Зборување зад грб?!

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Зборување зад грб?!
Mислам секаде го има ова ама дајте некој начин како со таквите луѓе. Навистина жално и трагично е за нив а понекогаш ми доаѓа просто да “замавнам“ на нив-али зашто да си го нарушувам угледот???
Целта на темава ми е дали некој имал вакви случаеви и како се справувал со нив што на крај испаднал победник?? Луѓе, не се трпат веке-само што си се свртел главна тема си....
 
Тоа го прават само патетични луѓе , кои можат само на тој начин да си утврдат статус у околина и да бидат забележани ..

Кај мене цел живот со вакви се расправам , најчесто се љубоморни , па така сакат да ти нарушат углед и сл . Шо е најитересно , повеќето од работите што ги зборат се невистини , измислици и слични срања ..

Да ги игнорираш не можеш , пошто колку повеќе игнорираш , толку полоши ќе станува .. Затоа начекај момент , плесни му го у фаца пред народ , нека каже зашо тресе против тебе зад грб , а не може коа го гледаш дирекно у очи .. Ќе се закопа у земја , и нема да помисле никад више да јаде гомна за тебе ..
 
Сеуште не можам да сфатам зошто темава е во филозофија и психологија...
Модератори, ќе ја чуваме или ќе ја префрлиме на друго место?
 
Па што ако ти зборат зад грб (освен ако не ти се блиски пријатели) ? Мада кој се тие вистински пријатели кој ти зборат зад грб ? Значи тие се некој луѓе кој најчесто ти љубоморат.
-Мене па никој не ми збори зад грб...никој не ми љубомори :icon_frow
 
абе, у целина нема кој не оговара. ама мислам дека на луѓето навистина и не им е важно кој си што си туку само се наоѓаат у муабет. какви гомна имаат јадено за мене... а ја ко што сум емотивна, да не почињам да ти расправам колку се замарав за тоа :)
а знаеш кој е најдобар начин да не јадат гомна за тебе? да бидеш храбар и да го признаеш се она што си. тоа го глеав у 8th mile. еминем на последното рапување со тој, се си кажа за себе,да тоа и тоа ми се десило. и тој другиот немаше што да јаде гомна, се откажа. пошо овој сам си кажа се.
сеа,ти дадов пример. ама така е. мене не ми се пружило прилика да го напраам тоа. ама се спремам :)
а и на крај краева, кој ги е*е сите... ти си знаеш најдобро кој си што си и они што сакаат нека кажат,нема да ја променат вистината за тебе.
поздрав и не се замарај :)
 
Типични лицемерни суштества се тие...ти се прават пријатели а зад грб зборуваат се и сешто.Имам такви другарки (дали можам да ги наречам така)
Центар на озборување во нивниот НЕинтересен живот...Немаат друга попаметна работа.Ама важно кога се завртеш сите си кутаат:D
Се замарав порано,но сега си свиркам и баш ми е гајле.Ова е слободна држава и секој може да прави што сака и да збори.Тие си губат време.
 
Бричење стап.......
 
Чим ми зборат значи вредам.:toe:
 
Зборување зад грб=озборување... да се одважам да кажам: сите го правиме!
Има некој што не го прави?... Го нарекувам лажго!
За мене најбитен е мотивот на озборувањето, знам дека тој е почесто злонамерен отколку дескриптивен...
Како со таквите луѓе? Никако! Бидејќи тоа е дел од културата... мора некого да накривиме за грешка или добра работа... мора на некого да покажеме со прст (иако сите ние ги правиме истите грешки или добри-дела).
Сум имал такви искуства, повеќето биле негативни... (за некои и незнам, иако се случиле по дефиниција)...
пример: Мој `пријател` кој беше заинтересиран за иста девојка со мене, рашири глас дека јас сум се обложил дека можам да ја `легнам` девојката за една недела (знам дека изгледа филмски- ама така беше)... јас никогаш не ја `легнав` девојката... ама, од кога разбрав за озборувањето, со мојот `пријател` сега сум само познаник...
Не гледам начин како тоа може да се искорени, може да се игнорира- но секако е штетно... што и да направиш друго влегуваш во играта во која секако ќе изгледаш како негативен лик!
 
фала ви на сите што горе-долу напишавте по нешто....ке се задржам на последниот пост од нонтеизам-слични работи и мене ми се случуваат, ако се дружиш со некоја повеќе тогаш се наоѓаат некои фаци љубоморни што те ставаат центар на нивниот неинтересен живот како што кажа рубинред и се појавува една ситуација во која никој не е способен да се справи. `фацата` почнува да вади муабети ко што викаат старите од обичен конец јаже ке направи, почнува да кажува невистинити работи на тие кои им значиш и ти значат, во секој негов/нејзин муабет си главна тема а уште полошо е што кога си со него/неа ти се прави светец. А тоа што кажа МИЛОБИЛДЕРЧЕ стварно пали :) кога ке му го плесниш во фаца пред други и колку е само убаво чувството кога гледаш како поцрвенува од срам, бара изговори, почнува да се буни во зборувањето и на крај сам се обвинува несвесно. Поздрав
 
Сосема нормално е - имам пријатели от 10 години, кои зборуваат зад грб ми, но не ми гајле.

Секој си има добра и лоша страна.
 
секој еден човек зборува зад грб. еднаш, двапати важно секој има зборувано зад грб. и најдобриот другар 100% ти има зборувано зад грб, а после пред тебе другар и пол ти се прави :jaj: и вие горе што се занесувате и вие имате зборувано за некого. ама лошото е што ова зборување зад грб за некого е како воздухот што му е потребен така и ова му е потребно. луѓе без работа :toe: кај мене в комшии има со лопата да ги збираш
 
секој еден човек зборува зад грб. еднаш, двапати важно секој има зборувано зад грб. и најдобриот другар 100% ти има зборувано зад грб, а после пред тебе другар и пол ти се прави :jaj: и вие горе што се занесувате и вие имате зборувано за некого. ама лошото е што ова зборување зад грб за некого е како воздухот што му е потребен така и ова му е потребно. луѓе без работа :toe: кај мене в комшии има со лопата да ги збираш

Дека секој човек зборува за некого зад грб тоа е дел од нашиот секојдневен живот:toe:Ама неможам да сфатам некои личности(Да речеме другари мои)секој пат кога ќе излеземе заедно нон-стоп све исто зборуваат види го овој види го оној каков е.И буквално цело време ќе ти тера муабет за тоа:uvo:И можеш само да замислиш колку само се лути кога ќе му го плеснеш влице да престане да оговара ама ѓабе е утре пак ќе ти збори исто и што е најтрагично другите околу него се прават демек тој е правиот а ти си дволичниот:nesvest:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom