Zastava 101

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е во 2008. Еве нешто повеќе


Од монтажната лента на фабриката „Застава автомобили“ од Крагуевац денеска излезе последниот автомобил од моделот „Застава 101“, заведен под бројот 1.045.258.

„Со тоа е завршено производството на основна програма на автомобили во „Застава“, која од 1953 година, па до денеска, произведе нешто повеќе од 4,1 милиони автомобили, од кои околу 650.000 се пласирани на пазарите на 76 земји во светот“, изјави заменик директорот на „Застава“, Дејан Марковиќ.

Производството на „Застава 101“ почна во 1971 година и две децении подоцна произведен е милионитиот автомобил од тој модел, кој важеше за „семеен автомобил“. Во 1981 година „Застава 101“ е прогласен за автомобил на деценијата. Две години порано остварена е рекордно годишно производство на „стокецот“, кога од монтажната лента се симнаа 88.918 возила.

Во фабриката „Застава автомобили“ неодамна беа произведени и последните модели на „Југо“ и на „Флорида“.

Досега вкупно се произведени 1.273.532 модели „Скала“ („Застава 101“ и „Застава 128“), а последниот „Застава пик-ап“, кој се произведува во фабриката на „Застава“ во Сомбор, е нумериран под број 108.548.

Најголем извоз крагуевачка „Застава“ оствари во средината на 80-тите години на минатиот век, кога на пазарите во САД беа пласирани 147.000 автомобили од марката „Југо“.

Во погоните на „Застава“ се произведени и 923.487 модели на „Застава 750“ („Фиќо“), како и 202.160 модели на „Застава 1.300“ и „Застава 1.500“, чие производство е одамна завршено.

Рекордна година во историјата на „Застава“ е 1989 кога се произведени 220.000 автомобили. „Застава“ тогаш имаше 53.337 вработени, а во нејзиното производство биле вклучени 280 претпријатија од 130 градови од поранешна Југославија.

Во погоните на крагуевачката фабрика се произведени и 2.620 модели на автомобилите „Уно“, а „Застава“ имаше и „дополнителен програма“ за автомобилите познати како „Пегличка“.

„Застава“ низ целиот свет пласирала 644.520 автомобили од сите модели. Во Велика Британија се извезени 69.932 автомобили, во Полска - 72.892, во Грција - 58.400, во Италија - 19.902, во Унгарија - 28.344, во Франција - 25.697, во Германија - 16.100, во Кина - 2.014, во Белгија и Холандија - 29.901, во Шпанија и Португалија - 4.471 и во Сирија - 2.473 автомобили.

Прекинот на производство на основната програма на „Застава автомобили“ е предвиден со договорот меѓу Владата на Србија и „Фиат“, кои го основаа заедничка компанија, која во почетокот на 2010 година ќе почне со производство на нови модели на автомобили во погоните на фабриката во Крагуевац.
 
еве нешто и од you tube
инаку интересен факт најпродавам автомобил во Аргентина од 1975 до 1985 година се уште има модификации од истиот
 
ajka.jpg


:oeoeoe::zver:
 
Абе нај зачуваниот стокец од 74та го имам...здравје могуче и ја да го напраам ко овие горе...:vozbud:
 
Еве една тема од 2007ма, за жал видеата на темата не се повеќе достапни на Јутјуб.
 
еве нешто и од you tube
инаку интересен факт најпродавам автомобил во Аргентина од 1975 до 1985 година се уште има модификации од истиот

Едно време во З-101 во Крагујевац се ставаа мотори кои доаѓаа од Аргентина. Тоа беа најаките мотори кои стандардно одеа во стокецот т.е. 1290 кубици и 73 КС со остра брегаста и дупол карбуратор
 
не бе не... колку пати и да видам “среден“ стокец, неможам а да не се изнасмеам, колку штуро ми изгледа... колку е беден и од надвор и од внатре... конзерва, па и на нејзе е штедено дури и на штрафови... џабе му е ролбар, џабе му се рикаро седишта, џабе му се добри бадажи, џабе е се... не го личи и тачка... долго време се обидував себеси да се убедам дека од него може бесно нешто да излезе... дозволував и други да ме убедуваат “со аргументи“ дека може... е па не може... не сум убеден...
 
онак респект за постот јас само би го додал и југото тука :)

а мене упорно ме убедува еден другар дека неговиот 101 оди ни помалку ни повеќе туку 180 без проблем хаха а и кај мене во двор стои еден 101 така да добро знам што марка се тие возила ама неможам стално да се карам со него и го оставив веќе не му одам контра така да пазете се од тој 101 ако ве начека на автопат... т.е. на регионалниот кон светиниколе качил толку а на автопатот може и 200 ќе минел лол :)
 
На другар ти километражата од 60 да не му почнува :) Ја мислам дека едноставно не вредат парите вложени пример во стокец или југо.. Ок за мерак, пример добро сочувана, ете малце спуштена и добро бандашче, ама повеќе од тоа е лудост. Пак уште ко ќе видам лепенки, озвучења забегани и такви глупости.. бегај.
 
не бе не... колку пати и да видам “среден“ стокец, неможам а да не се изнасмеам, колку штуро ми изгледа... колку е беден и од надвор и од внатре... конзерва, па и на нејзе е штедено дури и на штрафови... џабе му е ролбар, џабе му се рикаро седишта, џабе му се добри бадажи, џабе е се... не го личи и тачка... долго време се обидував себеси да се убедам дека од него може бесно нешто да излезе... дозволував и други да ме убедуваат “со аргументи“ дека може... е па не може... не сум убеден...

Од кога смена ставови или само за 101, а не за 128... се однесува муабетот? :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom