Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.177
- Поени од реакции
- 4.133
- Локација
- Охрид
- Веб-сајт
- kladilnica.forumup.com

Реал Мадрид со цел да ја зголеми својата популарност кај навивачите со муслиманска вероисповест се одлучи да го избрише крстот од своето лого. Реал Мадрид потпиша договор вреден милијарда евра со Обединетите Арапски Емирати за изградба на првиот спортско туристички тематски парк на вештачки остров, Но за возврат кралскиот клуб мораше да го избрише крстот од својот грб.
Реал Мадрид го носеше крстот на грбот од 1920 година, кога кралот Алфонсо XIII го прогласи клубот за кралски.
Челниците на Реал Мадрид се одлучиле на ваков потег за да избегнат евентуални недоразбирања и потенцијални конфликти во регионите каде мнозинството од населението е муслиманско, пренесуваат шпанските медиуми.