Заради профит Реал го избриша крстот од грбот

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Локација
Охрид
Веб-сајт
kladilnica.forumup.com
real_madrid_krst.jpg

Реал Мадрид со цел да ја зголеми својата популарност кај навивачите со муслиманска вероисповест се одлучи да го избрише крстот од своето лого. Реал Мадрид потпиша договор вреден милијарда евра со Обединетите Арапски Емирати за изградба на првиот спортско туристички тематски парк на вештачки остров, Но за возврат кралскиот клуб мораше да го избрише крстот од својот грб.

Реал Мадрид го носеше крстот на грбот од 1920 година, кога кралот Алфонсо XIII го прогласи клубот за кралски.

Челниците на Реал Мадрид се одлучиле на ваков потег за да избегнат евентуални недоразбирања и потенцијални конфликти во регионите каде мнозинството од населението е муслиманско, пренесуваат шпанските медиуми.
 
Аман бе, и тема ли отворивте... !? :cautious:

Јас мислам дека за маргинални работи воопшто не треба теми да има. А камо ли за некои тривијални муабети кои не се потврдени за тие маргинални работи.
 
Ќе биде избришан само на дресовите кој ќе се шиткале во Средниот Исток :icon_mrgr:
Муслиманите неможеле да си дозволат да носат облека на која имало крст :pos:

За дресовите во Македонија сакам сонце да има. Несакам крст, сонцето нека стои горе.
Во Албанија место крст ќе ги шиткаат со двоглави орли:icon_lol:
Што е следно што големите клубови ќе го направат за пари?
Божем малку пари имаат :facepalm:
 
Не е маргинална темава. Иако логото изменето без крст ќе се продава само во арапскиот свет, сметам дека е срамно. Ќе носат фалс дресови, такви какви што немаат играчите.

P.S. Мухамедано Роналдо потпиша нов договор со Емирскиот клуб Реал Мадрид.
 
И ова да се знае:
Претходно и Барселона го избирша крстот од своето лого на дресовите и сувенирите кои ги продаваат на Блискиот Исток за да ги задоволи барањата на нивните навивачи од овој регион.
off.net.mk-5159.jpg

http://off.net.mk/offside/fudbal/real-madrid-go-izbrisha-krstot-zaradi-muslimanite

..
 
Јас мислам дека за маргинални работи воопшто не треба теми да има. А камо ли за некои тривијални муабети кои не се потврдени за тие маргинални работи.
Маргинална работа??Крстот е избришан од амблемот и тоа е маргинална работа.И пази избришан е за да не се навредувале муслиманите.Па тогаш Саудиска Арабија кога игра мечеви во христијански земји нека ја избрише полумесечината од своето знаме.
Поентата е дека се одкажале од крстот за да заработуваат повеќе пари.
 
Добро, може имаше шега во мојот пост во кој Реал беше „маргинализиран“ а тргањето на крстот беше „тривијализиран“ потег. Којзнае.
 
it's not f*cking middle age ебаго...

Земјотрес у Индонезија и опасност од цунами, овие ми отвараат теми за менувањето на логото на Реал Мадрид... :facepalm:
 
Го избришале и Реал и Барса поради профит, исто како што на времето Шумахер го избриша Малборо кога продаваше маици во земјите со муслиманска вериосповед. Нема што да се водат дебати на темата. Спортот е профит.
 
Па ако е спортот профит тогаш еве нека им дадат на екипите на Барса и Реал по една милијарда евра,ама играчите да не пробаат свинско месо до крајот на живот.Или уште по милијарда,ама играчите секое утро да молзат по 3 камили.
Спорот е профит точно.Ама за профит да се откажиш од крст,нешто што е симбол на клубот од формирањето.
 
Крстот од амблемот е крстот од кралската круна, заради тоа е познат и како Кралски Клуб е сега после овој потег мислам дека е време за нов прекар...еве јас дадов предлог Емирски Клуб :-) Или Профитери :-)
 
И ова да се знае:
Претходно и Барселона го избирша крстот од своето лого на дресовите и сувенирите кои ги продаваат на Блискиот Исток за да ги задоволи барањата на нивните навивачи од овој регион.
off.net.mk-5159.jpg

http://off.net.mk/offside/fudbal/real-madrid-go-izbrisha-krstot-zaradi-muslimanite

..

Како и да е поткрепа за менувањето на крстот на Реал Мадрид сретнав во неколку наврати по интернетов, но за Барселона освен статијата на оффнет, не видов никаде...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom