Зборови кои нервираат

  • Креатор на темата Креатор на темата Љупка
  • Време на започнување Време на започнување
Најмногу мразам коа на некој му зборуваш нешто и тој ке каже ``И шо сеа``
 
mnogu me nervira koga nekoj ke mi rece MORI ili MA auuuu:nerv::nesvest:
 
избедиран,срцка незз имаше многу порано ама некако се навикнав да ги слушам секој ден
 
Нови зборови на листата(поточно, новочуени чкарт термини)

- лагирање (втф?)
- тамански (како да кажеш таман е правопропорционално со кревање 100 кила товар)
- бедирање (и ова втф?)
- флешови (ова па ептен втф?)
 
Секако веќенаведеното ПЕЕР, братанче, ТОП како израз за нешто што е супер :nenene:
сељачкото ’да ти е*ам’ после секој 3 збор...фурање, кисче, цунка, гушка.... Сакатење на зборови еј!
До бескрај можам да наведувам :toe:
 
Шлаам


Се ежам од зборов!
 
Независно, аналогно...

Или пиши или излеви ај излеви.

Пеер, топ, да те еем, педерче...
 
Секој збор кој не е вообичаен и наеднаш масовно се користи за да се излезе паметен и несекојдневен.Чудно,заменуваат многу зборови кои се посоодветни во контекст,а сепак се излегува несекојденевен. Шити.
Скоцкано ми паѓа моментално на памет.
 
Пер
Бедирање
Ме маваат флешови
И шо сеа
Бот
 
Ги има повеќе али у моментов:

-сумЉа: значи, македонскиот збор е „се сомнева“, а србизмот е „сумЊа“.. коа више користиш србизми, користи ги правилно
-ваЛда.. неее, веројатно! Или ако толку сакаш србизми - ваЉда..
- боље, побоље (ВТФ?).. тоа му доаѓа ко поподобро.. и сите варијации на тој збор кои не се менуваат по род. На пр. Девојка ми е боље од твојата. Татко ми е побоље.. и сл.. знааачиии.. или девојка ти е бољА, или е подобра (што е и најбољи :) избор)... а и „боље“ ми звучи ко бојлер, и ме потсеќа на зеље, а мрзам зеље и ете причина плус да не го сакам..
- ТОП кој е погрешно сфатен и некои мислат дека е артилериското оружје, па затоа и добил множина ТОПОВИ, или топоини (масивни топиви :smir: ), и варијации - „тенк“ - „тенкови“ (пр. tenk4inja ste na slikava dajmimsn... и тука ми набива комплекс на дебелина :( )... значи кога коментирате на хајфајв, топ = врв, обратно од ботом, а не е топ за пукање, и не, нема множина, ниту пак било каква врска со тенк...
- „копиле“ затоа што е „ко пиле“ а не сакам птици
-„хефталица“ и „захевтување“ затоа што звучи многу страшно, и ме лазат морници од самиот процес на захефтување..
- МА.. коа некој ќе ми ги каже тие 2 букви, ми иде да му ги вдлабнам на кожата од задникот со вжарени жигови.. подобро да ми каже мори, отколку тоа МА...

пеер не ми смета толку, затоа што и јас несвесно го користам.. секако во смисла на „пријателче, другарче“ (англиското пир) а не на „педер, како хомосексуалец“...

сеа се сетив.. и ДОМАТИ.. тоа ми е како ДОМА! ТИ!... и не ми се допаѓа :(
 
Шо ти е??


од контакт ме вади зборов...
фала богу ако сум весела нишо не ми е, ако сум намуртена нешо ми е ама ако сакам ќе кажам без да ме прашет ШО МИ Е!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom