Македонија сеуште не е поделена дефакто, затоа и велам надежта последна умира. Мораме да се консолидираме и да веруваме во МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ. Проблемот на контролата на територијата не можеме така лесно да го дефинираме и да се обвини Груевски. Груевски има најмала историска одговорност по однос на ова прашање, сега за сега. Како резултат на повеќедецениската демографска, национална и економска политика на Југокомунистите во Македонија, огромен број на македонско население емигрираше. Сите социјалистички експерименти најревносно беа спроведувани во Македонија (колективизација, експропријација, селански задруги итн.). Додека останатите ЈУ републики се штитеа од доселување на население Македонија дозволи масовен прилив на немакедонско население од Албанија, Косово и Санџак. За тоа време нашите браќа од Беломорјето ги нарекувавме со погрди зборови кои што сеуште се во употреба од типот Егејци, небаре тие не се Македонци. По осамостојувањето за потребите на изборите во 1994 се дадоа 140000 државјанства на Косовари кои се селеа во Македонија, под притисок на режимот на Милошевиќ. За истото тоа време илјадници млади ја напуштаа земја како резултат на последиците на транзицијата и приватизацијата на неокомунистите. Со тоа се направи демографски дизбаланс, кои беше официјализиран со предавничкиот Рамковен договор (потпишан од Љубчо и Бранко) од кои произлегуваа и сите дополнителни отстапки. Обидот да се консолидираат редовите со Референдумот во 2004 година пропадна под притисок на тогаш владејачката СДСМ и страшниот медиумски притисок од конторолираните медиуми и НВО петтата колона. Она што го очекуваме од Грујо е да обезбеди владеење на правото над целата територија на Македонија.