Здрав живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.059
Дали живееме здраво? Што спаѓа под здрав живот, и колку го применувате?

Според мене, под здрав живот спаѓа

- исхраната
- психичката настроеност
- физичката настроеност

А сега, по ред.

1. Исхраната како дел од здравиот живот.

Научно докажано е дека зеленчукот, и овошјето здраво делуваат на нашиот организам
и се препорачува почесто конзумирање.
Но, што е со мрсната и калорична храна? Нормално, ретко кој може без неа.
Дали ја применувате во нормална количина, или пак создавате залихи кои
Вашиот оранизам ги регистрира како прекуумерени?
Која е според ваше мислење е здрава храна?

2. Психичка настроеност

Дали вашите нервози се чести, или избегавате секаков вид на психичко заморување?
Се тврди дека посетување на стручно лице (психијатар, невролог) е добро за нашето психичко здравје?
Колку често посетувате, и дали сте за или против редовното посетување на стручно лице?
Јогата, кинеските масажи, добри за опуштање, воедно и одмарање на мозокот?
Нормално, време на економска криза, ретко кој може да си дозволи секојдневно посетување на такви центри
но дали го одобрувате мислењето дека сето тоа може добро да влијае на нашата психа?

3. Физичка настроеност

Спорт или компјутер? Дали често ја правиме правилната одлука?
Познато е дека повеќето деца на возраст од 12 до 18 години попрво би избрале компјутер, одколку некаков спорт.
Дали е тоа прифатливо, и како влијае на нашето здравје?

Додадете и сами ваши мислења околу оваа тема.
Прашањето е Дали живееме здраво?
 
добра тема,денес луѓето малку се запозанати дека нивното здравје токму од овие три наведени работи зависи,но модерниот живот некако не дозволува и го запоставува сево ова.....
 
Живеам здраво...делумно.
Тренирам фудбал, чат-пат теретана, конзумирам зеленчук,овошје ....психички многу многу не се замарам.
Е сега, можеби најважниот дел ...со самото тоа што во 04 и 04 пишувам на форумов а за 5 часа сум на факс...кажува дека не живеам здрав живот.
 
.....здрава храна е различно од овошје+зеленчук....
ова можеби важело пред 100 години но денес тешко
...денес единствената здрава храна (ако така може да се нарече) е таа одгледана со сопствените раце....храната што ја купуваме
(дури и таа рекламирана како здрава, природна, органска)...е толку затруена со хемикалии што од здрава нема ни з

....за да се произведе што поголемо количество храна се жртвува квалитетот....храната неконтролирано се прска, се употребуваат хормони, се наводнува со вода од реки и канали ....кои денес по ништо не се разликуваат од канализација....и сето тоа се продава како здрава храна.....

....доколку сакате да се храните здраво почнете да одгледувате сопствена храна....
 
Нека не ве лажат со тоа само овошје и зеленчук, не јадете мрсно и не јадете месо. Тоа се глупости живи. Јас девет месеци не јадев ништо пржено, само пилешко месо варено, мноооогу зеленчук варен и овошје. Резултат - намалени триглицериди под нормалата, а без масти во организмот, не можело срцето да работи правилно, нешто демек се хранеле органите од мастите и им давале енергија. Затоа, не ги слушајте,,паметните’’ јадете си се што ви се јаде, само спортувајте и се ке биде ок.
 
Во прави си за тоа.Човекот мора да јаде секаква храна.Не треба да се претера со мрснотиите ама сепак и тие му се потребни на организмот за да функуционира нормално.Разновидна храна, редовно спорт , читање книги, комуникација со нормални луѓе јас би рекол, забава... отприлика се работите на кои човек треба да ги практикува за да биде здрав во секој поглед.
 
Здрав живот е кога државава ќе ми ги тргне од над глава салонитките кои се 100% канцерогени, а зрачат со децении. И кога ќе ги исклучат од сообраќај во град возилата кои загадуваат (кои "случајно" минуваат на технички), кога ќе ги празнат контејнерите навреме и кога ќе нема мртви мачки, кучиња и глувци (т.е. нивните раскомадани црева) по улиците и по 2-3 дена, додека не се исушат.
Зборот ми е дека не се само исхраната и трчањето здрав живот, макар да и тоа е еден од условите за таков живот. Но околината и раб. место ствараат депресија...а тоа не е ич здраво :)
 
Луѓето за спортување спортуваат но многу ретко кој пази на исхрана јадат се и сешто и пијат премногу алкохол .. А дека спортуваат тоа не ги вади дека водат здрав живот..Како што има погоре 3те работи го сочинуваат здравиот живот не само спортот..
 
Нека не ве лажат со тоа само овошје и зеленчук, не јадете мрсно и не јадете месо. Тоа се глупости живи. Јас девет месеци не јадев ништо пржено, само пилешко месо варено, мноооогу зеленчук варен и овошје. Резултат - намалени триглицериди под нормалата, а без масти во организмот, не можело срцето да работи правилно, нешто демек се хранеле органите од мастите и им давале енергија. Затоа, не ги слушајте,,паметните’’ јадете си се што ви се јаде, само спортувајте и се ке биде ок.

Никој не лаже никого. Има луѓе кои едноставно заборавиле што е зеченчук и овојше... За тие збориме. А нормално дека умереното внесување на масти е здраво.
 
Нека не ве лажат со тоа само овошје и зеленчук, не јадете мрсно и не јадете месо. Тоа се глупости живи. Јас девет месеци не јадев ништо пржено, само пилешко месо варено, мноооогу зеленчук варен и овошје. Резултат - намалени триглицериди под нормалата, а без масти во организмот, не можело срцето да работи правилно, нешто демек се хранеле органите од мастите и им давале енергија. Затоа, не ги слушајте,,паметните’’ јадете си се што ви се јаде, само спортувајте и се ке биде ок.
човекот по природа е сештојад,доволен доказ е се забите кои служат за повеќе намени-имаш катници како преживарите,секачи и песјаци како предаторите во природата.......сепак треба да се припазува што се внесува како што наведуваат некои членови погоре
 
If vegetarians love animals so much, why do they eat all their food?
 
И што кога ќе живеете здраво? Дават медали, зеленки, лајкови, миксери?
Искрено после 70 нема ни да ми се живее, уживајте вие до вашите 80, каде ќе какате у пелени, и ќе ви мијат мишките болничарки.

Fast Food FTW!
 
Се обидувам да живеам здраво, не заради друго, туку затоа што го изгубив здравјето. Сега спроведувам апстиненција од се она што некогаш го консумирав, а не требаше или не го консумирав она што требаше, кога требаше. Така успевам да се будам наутро, благодарен што сум добил уште еден ден живот. И убаво ми е.
 
И што кога ќе живеете здраво? Дават медали, зеленки, лајкови, миксери?
Искрено после 70 нема ни да ми се живее, уживајте вие до вашите 80, каде ќе какате у пелени, и ќе ви мијат мишките болничарки.

Fast Food FTW!
Не мора да значи дека животот после 70та година е ужасен и никаков. Знам случаи каде луѓето и во своите стари години се до смртта биле физички активни, здрави и витални. Тоа што го спомна ти е случај кај болните луѓе, а не се сите стари лица такви...

Онтопик: Здрав живот? Се разбира. Прв чекор кон здравиот живот е психичката решителност. Лицето кое сака да практикува здрав живот мора да биде решено дека навистина ќе се придржува кон навиките, предностите и апстиненциите кои ги носи овој начин на живеење.
После тоа доаѓа исхраната, која игра важна улога во одржувањето на добра линија и состојбата на имунитетот.
И на крај, кога сите не би имале толку обврски и слободното време би ни било поголемо...добро е да се спортува, џогира или посетува теретана.
Ретко кој ги практикува сите 3 горенаведени совети, но добро би било кога барем малку би се придржувале до нив.
Здравиот живот е тајната за виталност, добра форма и "вечна младост".
 
И што кога ќе живеете здраво? Дават медали, зеленки, лајкови, миксери?
Искрено после 70 нема ни да ми се живее, уживајте вие до вашите 80, каде ќе какате у пелени, и ќе ви мијат мишките болничарки.

Fast Food FTW!

Не давале медали и ако си со една рака апчиња, три пати на ден.
Искрено после 70 ... така размислуваат здравите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom