Зборување на мајчин јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
По татко сум хрват,пo мајка македонец и цело време со сите зборуваме на македонски.Хрватски одлично го владеам,но дома не го користиме.Дури ни со дедо ми кој е баш од Хрватска и таму растен и роден и ги поминал првите 20 и кусур години таму(за разлика од татко ми што е само таму роден и поминал месец-два после раѓање таму) многу малце зборам хрватски.Само некој израз ретко ми се убацува во зборењето бидејќи на интернет следам најчесто хрватски сајтови и форуми и на нет доста комуницирам на хрватски и преведувам доста работи, па понекогаш знае да не ми текне зборот на македонски и да го употребам на хрватски.
 
Низ дома (па и низ надвор) зборуваме на западномакедонски дијалект, а во јавност македонски литературен Љазик:) демек културни сме
 
Само на француски со мајка ми..:ROFLMAO:
 
Јас во јавност (мислам кога сум во Скопје) зборувам литературно, а кога сум во Тетово зборим на мојот мајчин јазик тетовски :)

Знам дека ова е кажано од шеговит аспект :)
Темата е за јазици, а не за дијалекти.
 
Како мала зборев српски. Тогаш баба ми, која беше србинка, ме чуваше и бидејќи најголем од делот го поминував со неа, почнав и јас да зборам на српски. После кога појдов на училиште се изгуби тоа, ама и ден денес ми се случува да убацам некое зборче на српски. :)

А од овие српски фамилии што ги знам дел си зборат на српски, а дел на кумановски.
 
Кај нас мајка ми си збори босански со баба , тета ,вујче и сите нејзини роднини (босанка е) ... Понекогаш и со мене , но тоа е повеќе на шала ... Мн ме нервираат и ми се непријатни коментарите од типот : ,,цел живот е во Македонија , не збори македонски,, ... Секој си има право да си збори како сака ... барем по дома :)
 
Така де, тие коментари се донекаде оправдани ако надвор од дома со комшии, продавачки итн не збори на Македонски, а по дома нема што да се меша било кој :)
 
ако надвор од дома со комшии, продавачки итн не збори на Македонски, а по дома нема што да се меша било кој :)

Да со сите останати освен горенаведените си збори Македонски ... али на некои дефинитивно им пречат глупи нешта ... Да си имаат занимација де не за друго :)
 
Па јас и немам на кој друг јазик да зборувам по дома освен Македонски, сите сме Македонци.
Но, со сестра ми најчесто зборуваме англиски по дома, и на 6 години веќе одлично зборуваше. Сега учи и руски таа, па нас не учи руски да зборуваме :)
Со мајка ми зборувам исто англиски, кога не сакам татко ми нешто да разбере :)
 
По татко сум хрват,пo мајка македонец и цело време со сите зборуваме на македонски.Хрватски одлично го владеам,но дома не го користиме.Дури ни со дедо ми кој е баш од Хрватска и таму растен и роден и ги поминал првите 20 и кусур години таму(за разлика од татко ми што е само таму роден и поминал месец-два после раѓање таму) многу малце зборам хрватски.Само некој израз ретко ми се убацува во зборењето бидејќи на интернет следам најчесто хрватски сајтови и форуми и на нет доста комуницирам на хрватски и преведувам доста работи, па понекогаш знае да не ми текне зборот на македонски и да го употребам на хрватски.
Same here.
Само што место, хрватски, кај мене се работи за српски :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom