Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не,во 18:02 ..
Со ваква влада, и премиер, се ќе се изгради одново, и то во барок стил, со Енохијански симболи за заштита од Ангели, демони, и други натприродни работи кои го мачат македонскиот народ!
Too much Supernatural dude
Јас не осетив, ама имало делови во Куманово кај што прилично здрмало.
Оваа година,50 години од Скопската катастрофа
ДА 50 ГОДИНИ ОД 26 јули 1963 година
а тогаш јас веќе знаев да читам и да пишувам, и да...да...
да, одам до кино „Бамби“ или градска плажа,
да, летам цуцулиги и да играм Челик во Еврејското маало,
да, тепам гуштери по ѕидините на Кале
да, ловам ракови во жбуновите под Официрски,
да, везден трчам по летки што ги фрлаа двокрилците,
да, крадам галаби од таваните на фак. во Ново маало,
да, со чатал и им ги кинам хулахопките на жените, кој
да, поминуваа покрај паркчето кај бившата ЦК,
да, се ѕверам од под Камениот мост,по женските газови,
да, возам точак под рам за што сум јадел жешки шамари,
да, одам по сладолед и лимонада во чаршија кај Пеливан,
да, а тогаш таа беше наша - Македонска еснафска чаршија
да, веам знаменца на Паради со црвена марама на вратот,
да, фрлам цвеќенца по патот кај што ќе помине Маршалот,
да, на Мала станица од мостот им мочам на возевите,
да, а од густата пареа тоа други не можеа да го видат
да, во Пајко маало и Крњево ги гледам тепачките,
да, на Маалските фраери,а ние копиљи ги чувавме палтата,
да, тоа беа најчесто со Маџирмалци поради некоја женска,
да, качен напред на татковиот точак се возам до Сарај,
да, на Водно се искачам и до Шесте чешми, а...
да, и ако заврне се криевме во големиот шуплив Костен,
да, веќе 50 години не сум го видел овој Костен,
да, веќе 50 години не веам знаменца за Паради
да, веќе 50 годни не мочам од мостот кај Мала станица
да,веќе 50 години не ги гледам Маалските тепачки,
............... да......
сега некој други знаменца се веат,со разни бои и величини,
сега моча кој кај ќе стигне,и врз што ќе стигне и без страв,
сега некој други тепачки се на сцена - не Скопски....
уште полошо ..не Маалски..туку национални....
еј мое предземјотресно Скопје каде си,каде се изгуби..
еј Македонијо каде си тргнала вака, по кој пат ли одиш...
да...веќе 50 години не те гледам... не те осеќам
Ја си стоев пред кампусот кога загрме чудово, мислев дека грми, кога видов ведро небо...Околу 9:30 беше така?
Јас имам фобија од природни непогоди , и како стресе кај мене како што сме на високо фатив низ врата да бегам ! И уште се тресам !![]()
Имало во 18.32 .
Во кисела вода не се осети а и не бучеш како од скопско епицентрално подрачје.
Имало во 18.32 .
Во кисела вода не се осети а и не бучеш како од скопско епицентрално подрачје.