Земјите во развој - нова шанса за македонскиот извоз

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Македонија треба да почне да извезува повеќе на Исток?


  • Вкупно гласачи
    40
  • Гласањето е завршено на .
Od stabot na vmro kolku ti davaat pari za ova da go pisuvas?:sneaky:
Пари неброени ...

Сега баш се мислам што да купам, дали Пагани Зонда или Бугати Вејрон, или да бидам скромен и едно Ферари за секој ден и едно Поршенце за викенди да си земам, а со останатите пари да уплатам рата за куќа на Копакабана за спонзорушата плавуша со големи силиконски гради да има каде гола да ме чека.

Цел ден во размислување за тоа го поминав и не можам да се решам...
 
Со вакво поднебје што го има Македонија(квалитетни производи, земјоделски пред се) а башка и 2 милиона сме не треба да имаме никаков проблем со извоз. Пазете, државата не треба да се фокусира толку на барање на извоз, имаме бизнисмени, трговци итн што сами си обезбедуваат пласман. По лично мое мислење државата треба да помогне да се заштити македонскиот пазар и производите што ги извезуваме да не завршат низ европа и азија како белоруски, романски итн.. Колку за информација еве ќе го споменам грозјето од југот на македонија.. Има извоз буквално до килограм за него, но по која цена? Ќе дадам пример еве за 200 тона грозје да им се плати по 20 денари макс. на производителите(зависно од сорта и по која цена ке се продаде горе), 3 денари гајба, 1 денар книга на секоја гајба на која што пишува дека е македонско грозјето и од која фирма, па работна сила, па 4 денари чување во ладилник од килограм пред да се продаде, даноци, транспорт и завршува во романија за 0.50 центи до 0.80 центи што не е мала цена за ова време што го живееме во сиромаштија. Е сега на истото грозје му се вади книгата од гајбите во романија и романците го продаваат на русите како молдависко по 2 евра од килограм.Не го зборам ова тукутака, лично се имам уверено во тоа на пазарот во Букурешт. Тука ни бегаат парите на нас, доколку тој производ се продаде во русија како македонски а штом русите го купуваат тоа грозје значи им одговара нашиот квалитет, тогаш наместо 20 денари мах да се плати на производителите тука ке се плати минимум 30 денари од килограм, наместо 15 000 денари плата на вработените ке се дадат барем по 25 000(и тие се малку за таква физичка работа), производителите на гајби ке имаат фул работа затоа што оној производител ако има 10 декари грозје ако му се плати по пола евро од килограм ке сее уште 10 декари итн..Друг пример ке дадам со доматите, до пред 10 години турците не знаеја за домати, сега се број 1 во европа по извоз на домати и тоа со никаков квалитет..Најквалитетна домата имало во Македонија и ке има во Македонија ама кој да ја работи? Најголемата грешка на оваа држава беше што му се даде субвенција на македончето, еве и јас сум земјоделец ама кажувам баш така како што е..Не му давај пари, дај му ѓубрива, семе итн а не пари бре човече.Со тие пари нема да купи ни семе ни ѓубрива туку леб а нема да работи. Е тука производството се намали со минимум 50% на домати во валандовско-гевгелискиот регион затоа што луѓето наместо домати сејат ореви, бареми и незнам што ти друго заради субвенции, извоз нема(со ореви и бадеми нема да бидеме конкурентни верувајте) а со тие субвенции и со тоа што го посеал нема да извади ни просечна плата. За други видови производи освен земјоделските не навлегувам да дадам мое мислење. И после државата ќе ни барала пазари на нас, демек досега ние од државата зависевме за пазари на нашите производи и конкурентни да бидеме одозгора, па ние како што стоиме во место со години пред се заради незаштитеноста на македонскиот производ ќе немаме што да понудиме на постоечките пазари а не пак на нови.
 
Fakt e deka 90% narod vo državava neke ništo da raboti. Dodeka toa ne se promeni ne biva ništo od Makedonija. Site se tepaat za državnička rabota,sekoj završil fakultet i sega.... ej abe ja sum gospodin so diploma,ne sum studiral za da se potam i da si gi prljam racete....
 
Fakt e deka 90% narod vo državava neke ništo da raboti. Dodeka toa ne se promeni ne biva ništo od Makedonija. Site se tepaat za državnička rabota,sekoj završil fakultet i sega.... ej abe ja sum gospodin so diploma,ne sum studiral za da se potam i da si gi prljam racete....

Ко прво, сакаат да работат. Ама сакаат работа која ќе биде платена.
Второ, секој со диплома, зошто би му работел на некој патриот за 6 000 месечно?

За на крај, некој ко тебе, да констатира дека биле мрзи момците Македонски.

Затоа извозот, наместо во зелки, е претставен во кадри.
 
*Јапонија не е земја во развој но е земја од Исток. ( Да не ме ребра некој)
Инаку веќе србите полека сфаќаат дека треба на Исток повеќе да извезуваат, изгледа треба во Србија да стане тоа масовна појава па на нашите компании да им текне. Што ти прават стари навики:)
СРПСКИОТ МЕД ЌЕ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО ЈАПОНИЈА



getImageThumbnail.axd
Српските пчелари минатата година извезле три тони мед, два ипол пати повеќе од 2011 година, соопшти заменик-претседателот на Сојузот на пчеларски организации на Србија, Милутин Петровиќ и најави дека и годинава одредена количина мед може да биде извезена во Јапонија, пишува порталот Бизнис плус

„Деновиве наши претставници престојуваат во Јапонија, каде што на трошок на владата на таа земја посетуваат курс за да научат како најдобро да го презентираат српскиот мед на пазарот во Јапонија“, изјави Петровиќ и додаде дека се надеваат дека таа далечна земја ќе биде еден од новите пазари, покрај земјите на ЕУ, каде што српскиот мед најчесто се извезува.
Минатогодишниот извоз на мед изнесува повеќе од 10 милиони евра.
Имајќи предвид дека во 2009 година српските пчелари извезле 956 тони мед, а две години подоцна 1170 тони, Петровиќ истакна дека минатогодишниот извоз од 2.972 тони е остварен благодарение на добрата организација на пчеларите, учеството на тендери, договорите со откупувачите за цените на медот, но и субвенциите на државата, кои сега се скромни.
Според неговите зборови, сега 8.500 пчелари од 204 општини во Србија, членови на Сојузот на пчеларските организации за мед, добиваат 3,7 до 3,8 евра по килограм, а до пред пет години им биле исплаќани 80 центи.
„Годишно произведуваме од 6.000 до 8.000 тони мед, од кои 50% е багремов мед, а останатите 50% го сочинуваат сончогледовиот, ливадскиот и шумскиот мед. Најквалитетни и најпознати во Европа сме по багремовиот мед, каде што најмногу го бараат тој мед“, истакна Петровиќ.
 
Ко прво, сакаат да работат. Ама сакаат работа која ќе биде платена.
Второ, секој со диплома, зошто би му работел на некој патриот за 6 000 месечно?

За на крај, некој ко тебе, да констатира дека биле мрзи момците Македонски.

Затоа извозот, наместо во зелки, е претставен во кадри.
На 90% од народот овде му е сон државна работа.....
Ќе се вработи некаде кај што ќе клати врата преку партија.Ќе прима 300-500 евра плата и пуна капа.....животната амбиција на просечниот македонец е исполнета.....
 
Ако некој извезува нешто за Далечен Исток нека пише. Брат Ми извезува прехранбрени продукти за Кина од Македонија. Ако има искуства добре дојдени се. Поздрав.
 
.. информација,...за земјоделието пример ете колку произведуваме зеленчук, домати што и да е, во кои производи сме суфицитни, а каде дефицитни во извозот и која е годишното количество зеленчук или овошје ....

Еве некои информации во врска со извоз на зеленчук ( од 2012 )

  • · Izvozot na zemjodelski proizvodi iznesuva nad 370 mil.evra godi{no a vo niv so nad 55% u~estvuvaat sve`iot zelen~ukot i ovo{jeto, odnosno blizu 190 mil. evra i prestavuva rast od nad 20% od izminata godina i rast od nad 500% vo sporedba so pred 10-tina godini.
  • · Najproizveduvani i najprodavani artikli se domatot ( 170.000 toni godi{no proizvodstvo za 2011 ), piperkite ( 160.000 toni ), zelkata, jabolkata, grozjeto
  • · Najgolemi pazari za plasman na makedoskiot zelen~uk se biv{ite Jugoslovenski republiki, Bugarija, Polska, biv{ite Ruski dr`avi.
 
Ако некој извезува нешто за Далечен Исток нека пише. Брат Ми извезува прехранбрени продукти за Кина од Македонија. Ако има искуства добре дојдени се. Поздрав.
Конечно вистински пост на темава епа луѓе што имате прехрамбени производи што се квалитетни а се мачите за Запад да ги извезете еве ви шанса. Доста плачете со намалената побарувачка во ЕУ.
 
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=15042





Германија бара Кинези менаџери за освојување на источниот пазар
Германските фирми имаат потреба од менаџери со познавање на странските пазари за да ја раздвижат автоиндустријата и другите области, кои бележат стагнација поради кризата на европскиот пазар
11032013112947_chaina-factory-image_230_47339.jpg




Дајмлер најавува промени во персоналната политика: „Ќе има повеќе проекти надвор од Германија отколку досега и со повеќе странски партнери“, најави шефот на персоналното одделение во Дајмлер, Вилфрид Порт.

Поради тоа, интерната програма за подмладок во раководството на концернот се проширува. Годишно се обучуваат до 500 млади менаџери. Притоа, намерата е бројот на лица со странско потекло кои се обучуваат за менаџери да се зголеми од една третина, на една половина од вкупниот број посетители на обуката.
За индустријата во моментов се успешни пред се‘ пазарите преку океанот, во Северна Америка и Кина. Автомобилскиот бизнис во Европа стагнира со години.

Дека интернационален менаџмент навистина може да биде барем еден од клучевите за успех, потврдува и Торстен Вулф, експерт за стратешки и интернационален менаџмент на универзитетот во Марбург. Тој го наведува примерот на Бертелсма.
- Тие во Кина се релативно силни и работат многу со раководни лица кои се Кинези, вели тој.
Интернационален менаџмент носи важна предност и за раководните структури во Германија.
Луѓето кои имаат поинакво потекло поинаку пристапуваат кон работите и различно постапуваат по одредени прашања на раководење. Затоа многу концерни користат ваква можност.

Ако се погледнат раководните структури на 30-те ДАКС-концерни (ДАКС е најважниот индекс на акции во Германија и го отсликува развојот на 30-те најголеми претпријатија на Франкфуртската берза на хартии од вредност, н.з.), ќе се види дека интернационализацијата на највисоките шефовски места е многу различна.

Според една студија на консултантската фирма Симон-Кухер и Партнери од 2012 година, Дајмлер, но и други глобални концерни како Луфтханза, Комерцбанк или Мерк, се раководени исклучиво од Германци. Наспроти тоа, најмногу странци во менаџерските фотелји, 86 проценти, има во Френсениус Медикал Кер, а потоа следуваат Линде и САП со по 60 отсто.

Просечно, странците сочинуваат речиси 30% од сите раководства на ДАКС-претпријатија. Тоа значи дека станале двојно повеќе во споредба со 2000 година, но веќе три години на тој план се бележи стагнација.

Јан Меркел, консултант во Симон-Кухер и Партнери, вели дека за тоа има две причини. Прво, се‘ уште владее конзервативна персонална политика, а второ - се‘ уште има опасности од јазични бариери: „Иако во раководството секој зборува англиски, кој е менаџерски јазик, комуникацијата со вработените сепак е отежната ако не се познава мајчиниот јазик“, вели Меркел во анализата за Дојче веле.
 
Ако некој странец што не не познава го прочита досега напишаното на темава ке добие впечаток дека земјите од истокот не молат да извезуваме кај нив а ние се мислиме дали да извезуваме кај нив....... Па и досега се извезувало на истокот онолку колку што имало производи кои можеле да бидат КОНКУРЕНТНИ таму. Проблемот е во тоа што ние немаме произодство посебно не производство кое е конкурентно на тие пазари каде стандардот на населението е помизерен и од нашиот..... Што ние можеме да понудиме на пазарите во кина? Имаме ли нешто што кина не го произведува или е поевтино од нивното производство? Исто и со другите земји во тој дел од светот кои се во развој. Па таму е најевтината работна рака, најевтините суровини, а со тоа и најконкурентините производи. Ако со такви земји склучиме договори за слободна трговија ние кај нив ке извезуваме по 1 а тие кај нас по 1000. Ке ти увезат евтина роба која ке го закопа домашното производство. Треба да се има во предвид дека кога се склучуваат договори за трговија по тие договори ке извзуваш таму ама и ке ти увезуваат...... Нашето производство најмногу е конкурентно на западот и тоа се пазарите кои како така не одржуваат во живот.... Муабетов како на никој до сега да не му текнало дека има пазари и на исток па сега нас први ни светна сијаличката....
 
НОВ АЗИСKИ ТИГАР
Европејците отвораат бизниси на Филипините
C2999E718D93B546A53521E47E67FD8C.jpg

Додека во европските држави се обидуваат да се изборат со економската криза, некои од нивните граѓани бараат нови можности во земјите во развој, а една од најпопуларните дестинации се Филипините. Хозе Луис Гонзалес отворил ресторан во Манила пред само еден месец откако ја напуштил Шпанија пред самиот почеток на економската криза. Преселбата на Филипините е, како што вели, една од најдобрите деловни одлуки која кога било ја донел.

- Во Шпанија во моментов никој не заработува пари. На Филипини ситуацијата е сосема поинаква, како да зборуваме за две страни на иста паричка. Овде луѓето сакаат да излегуваат, да трошат - вели тој.

Според податоците објавени од владата, филипинската економија во минатата година остварила раст од седум отсто и покрај глобалната економска криза. Некои аналитичари сметаат дека кампањата против корупцијата и цврстата фискална политика, за што е заслужен претседателот Бенињо Аквино, ги зголемиле странските вложувања.

Еден од новодојденците е Фредерик Леви, која се преселил од Франција пред шест години. Тој е основач на една од најпрофитабилните страници за купување преку интернет. Според него, една од најголемите разлики помеѓу Филипините и Европа е надежта.

- Пред две години, првата реакција беше, ако сакам да одам во Азија, ќе одам во Индија или во Kина. Сега во воздухот можете да ја осетите позитивната енергија. Овде 50 отсто од населението е младо, тоа се луѓе што се приспособуваат на промените - вели Леви.

Аналитичарите сметаат дека засилувањето на самодовербата влијаело на подобрување на репутацијата на Филипини во светот.

- На Филипините долго се гледаше како на земја што се разликува од другите од Азија. Но, перцепцијата значително се промени. Многумина имаат позитивно мислење за претседателот, за тоа што прави за својата земја, го сфаќаат сериозно. Резултат од тоа е што сега на Филипини се гледа со поинакви очи - вели Алвин Анг, економски аналитичар.

Но, пред оваа земја стои долг пат и ќе треба уште многу да направи за да ги стигне соседите како Сингапур или Тајланд. Сопствениците на компаниите велат дека многу бавно се одвиваат реформите на економската политика. Некои се загрижени дали економскиот раст на Филипините ќе биде одржлив, но Гонзалес е оптимист. Во Манила му е многу подобро отколку дома, како што вели, барем засега.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8FF637755D511F4C8FD13B5A2C8C1EC4
 
Teшко дека земјите во развој ќе бидат шанса на македонскиот извоз или пак ке бидат некоја движечка сила на нашава економија.
Како прво многу голем хендикеп за нашиов извоз се недоволните или никаквите билатерални договори и договори за слободна трговија кои воопшто ги немаме на пр, Молдавија, грузија, Казахстан итн. Пресложените царински постапки и формалности, увозните дозволи и др бариери го отежнуваат и оддолговлечуваат извозот во овие земји. Конкретно за Турција или Украина имаме договори но немаме можност поради големата конкурентност на нивните производи поготово од металната индустрија, додуша и сите други индустрии. самите турски компании веќе во најголем дел ги освоија Европскиот, застапени се на африканскиот континент , индија..а замислете нашите шанси пак во Турција? Фокусот на нашиот извоз треба да бидат поблиските и економски поразвиени пазари и пазарите со пониски транспортни трошоци кои нема да ја оптоваруваат цената на прозиводот и да ја намалуваат конкурентноста.
Може слободно да си праеме бајрам со паметот на факт е дека освен европскиве пазари (воглавно германскиот и Б . Британија ) и балканскиве тешко дека можеме производството да го палсираме поготово во земјите во развој
 
Teшко дека земјите во развој ќе бидат шанса на македонскиот извоз или пак ке бидат некоја движечка сила на нашава економија.
Како прво многу голем хендикеп за нашиов извоз се недоволните или никаквите билатерални договори и договори за слободна трговија кои воопшто ги немаме на пр, Молдавија, грузија, Казахстан итн. Пресложените царински постапки и формалности, увозните дозволи и др бариери го отежнуваат и оддолговлечуваат извозот во овие земји. Конкретно за Турција или Украина имаме договори но немаме можност поради големата конкурентност на нивните производи поготово од металната индустрија, додуша и сите други индустрии. самите турски компании веќе во најголем дел ги освоија Европскиот, застапени се на африканскиот континент , индија..а замислете нашите шанси пак во Турција? Фокусот на нашиот извоз треба да бидат поблиските и економски поразвиени пазари и пазарите со пониски транспортни трошоци кои нема да ја оптоваруваат цената на прозиводот и да ја намалуваат конкурентноста.
Може слободно да си праеме бајрам со паметот на факт е дека освен европскиве пазари (воглавно германскиот и Б . Британија ) и балканскиве тешко дека можеме производството да го палсираме поготово во земјите во развој


Зависи што подразбираш под производ.

Иначе во Сингапур дур живеев пиев Voda Voda или како се викаше оној брендот на флаширана вода на Дивац... Маде ин Србија. Ија имаше во секој 7-11 во една од најбогатите држави на светот, каде се трошеше ко алва...

Има место само треба да се СРАБОТИ. Како може да извезуваме тутун и вино за кина и да има профит, мед за јапонија итн итн... Металната индустија во МКД е чисто промашување опстанува само ради што го полни пола буџет и дозволуваат да го трујат Скопје за тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom