 иако многу граѓани и коментари на emsc го етикетираа за посилен.
Имаше уште 2-3 помеѓу овај и тој од шолноќ со јачина околу 3.0
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom