Ојооо е time-waster. Ќе окапеш за ич пари. И што е најважно, со месеци има финансиски проблеми и исплаќа селективно, претежно на golden members. Да дремам 30 секунди на таб и да цртам 10 круга со маус (пошто не бил ебено перфектен), за све тоа да заработам само 0.001$ и на крај да не ме исплатат? Не, фала.
Сакам да ти кажам конкретно за Paidverts. Да и на Paidverts ќе заработиш добра пара и без инвестиција за месец дена, али тие поени што ќе ги собереш после месец дена ќе почне да ти ги голта ненормално, значи може ќе се деси и да ти лапне наеднаш 2000, да ти дае јака реклама (0.9 рецимо) и после кликај месец дена секој ден збирај по 200 BAP, и ќе ти дава реклами од по 0.0005 и автоматски ти ги лапа сите 200 BAP за тој ден.
Во никој случај не може да ти земе повеќе BAP од вредноста на рекламата. Јака реклама само значи дека побрзо си ги конвертирал поените во пари (што е и поентата, и кон што секој се стреми). Е сега, што ќе правиш со тие пари е твое. Факт е дека од тие 200 BAP дневно не се живее, ама затоа секој потрошен долар ти дава 3100 BAP, што е 1.55$.
На почеток стварно не се исплати да кликаш милиони реклами по 0.0005$, ама тоа е основен дел од принципот на
Paidverts. Плус, и не е така страшно да ги искликаш, пошто можеш во нов таб да праиш што сакаш (да работиш на Microworkers или Crowdflower, на пример). Паметно е да не купуваш никакви апгрејди, особено не recycler-от, за да не те преплави со ситни реклами. Единствено што треба да правиш за почеток е да го потрошиш секој долар на купување на нова реклама, и така додека не собереш 10 долари. Со нив купуваш ad-blocker и местиш 0.01 за минимум, е тогаш сфаќаш колку многу повеќе плаќа Paidverts од сите други ptc страни. Ова е мојот рецепт, ама важи само за тие што имаат вишок време и трпение. За другите, мислам дека 15 долари инвестиција за почеток ќе заврши работа, со тоа што прва работа што треба да се купи е ад-блокерот. Recycler и тоа како вреди откако ќе поставиш минимум, ама претходно, никако (освен ако не планираш цел ден да седиш и да кликаш реклами).
Вака или така, ако си малку упорен, Paidverts преоѓа во убедливо најплатен PTC сајт, а тоа се должи на тоа што има неверојатно добра шема за несвесно да ги изигра невнимателните. Тие 1% апгрејдите се за понатаму, кога ќе почне да ти остануваат долари на страна, пошто не ти носат директна плус добивка, туку служат како катализатор на конверзијата од БАП во пари.
Уште еднаш ќе кажам, ако кликаш или решиш да кликаш на птц страна, прва треба да ти биде
Paidverts, и ова го зборам искрено, како што ги објаснувам и негативните страни на кои треба да се пази.

Еве, со купен ад-блокер, recycler и некои 68.000 BAP (што ги купив со комисиите од DonExo). Ги купив пред 3 дена, а од тогаш веќе имам 5.5$ долари во баланс.