Zastava 101, Zastava 128 или Zastava Yugo?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Возраст
39
Што би одбрале вие?

Zastava 101
imag0027px8.jpg


Zastava 128
89-zastava-128-side.jpg

Zastava Yugo
25320060049ds.jpg


Знам дека Југото е нај спортско од сите (изглед), моторoт им е ист (освен Yugo 45 кое е најслабо и во некои работи се разликува од 55,60,65 мотори и менувачи кои се потполно истите кај 101,128,Fiat Uno,Punto(прва генерација),Croma, т.е сите Fiat SOHC и Lancia SOHC мотори), но кое е според вас најдобрата Застава?

Да земеме СЕ во предвид.

Според мене е Zastava 128. Таа е потполно оригинална како што FIAT ја конструирал. Југото и 101 се нејзини деривати, па со тоа и не толку квалитетни. Се до 2000 година (покрај Флоридата), 128-ката посебно до 1988 година беше далеку подобра и од 101 во смисла на материјалите кои се вградуваа во неа. Таа година и во 101 почнаа да ги стават истите материјали.

Инаку за информации, Застава 128 е иста со Fiat 128 Europa моделот, бидејки првиот Fiat 128 беше повеќе сличен со Z101 (лимарија) ...

Еве за пример

Fiat 128
1970.jpg


Fiat 128 Europa од 1977 година
krzysiek01.JPG
 
Највеке ми праи мерак Југото од овие тука..
Плус новиов модел...
rentacar-yugo.jpg

...така да јас би одбрал Југо...
 
Од овие, 128 е одличен според мене. Ја имаш брзината на југото, ама имаш многу поголем комфорт и секако, основното - багажникот. Петок навечер се тркаш на семафор, со трета 80, а сабота сабајле со скарата, гајбата Скопско и столчињата на отварање на плажа. Мераци.
 
Најквалитетно изработена Застава на сите времиња е 1300/1500.
Најдете примерок од нив на кој вратите не му се затвараат како првиот ден?А? Тешко...
Инаку, од овие, дефинитивно 128.
 
Андроник напиша:
Од овие, 128 е одличен според мене. Ја имаш брзината на југото, ама имаш многу поголем комфорт и секако, основното - багажникот. Петок навечер се тркаш на семафор, со трета 80, а сабота сабајле со скарата, гајбата Скопско и столчињата на отварање на плажа. Мераци.
да не се повторувам.
 
Можиш и од друга италијанска кола да ставиш обртомер...
Инаку ти зборуваш за 1300 Special (оти обичните 1300-ки немаа обртомер) со 75КС. Такви беа цајканските 101.

Еве еден овај е мислам од Fiat 128 Sport (колата е 101)

picture2134ly.jpg


Еве од Алфа Ромео 75
(Dzish исто како на Mini Morris-от од Pazar3)
kmsatpx0.jpg


Еве го истото на Mini Morris од Скопје
7016.JPG


Btw овие погоре се 101 од Босна! :)
 
Што мислите за оваа 15 минутна обработка во Photoshop...

Како идеа за фарбање на 128...
Сакав цела црвена..ама многу е честа таа појава...

spustnaqb9.jpg
 
Кога бев мал имав идеја да направам кабрио верзија од мојата 128... Којзнае, еден ден ако имам доволно пари и време.
 
Андроник напиша:
Кога бев мал имав идеја да направам кабрио верзија од мојата 128... Којзнае, еден ден ако имам доволно пари и време.
Најмногу желба. Ако имаш желба полека полека се ке се направи :)
 
Ајде Волкси еден фотошоп од полскава застава како кабрио...

Имав многу слики цртани со молив како скици од фабрика додека бев основно, на часовите по хемија поинтересно ми беше да се расправам со овој "проблем", уживав во замислата на вакво нешто...

Ќе биде интересно ама и малку чудно веројатно. Ќе треба гаража, не знам како ќе се оствари да се направи кров, од полиестер, или платно, ама нема да биде тоа тоа.
 
Највише ми се свиѓа Југото. Кај 128 ме нервираат задните седишта кои се издигнати и многу незгодни за седење.
 
128 портокалово исфарбано, и мат црна хауба и поклопец на багажникот. Нема браници, спуштено, алуминиумски бандаши некаде од 70-тите и добиваш закон кола!
Немам поим од работа во Фотошоп или сл., ама знаете на што мислам, нели?
 
23214234fm3.jpg


Еве од друг агол :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom