Ми се има еднаш случено да зборам во сон, јес да тоа беше комбинација од месечарење и зборување.
Бев со моите на одмор во Охрид, не знам зашто во сред ноќ ми текнало да станам, да отидам во дневна и да си седнам да гледам филм со моите.

Некое време бледо ме гледале и на крај ми кажале да одам да легнам и знам дека следното утро се разбудив во нивната соба... добро, барем сум стигнала до кревет и не сум се лупнала во ѕид.
Еднаш пред да заспијам зборував по телефон со маж ми, а препрепрепремногу ми се спиеше. Го прекинавме разговорот и јас си заспав и после некое време почнав да си зборам “Мило, можеш да ми го исклучиш мобилниот ти“ ( си го заборавив кај него дома ) и чекам, чекам, чекам... нема одговор и се освестив и сфатив дека муабетот е одамна завршен, а јас само во празно си зборам.
Одамна, кога делевме соба со сестра ми, бидејќи и беше страв доаѓаше кај мене во кревет. Одеднаш осеќам нагло станување и нормално се расонив да видам што е работата и сестра ми ја слушам почнува да збори за крокодили и да плаче. Јас демек да ја утешам, ама ништо. И после некое време кога заврши со викање- си легна и си продолжи да спие.
Еднаш почна да се кара со некој и на крај си ја мавна главата од даската од креветот и си продолжи да спие.
