Што се криви судиите?Гадни Француски судии![]()

Судењето беше солидно...
Победи посреќниот, иако кој и да победеше немаше да биде незаслужено. И двете екипи одиграа добро, и двете екипи досега ги надминаа своите очекувања и не смее ниту Норвежаните да бидат разочарани. Евидентно беше дека и двете екипи се истрошени до максимум, па иако гледавме интересен и неизвесен меч, сепак изобилуваше со многу технички грешки, особено кај Германците.
Секогаш сум ги мрзел Германците, ама оваа нова нивна генерација некако ми ги привлече симпатиите, без разлика што ни требаше нивна победа, и без тоа ќе навивав за нив денес и ќе типував на нивна победа. Да не заборавиме дека играат без можеби двајцата најдобри бекови во репрезентацијата. И без тоа ја елиминираа Данска, а сега и Норвешка и се пласираа во финале. Се чинеше дека Норвежаните го имаат мечот во раце, ја забрзаа играта, поведоа со 2 гола на неколку минути до крај, имаа разбранет голман, а Германците беа безидејни во нападот и се вадеа само со шутеви од далеку во индивидуални акции. Кун зема преголема одговорност, се скапа шутирајќи. Постигна многу важни голови, меѓутоа имаше и неколку акции кога ептен силуваше и немаше никаква логика да постигне гол. Промашувањето на минута и нешто до крај, од мртва ситуација во зачетокот на нападот, можеше да го направи трагичар на мечот. Потоа превзема Хефнер и Германците изнудија продолжение. Имаа и малку среќа во финишот, кога Норвежаните утнаа еден зицер. Се очекуваше израмнета завршница, а Германците како што кажав со голема упорност го добија мечот.
Многу исцрпено ми делуваат, се мислам дека Шпанија ќе ги распали и Хрватите и нив во финалето и рутински ќе го освои првенствово, иако не импресионираа досега
