Озборување. Не викам дека не ми се случило и мене да озборувам, ама тоа што го кажувам, и го кажувам и на личноста, која ја озборувам.
Додуша и не озборувам јас, само сум искрена за некои работи, но ете некои го сфаќаат како озборување.
А за личности кои водат озборувачка-шема живот, познавам и јас, и ги нарекувам сателити. Поздрав сателитчиња, во случај да си се препознаат, бидејќи се уникатни.
Тие мои сателитчиња, ги имаат сите достапни информации за секоја личност. Просто се чудам како имаат толку меморија?!? А и како не им е досадно да се мешаат во туѓи животи?!?