Заврши школска година, сега што?

  • Креатор на темата Креатор на темата The G-Man
  • Време на започнување Време на започнување
школската година заврши, а со неа воедно завршија сите проблеми:toe:
сега уживање, пливање, одмор, забава, гледање Тв , компјутер и што уште не ( само што касно ја видов темава сега сме речиси на среде од одморот )
 
и сега моли се да не почниме пак од септември во аушвиц упм..:pipi:
 
сега уживај додека можеш
оти на тромесечие ќе викаш ах тоа лето
 
пи и не толку страшно у школо бе :)
 
Е ама сега тие што завршија и овде постираа пред 4-5 години,а беа тогаш
осмооделенци или среднисти,сега треба да се завршени дипломци,
бидеиќи е сега крај на школската 2013 година.
Па ајде јунаци јавете се кој каде завршивте и каде бевте овие 5 години.
 
Анчо ме остави без спиење со стариве теми :D
Иначе 10ти Јуни во добар дел од животот ми беше омилената дата, човече колку ми олеснуваше кога ќе дојдеше летото, нема родителски на кои професорите те кењаат пред твоите дека имаш изостаноци па понекој кец и двојки (ова претежно средно), осмолетка притисоци да учиш за кога ќе пораснеш да не шиткаш весници пред семафори и сл. Па после 10ти Јуни следат 3 месеци во кои буквално си 24 часа слободен да правиш што сакаш, фудбал играње, крадење сливи кајсии и сл. по околните дворови, седење до сабајле надвор или пред тв и немаш никаков приговор од домашните :D При крај на средно не ми беше толку омилена дата 10ти Јуни, почна да не ми се завршува средно... ок 4та на 20ти Мај завршивме а 3та си ја продолжив, математика ме остави на полагање :pos:
8 години поминаа како завршив средно и од денешен аспект би се вратил на тие години со кеиф :) И факултетот беше ок ама средно не се заменува, бар за мене.
 
И лето ќе ми здосади. И така последниве недели ми е поопуштено.
Сакам ново, вака знам што ме очекува. Кратки излегувања, цели ноќи на компјутер и цел ден дома - дека нели многу топло било. Само нека почне нешто ново, да се радувам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom